1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам бебе, а тој не!

Дискусија во 'Канта' започната од princess11ska, 25 септември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Колку што проверив не сретнав ваква тема, ако се лажам се извинувам.
    Епа вака девојки. Имам 21 година и сум во врска веќе 2 години. Никогаш не сум била љубител на деца па не сум ни сега, но очајно сакам да имам бебе со дечко ми. Се чувствувам искрено спремна. Знам дека сум млада и можеби многу од вас би се чуделе но ете јас навистина посакувам бебенце. Не со било кој, туку конкретно со дечко ми, човекот кој навистина сметам дека е вистинскиот за мене. Врската ни се одвива нормално. Тој е 3 години помал од мене односно има 18 години. Свесна сум дека е помал и во секој случај мал да основа семејство. Патем никогаш не сум била во врска со некој помал од мене ниту пак сум мислела дека можеби некогаш ке бидам ама... никогаш не вели никогаш. Го сметам за позрел од неговите врници и никогаш не било пречка разликата во години. Да се вратам на темата.
    Значи откако заклучив дека сакам бебе почнав пополека да разговарам на таа тема со него. Ми рече дека ме сака и дека јас сум таа со која би сакал да има бебе и дека кога би се случило (ненамерно) никогаш не би дозволил да абортирам. Знаеме често да збориме на таа тема односно јас знам многу често да започнам, па дури почнав да претерувам. Предходниот месец 90% од времето јас разговарав за тоа колку сакам да останам бремена, дека ке бидам најсрекна на свет, каква мајка ке бидам и слично. Од неговите реакции заклучувам дека го гушам. Ми рече дека се ке биде како што сакам само барем да почекаме минимум 2-3 години. Од тогаш престанав да зборам но неможам да си ја исконтролирам желбата. Како поминуваат деновите само слушам и гледам како мои другарки од основно, средно која се омажила која има бебе. Се осеќам дури љубоморна. Свесна сум дека е млад и се ми е јасно, свесна сум и дека јас сум млада но ете неможам очајно сакам бебенце. Не сакам да чекам, сакам сега!! СОВЕТ?!
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Сакам бебе, а тој..не!

    Сериозно?
    Отидов и јас да му барам на дечко ми да ме забремени.

    Сериозно бре, што очекуваш од 18 годишен? Да седне и да ти зборува каква количка ке купи, како ке те гледа дури го доиш детето, како ке му го брише газето кога до вчера мајка му му го бришела неговото?
    Ауу, не. :x
    Па и јас сум фрик за деца, нон-стоп гњавам кога ке ги видам по улица какви се мили дрн дрн, знаеме со дечко ми да отвориме тема и за тоа ама пак после фуфкам ако ми задоцни и ни на крај памет не сум помислила уште сега да чувам дете.
    Не си љубител на деца а сакаш дете? Сигурно не сакаш бебе само за преку него да го врзеш дечкото за себе? :?:
    Треба да сте и двајцата спремни на тоа бре, тоа бара време, грижа, спремност, станбени и финансиски можности, не само сакам бебе и готово.
    А баш ова е во твојот случај. И самата си спомна љубомора. Сакаш некој престиж поради другарките или незнам што и да е, сакаш да си докажеш нешто. Ова ти е опсесија, а дете не се прави од опсесија, од љубов се прави.
    Затоа малку помалку daydreaming и се` во свое време остави да си дојде. Со најдобри намери ти го кажувам ова.
    И на 40 да родиш првпат, можеш да имаш посреќно семејство од другарките на кои љубомориш сега.
    Најубаво преиспитај се зошто го сакаш тоа бебе, па потоа се` друго.
     
    На glufche, Aleks96 и Shana им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам бебе, а тој..не!

    Ти нормална си? без навреда ама он е претерано млад! Што очекуваш да правиш кога ке го направиш тоа дете? не е само ај напрај го? мораш да мислиш и за понатаму? Како ке го одржувате? Треба заедно да живеете? па треба да се венчате.. ц ц ц па има толку многу работи што вие двајцата треба да ги исполните пред да го направите овој чекор.
    Сигурна сум дека дечко ти сака прво да си го осигура животот па послем да размислува за заеднички живот а ПОСЕБНО за бебе ...треба ли тоа дете да се храни? да се одржава?
    Не си ти за бебе.. можеби и не си толку млада ама он е уште тинејџер сваќаш? па колку и да е зрел за негови години.. смири живци
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Сакам бебе, а тој..не!

