Сакам бебе, а тој не!

Дискусија во 'Канта' започната од princess11ska, 25 септември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Незнам како така сите сфативте дека не сум зрела да имам бебе, а некои па дури и брак спомнувате. Јас се сметам себеси доволно зрела за да сум свесна што значи бебе и сите обврски кои бебето ги нуди. Незнам зашто помисливте дека сакам бебе само да го гњавам или... Прочитав во некое мислење незнаеш што значи да се грижиш за бебе.Како што кажав. Финансиски сум доволно спремна исто како и стамбено. Не сакам ниту пак улижувачки зборови како што наведе една од вас. Секако прифаќам критика и сакав да прочитам различни размислувања но многу од вас ме направија ненормална и ме исповреѓаа.. Девојќи ве молам... Знам дека сум јас млада но немам 12 години, а вие ке ме испоубиевте како тоа јас незрелата сака да има бебенце, ц,ц срам да ми е. Патем сум размислувала како ке ми изгледа животот на 45 години и сум размислувала и да ме остави мажот во иднина. Многу од вас го спомнаа тоа. Демек тој е мал па ке му здосади ке те остави. Па во денешно време 70% од браковите за жал завршуваат со развод од вакви или онакви причини.Некои дури спомнаа да се занимавам со студирање или некое хоби. Незнам зашто оставив таков впечаток како да сум толку очајна.Во секој случај се грижам за својата кариера не ми е животна желба да бидам домакинка. Студирам и сум апсолвент а моментално и работам во странство. Во секој случај разговарав со дечко ми на темава и решив да почекам во секој случај, не затоа што јас не сум спремна туку затоа што не е тој спремен, а бебе би сакала да имам со него.
     
    На Miss.Ricci и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас спомнав брак.И не знам што толку те навреди или налути тоа.
    Убаво си кажав, не те навредив ни малку, дека за да имате бебе, треба да стапите во брак.
    Или па ти сакаш вонбрачно дете.
    Најмногу мразам кога те прашаат за мислење, си кажеш како мислиш, а е спротивно од нивното мислење и одмах се налутат, демек не било така.А плус тоа убаво си кажеш што мислиш, без никакви навреди. :tmi:
    Епа кога не сакаш да чуеш или да прифатиш туѓо мислење, што отвараш тема и бараш мислења во врска со тоа. :x
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Јас не мислам дека 21 година е рано некој да има дете.
    Уште повеќе, совршено ја разбирам потребата, затоа што и мене ми се јави некоја таква потреба, само што јас имав 23 (не дека се многу повеќе :D ), веќе живеев со сопругот, тогаш дечко, и секако работите ќе отидоа натака.
    Не знам ни јас сама како ми се случи тоа. Немавме во план да имаме веднаш деца, туку после година - две, ама мене одеднаш ми се јави толкава желба што буквално се будев навечер во солзи од желба да имам дете. Се уште не можам да си го објаснам тоа. Можеби влијание имаа едни комшии кои не можеа да имаат, а многу се дружевме со нив. Навистина не знам.
    Разговарав тогаш со саканиот, и тој уште при првиот разговор се сложи. Тогаш куќата уште не ни беше изградена, и затоа прво мислевме да не брзаме со деца (тоа беше негов предлог), ама мојот став беше дека не можеш да чекаш се да биде наредено, зошто може никогаш тоа и да не се случи.
    И така останав бремена, и на 24 години и неполни три месеци станав мајка. Јас сум среќна со својата одлука, и во ниеден момент не сум помислисла дека сум избрзала, и кога би живеела повторно - иста одлука би донела. Ама зборувам за себе. Мислам дека маж ми тогаш не беше спремен да стане татко, веројатно реши да имаме дете поради мене, без да биде свесен за сите промени што ги носат децата во животот. Никогаш тоа не го кажал, ама на почетокот така чувствував, како да сум му скратила дел од младоста. Не знам како да го објаснам ова, не знам ни дали сум во право, само така сум се чувствувала, иако тој се трудел да не е така.

