Сакам да готваам Не сакам да идам утре на факултет,убаво ми се погоди цел месец дома и сега малце тешко ќе ми биде
сакам вечер да излезам со другарките и добро да се забавуваме . Не сакам некој да ни ја уништи забавата ( рација).
Сакам да ми се насмее среќата и да ми каже: Што, досега не веруваше во мене, беше толку уверена дека сама си ја креираш судбината, ама ако јас делам насмевки и на скептичните. Не сакам да незнам што сакам, несакам да сум неодлучна, несакам да вложувам мноогу труд, а да нема ефект од тоа, несакам да ги отсакам сите работи кон кои целев. Не сакам почеток, сакам продолжение.
сакам еден личен стилист кој секогаш ќе ми наоѓа што да носам,... без јас да си ја мачам главата а не сакам кога треба да ги редам алиштата.... боже, боже... како е можно.... толку многу наоколу, а толку малку кога нешто треба да се носи
Сакам да ги имам тие обетки што ги видов утредента (бели цветови ) несакам да учам биологија и фармацевтска технологија !
сакам да: се вработам да почнам со курсот по Албански да отидам на караоке забавата во чест на Тоше на 25тти Февруари да се запишам на Италијански да имам финансии за курс по Латино не сакам да: да кашлам и да седам дома
(во овој момент) сакам да бидам со него,во неговите прегратки ,исто така сакам одредена личност да ги промени сфакањата за одредени работи....и во овој момент конечно Сакам да почнат и моите 5 минути и повторно среката да ме следи не сакам да бидам повеке тажна и осамена,не сакам да продолжам со ова темпо на живот,сакам предизвици,нов живот полн со оптимистички размислувања и позитивност,сакам другарка која би била во секое време тука за мене и би ме разбирала и подржувала во се и сешто....едноставно сакам нешто шо или е невозможно или се уште не сум заслужила да го добијам
Сакам да си легнам да спијам затоа што сум преморена, арно ама од друга страна не и се станува од компјутер. Мора некој компромис!
Сакам се да биде како на почетокот, да се вратат чувствата, да се биде среќен... Не сакам повторно да ми се повторуваат некои работи кои ужасно ме измачуваат и ми задаваат болка.
Сакам да ја скратам косата. Не сакам овај телефон да го дадам ниту на поправка ниту на замена со нов.
Сакам да е денес петок 25 март сакам даа одам во Скопје сакам дааа го видам сакам даа дојде викенд сакам даааа спие другарка ми кај мене да се изназбориме.... Не сакам да идам утре и задутре во школо... не сакам да зборам на друг јазик мојот си го сакам!!!
сакам да им видам реакцијата на моите утре ко ке им кажам нешто,сакам да ми е срцката дома а не на работа сакам некои луге да почнат да го користат мозокот и устата за добри ствари а не само за плуење злоба и оговарање не сакам да си одам за Мк во април (а морам на кратко) не сакам разделби диети а морам малку не сакам да се нервирам за други а неможам јаче е од мене