    Абе ти сериозна си? Што очекуваш од 18 годишно теле? Мојот има 26 години а јас 21 и сме во врска 3 години и уште се ежиме кога ми доцни. Не се заебавај живеј си го животот има време кога да стануваш мајка. А од него не очекувај да се согласи на бебе освен ако не се случи непланирано.
    -Прво ке му биде срам од другарите, додека другите ке шетаат и ке прават што сакат во најубавите години тој ке треба да гледа бебе?! Ај донт тинк соу
    -Второ ако во некој случај да претпоставиме се согласи, веројатноста да ти биде верен понатаму во годините што следат е многу мала. Кога тогаш ке му здосади од тебе и од тоа да има основано семејство уште толку рано и ке доживува втор пубертет. (читај ке оди по други).
    -Трето не му напињај со такви муабети ке го исплашиш и ке те остави.
    -Четврто, ти се чудам на паметот. :x
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Сакам бебе, а тој..не!

    Не се секирај пелени и кашички не ти бегаат. Туку не само дечко ти што е детенце, него и ти си мала. Човече 21 година имаш. Оди заврши факултет поднаучи нешто и земи излегувај забавувај се, изживеј го животот па после расправај се со деца. А и ти искрено не си толку мала за вака да размислуваш. Имаш решено станбено прашање, сигурни работи и двајцата? Од што ќе живее тоа дете? |( Деца ќе чуваат дете. Свашта.
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам бебе, а тој..не!

    Колку безобразно и дрско да звучи:
    -Девојко знаеш ли што зборуваш, ај удри си ја малку главичката и запрашај се што се случува со тебе.
    Дечко ти посозреан е, не само од неговите врсници туку и од тебе, ако е помал од тебе 3 години.
    Тебе очигледно те пукнале некои хормони и ти проработел мајчинскиот инстикт, но покрај твојата основна желба да останеш бремена тука има уште милион други прашања.
    Кој ќе го издржува тоа бебе и вас тројца, каде ќе живеете, кој ќе купува млеко, сокови, кашички, пелени???

    Не е работава само дигни нозете и склепај го детето, треба да се чува, издржува и воспитува.
    Ти ги гледаш другарките кои имаат деца но си поразговарала ли со нив, како им е сега, дали би менувале нешто во животот кога би имале можност.

    Млада си, според мене премлада за чување деца уште од сега, а за дечко ти нема збор-18годишен татко :x . Убаво ти вели детето почекајте, ако не повеќе барем 2-3 години.
     
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Сакам бебе, а тој..не!

    И јас сакам бебе, сака и дечко ми, јас имам 21 тој 30. Тој работи а јас студирам. Нему му е време за бебе, но свесни сме дека немаме услови за него, дека сега моментално приоритет ми е факултетот кој треба да го завршам па потоа и да се вработам. Па се по ред како си иде,веридба,свадба, па детенце :) А дечко ти најверојатно уште и средно е :^) сигурно ќе си сака да студира, а не да менува пелени дома |( Па и да се вработи после исто како и ти, освен ако не мислите да сте на грб на вашите родители и тие да ве издржуваат. Нема некоја девојка која не сака бебенце ама ти како што гледам сакаш по секоја цена, иако си свесна дека не е изводливо сега, во овој период :!:
     