    Не е важно дали дечко ти има 18, 20 или 30. Важно е двајцата да имате желба, ама сериозна и сигурна желба да станете родители. Ако тој не е подготвен немој да форсираш. Одлуката треба да биде заедничка.

    Сега имаме две деца. Јас сакам уште едно, отсекогаш сум сакала три, и се чувствувам потполно подготвена за трето дете (уште пред 3 години се чувствував така :)) А тој, не сака ни да слушне. И јас некогаш знам да бидам напорна со муабетите за трето дете, ама не се откажувам :)
    Се надевам дека ќе се премисли во догледно време :)
     
    На Aleks96, nesa, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64

    Не, не извини девојко не се однесуваше за тебе тоа што јас пишав дека некои и брак спомнале не се изразив убаво трребаше да цитирам. Мислев на девојката што заклучи дека не го сфаќам јас сериозно бракот па ме интересира како дојде до тој заклучок. Знаеш, во секој случај прифаќам туѓо мислење ама на форумов никој не сум го осудила и не нормално дека барем според мене не е во ред некој да ми каже дека јас не сум зрела или дека не го сфаќам бракот сериозно кога воопшто не го и споменав. А, што се однесува до твоето мислење апсолутно си е на место. И јас би сакала прво брак па дете, нормално!


    Ете баш вака се осеќам, и фала на разбирањето. Баш ми е мило што испаднало се како што треба. Темава ја отворив затоа што ме интересираше дали има некој друг што така мисли или некогаш се чувствувал. И свесна сум дека дечко ми е млад и за жал ке морам да почекам малку иако навистина премногу сакам!
    !
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ок е. :up: Се разбравме некако.
    Инаку и јас не сакам карања и вреѓања по форумов. :)
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Убаво е да се има желба за дете, но мислам дека треба убаво да размислиш, детето не е играчка. Не велам дека не би била добра мајка напротив би била одлична, но зашто да избрзуваш кога имаш живот пред тебе.
    И пред се имаш дечко кој е тинејџер, на 18 години треба да живееш и уживаш во младоста според мене, а не да се затвориш дома со детенце. Јас не сметам дека 18 години се добри години за да станеш татко.
    Машките плус и покасно созреваат, јас не би ставила едно 18 годишно момче кое претпоставувам запишало факултет сега да седи дома и чува дете. Има време, секогаш кога ќе ја почуствуваш желбата за бебе размисли и стави ги во план и негативностите од бременост во млади години.
    Тоа е твој избор и избор на твојот дечко, но јас не би форсирала. Животот е пред вас. Уживајте и ти и тој, созрејте уште малку, родителството може да почека, младоста ќе летне многу брзо.
     
    На Gioia, princess11ska и esperanca им се допаѓа ова.
  7. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Види, каков е дечко ти немам информација не го знам. Ама од сите момци на 18 години што ги знам еден не помислил на бебе. Па тие уште не ги испробале сите сласти на животот, па пијанки па матури па сите глупости со врсниците. Не размислувај само за себе. Ти велиш: Сакам бебе! А тој што сака дискотека? Размисли како ќе се чувствуваш ако ете родиш дете и тој ти вика, одам јас мила до Парадисо (или кое и да е) ти чувај го бебето.
    Не се зезај.
    Бебе е обрска, пелени, плачење, па видови на плачење, читање книги за тоа што сака да ти каже со тоа што ќе ждригнело, па дали плаче гласно дали тивко.. Подобро прочитај книги за на факултет и земи диплома. Вработи се, созреј. Дете не ти бега. Ехеее има уште време.
    Размисли како ќе го врзеш твојот дечко кој е во цутот на младоста. И двајцата сте. Не е се во тоа да може да кажеш дека си млада и убава мајка. Подобро да бидеш мајка на 30 год и да му пружиш стабилен живот на твоето дете.
    Ова е моето мислење, ти како сакаш. Ти зборувам од тоа што си го познавам дечко ми, исто годиште се кај кај со твојот. И тој е зрел и се, ама пак кога ми каснеше се молеше да добијам и кога добив се частевме вечера. Не го врзувај детето, не биди себична :)
    Твое си е како ќе постапиш..
     