  8. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64

    Фала ти за советите. Како што кажав погоре свесна сум дека дечко ми е помал и дека му е сеуште рано, единствено се прашував дали постои некоја девојка што е во слична ситуација, што сака бебенце и покрај несоодветните околности. А што се однесува до тоа кој ке го издржува спремна сум и финансиски и стамбено! Незнам ни зашто пишав воопшто на темава кога добив само судење од страна на феминките. Незнам само зашто толку револт во вашите одговори колку и да мислите дека сум ненормална.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Во ред од тој аспект, ете имаш пари да го издржуваш, ама нели сакаш прво да си направиш свадба,да стапиш во брак па после тоа да правите дете? Сакаш вонбрачно да го родиш детето? Дечко ти е многу млад,кој ти гарантира дека еден ден нема да му здосади да биде млад неженет татко и пуф да му ја здувне? :?: :|
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.166
    Допаѓања:
    234.953
    Аман бре девојки колку сте дрски и безобразни, вие како да сте совршени па на речиси секој проблем судите. Каков е тој однос и тоа однесување. Дали била нормална?
    Нормална е, што има ненормално овде?
    Луда е, се дрогира, прашува каде да оди да се продава или прашува како да добие дете од дечко кој е помал од неа.
    Големо чудо! Има милоион такви примери каде што родителите се млади, а се среќни и успеале во животот.
    Не велам дека не се млади, па дури и девојката, ама ако тие се чуствуваат спремни, зошто да не?
    Годините не се мерило.
    Во овој случај, дечково не се осеќа спремен, разбирливо е.
    Ако сакаш тој да е таткото на твоето дете, почекај го. Ако не најди си друг кој ќе е спремен и за брак и за дете.
    Мој совет ти е да не брзаш, можеби е само твоја моментална желба, сум имала и јас такви, ќе ти помине.
    Можете да зборувате со дечко ти, види кои се неговите планови, сигурна сум дека ќе најдете компромис.
     
    На glufche, S-a-n-4-e, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Треба да разграничиш дали желбава ти е обичен каприц, или навистина си подготвена да го издржиш сето она што следува по забременувањето, бидејќи нели, бременоста не се одвива во монтажни сцени како во филмовите.

    Се случува таква желба да се роди од преголема заљубеност, секоја од нас барем еднаш помислила на истото, а на крај пак и се треселе колениците од страв тестот за бременост да не излезе позитивен. Ако е второто, ако и двајцата го сакате тоа, нема причина за да не почекаш уште некоја година. Бепче ќе имаш, не мора толку безглаво да се впушташ во толку сериозна работа.

    И пази колку често ги правиш тие муабети, сепак се огромен терет за мажуле на негова возраст. Може многу бргу да те откачи, не зошто не те сака - туку од страв.
     
    На Jojoba, Magnolija, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  12. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    еееееее и јас еднаш минував низ оваков период, незнам што се деси и како ама очајно сакав да имам дете со една, уствари не ми беше толку битно што ке е од неа туку сакав само да имам и фала му на бога тоа не се оствари и ми помина тој период :) сеа сфаќам колку ке сум се поебел :lol:
     
  13. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Фала многу за поддршката и советот. Искрено изнандена сум од тоа колку се спремни сите да те осудат па дури и на анонимен женски форум. Незнам кое лудило го глумат девојкиве. Сите се некако безгрешни!
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас имам другарка што отсекогаш имаше само една желба - да се омажи и да си основа семејство.
    И навистина го стори тоа, уште на 20 години, меѓутоа -
    беше вработена,
    мажот и беше вработен,
    и имаа веќе обезбедено покрив над главата.

    Башка планот им беше заеднички, значи свесно се впуштија во процесот наречен - ќе правиме бебе.

    Мојот совет е малку да почекаш, не во смисла дека си премногу мала, зашто си сепак полнолетна и ти си одлучуваш за себе и своето тело, туку во смисла како што кажаа дел од девојките - дечко ти можеби се' уште не е подготвен и му треба малку повеќе време.
    Полека и внимателно, немој да го уплашиш, па да ти избега.
    Бебето никаде нема да бега, гледај малку да создадеш идеални услови за неговото доаѓање на овој свет, а и стрпи се додека дечко ти не созрее малку повеќе емотивно и да се навикне на идејата семејство.