  8. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Една моја другарка исто така имаше преголема желба да има дете со дечкото кој многу го сакаше и одеа уште од средно,а беа исто годиште.Кога ми кажа мене дека само за тоа размислува,искрено да Ви кажам јас и се чудев,затоа што како што наведоа многу погоре причини против тоа.
    Гледам дека си се одлучила да почекаш поради тоа што дечко ти тоа го сака и верувај ми дека поради тоа ќе те цени повеќе. И самата кажа дека размислува поразлично од неговите врсници,и според мене навистина е така.Нема потреба да го осудуваш дека не те сака или слични работи,туку јас би рекла дека размилсува со ладна глава,бидејќи тој после ќе треба да одржува семејство и да биде глава на тоа семејство.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Реално - никој никого не осудува, особено не на темава, ти праша за совет и ние пробуваме да ти ги отвориме очите да не избрзуваш затоа што навистина не е шала, не е играчка, млади сте несозреани особено дечко ти. Мислиш дека цел живот ќе те сака? Побогу дете е тој уште, од каде знаеш дали нема да те остави, со дете во раце и тоа? Не не, неможам да сварам никако, јас имам 21 година скоро, дечко ми 24, ама ни на крај памет не сум помислиле на бебе затоа што не сме спремни бе, деца сме уште. Што ќе му пружам јас на тоа дете? Страдање и беда? Од што ќе го издржувам? Па дечко ти има 18 години тој е уште средно, ами камо факултет, со средно е претерано тешко да најдеш работа еве ме доказ, жив пример, и тоа ќе те ашкаат како ќе им прдне. Немојте, никој не те осудува ти ги отвараме очите, нема ти да си го однесеш, тоа несреќно дете ќе ги сноси последиците, затоа што неговите родители биле несозреани кога го направиле, од искуство ти кажувам.
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Некако можам да ја разберам твојата потреба за бебе, но неговите 18 год. премногу ми бодат очи, не само мене, како што можеш да приметиш и на сите останати, а тоа не е за џабе...Колку и да е озбилен за негови години, колку и да мислиш дека е зрел без разлика на истите, се лажеш девојко, и можеби сега не веруваш но ако се решите на вакво нешто ќе се увериш многу брзо...
    Кажа дека ќе почекаш неколку години, паметно...ако и тогаш уште си со овој став и потреба да имаш бебе со него, тогаш од мене имате Благослов... ;)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    18 годишен си е 18 годишен е сега некој ќе рече годините не се мерило ... Можеби е вака но 18 ? ! Не можеш да очекуваш од него кој знае колкава посветеност , пожртвуваност и подготвеност . Има 18 практично кажано ДЕТЕ .
    Дали има потреба да ти се кажува во што се впушташ ? Од кога вака , не е нешто од кое може да се откажеш . А и самиот тој не сака . Не е подготвен и со право крај краева 3 години сте во врска значи тој е со тебе од некои 15 :?: не дај Боже ама кој ти гарантира дека ќе завршиш со него ? ! :^) Кога сте се фатиле бил дете што искусил досега , проживеал .Сигурна ли си со него ?

    Застани малку и РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО !!!
    Да не испадне дете гледа дете .
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Долг период и јас имам желба за бебе. Сметајте ме за лудача, ама јас на моменти тотално се опседнувам со тоа. Едноставно сакам тоа малечко суштество да расте во мене, па да го родам и да си го чувам. Да му ја дадам целата љубов и подршка. Дури и си фантазирам какво ќе ми биде детето. Кога и кажав за моите фантазии на мама, ми кажа да замолчам и да се надевам само дека ќе ми биде живо и здраво!