    Со среќа.
    :)
     
    На JuLleE и princess11ska им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Машките отсекогаш созревале подоцна од женските. Овој твојов плус е помлад, додуша генерација сме. :D Знаеш, малку глупаво е да те осудувам, нели, секој со своите маки, но мене сега некој да ми рече, сакам бебе со тебе, јас со колут назад ќе избегам од него! :tmi:

    Биди среќна што, ете, дечкото те сфаќа. Те моли да причекате, некој нема да те моли, ами назад, бегај да бегаме. Не секој би те сфатил и не секој нема одма да избега. Па оној мојон бре, 20 ќе полни уште малку, како мало дете бега кога го фаќаат моменти и гледа дека станува посериозна работава, дека оди кон НЕШТО. А чувај Боже да му речам или да ми рече дека сака да имаме бебенце. :D Нема да се видиме веќе ако дојде до тој предлог, ти гарантирам. :rofl:

    Мислам дека треба да си најдеш друга занимација, нешто, хоби, спорт, едно друго. По некое време, кога ќе се смири работата, ќе видиш дали стварно си сакала бебе или не. Оти денеска не е работава, роди ме мајко со среќа, па фрли ме на буниште. Има огромни трошоци, прво за храна, после за се друго. :!: Сепак, немој да се преоптоваруваш и релакс. :)
     
    На Gea и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас предупредив дека ќе бидам безобразна и дрска од причина што мојот став за проблемот на девојката е таков, кажав како што мислев и незнаев дека моето мислење треба да го поднакитам со епитети и слични улизувачки зборови :?: .
    А во однос на осудувањето и моите проблеми, па јас сум свесна дека во опшеството по било кое прашање ќе наидеш на осуди, па и личност од 21 година, спремна да роди дете и основа семејство треба да знае не само да се справи туку и носи со истите.

    Понатаму нема да кажам ништо освен дека најлесно ги прифаќаме работите кои сакаме да ги слушнеме ;) .
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Нека не се лути девојката која ја отвори темата, но сметам дека треба да да разбере дека секое мислење овде е дадено добронамерно.
    Само ќе кажам дека годините не се гаранција за зрелост.Во овој случај на пример ти не си доволно зрела за бебе, за почеток можам да заклучам дека недоволно сериозно го сваќаш бракот.Да се одлучиш да имаш дете е според мене најголем чекор во животот на еден човек.Не е привремено, ќе го имаш засекогаш и што е најстрашно ќе порасне :!: Си размислувала ли како ќе ти изгледа животот која ќе имаш да речеме 45 години.Колку ќе бидеш задоволна со твојата одлука донесена сега.Веројатно ќе бидеш незадоволна.Затоа што тоа дете ќе е живо, не е играчка и нема да можеш да го вратиш во продавница кога веќе нема да го сакаш ..или кога ќе ти помине меракот.Размисли и не избрзувај, во животот има време за се.
     
  18. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Поздрав

    Без навреда но мислам дека кај тебе е развиена само желбата за бебе , но не и зрелоста за да сфатиш што значи бебе , почнувајќи од обврски како и финансии .

    Млада дамо , бебето ќе дојде на свет , но кога ќе почнат проблемите немаш опција play again ...

    Како и да е, среќно
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас мислам дека и двајцата сте малди за бебе.
    И јас и дечко ми имаме 18 год, ама не се чувствуваме спремни за таква работа. Точно дека со него, понекогаш разговараме за бебиња, ама тоа за во далечна иднина некогаш. За сега никако.
    Но ако сакате вие, мој совет е дека прво треба да стапите во брак, а потоа да размислувате за бебе.
    Сепак вие си знаете најдобро.
    Со среќа како и да одлучите. :)
     
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Никој нема право да те суди за нешто што го посакуваш! Но треба убаво да размислиш дали навистина сега е моментот за сите тие работи..млада си,бебето нема да избега,еден ден ќе можеш сигурно да се изреализираш и во таа улога на мајка!Понекогаш на сите нас ни доаѓаат такви моменти,ќе глеаме некој филм или ќе слушнеме некоја приказна па и на нас ни доаѓа желбата да си основаме семејство што побрзо,да се скрасиме што би рекле постарите! А зошто брзаш? Можеби се плашиш од нешто,да не останеш сама или без момчето?(ова се само некои мои претпоставки не мора ич да е вака)..момчето твое е секако младо,ќе дојде време кога и он ќе почне да размислува за свое семејство за деца и среќен живот со тебе..јас би ти препорачала најтопло и најпријателски да уживаш во моментот и во она што сега ти гу нуди младоста,шетај,патувај дружи се со пријателите..се ќе си дојде подоцна на свое место! ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.