    Ама јас сфаќам дека само нешто ми удрило во глава и секако дека не сакам ова да го реализирам. Поготово јас како што сум амбициозна и како што се радувам на напредувањето... Си велам дека зад ова стои некакво длабоко психолошко објаснување.
    За се има време!

    Како што кажа Саја, можеби ова е некој твој каприц. Не избрзувај одма, па да не се каеш цел живот!
     
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Да беше тој постар од тебе, би те поддржала. Не можам да речам дека 21 година за женско да стане мајка е нешто зачудувачки, па дека е мала, незрела и предмет за оговарање. Друго е девојката да е средно. Сепак 21 година веќе си при крај со факултет(колку-толку), па полесно е и годините не се малку.
    Ок, јас сепак еве лично за мене не би уште сега да бидам мајка, сметам дека би требало да помине уште некоја година. :)
    А искрено, ни јас нејќам деца и не можам повеќе од 10 минути со нив. А мое дете сакам ненормално многу да имам. И едвај чекам да дојде тој момент кога ќе си ја шетам мојата прва принцезичка или мал принц по местата по кои ме шеташе мојот дедо кога не живеев тука. По истите паркови, да му ги раскажувам истите приказни од татко ми, да му ги правам најубавите колачи на мајка ми, и да го бркам со сукало како баба ми. :lol: :lol: И да, навистина едвај чекам.Ама никако сега!
    Мислам дека и кај тебе се работи за истово чувство, само што можеби се буниш и мислиш дека сега си спремна. Но ти фактички едвај чекаш да ги имаш убавите мигови со бебето, а не можеш да сфатиш дека тоа се само фантазии за моментот што ќе биде да, ама НЕКОГАШ! А не сега. :) Верувај дека би се уплашила ако ти подзакасни некој ден, има да частиш кога ќе ти дојде. :D
    Верувам и знам дека скоро секое женско барем еднаш во животот помислила на истиве работи, го почувствувала тој мајчински инстинкт, но немој да се буниш. Едно е да мислиш дека си спремна, а друго е стварно да си. Покрај тоа, ти треба и поддршка од маж до тебе, а од 18 годишно дете тешко дека ќе ја добиеш, се работи за сериозен чекор во животот.
     
    На princess11ska и Offspring им се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Нели денешнава младина беше многу понапредна???? Барем така се пишува низ другите теми :?: .
    За што понапредна? За пиење, пушење, шетање до изгрејсонце???
    Порано на 15-16 години имале деца и деца чувале, дома работале, кој на нива, кој на работа оделе, па ништо не им фалело, дури и подобри биле од сега!

    Да не бидам сфатена погрешно, јас се радувам што умре тоа време. Но, ете има случаи низ историјата кои можат да послужат како пример.
    За тоа колку се денешните деца напредни, а уствари за ништо не се способни. Едно јадење не знаат да направат, а не деца да чуваат! (со чест на исклучоците).

    Иначе имам познаници - млади родители, и нивните деца се дури повоспитани, подобри од т.н. `искусни` повозрасни родители.

    Конкретно за проблемов
    : Во првиот пост, одговорот што го дал дечко ти е навистина искрен, реален и доволен. Многу убави и зрело ти објаснил, браво за него. Се гледа дека те сака, но ете рано му е, разбери го. Уживајте си уште заедно, кога ќе дојде бебето нема назад. А, ќе дојде, и двајцата сте млади, животот е пред вас. И, тоа што го бараш е сосем најнормално и природно! Само не прави му притисок!
    Како што кажаа другите феминки, ете и мене ме фати период за бебе лани. Дечко ми не сакаше да слушни, а јас му се лутев, мислев дека не ме сака. Се лутев и грешев како детенце. И среќа што немаме бебе, зашто отпосле увидов какви проблеми ме снајдоа од страна на мајка му.
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас мислам желбава ти е моментална и ќе ти помине. Уживај си во младоста , има кога деца да чуваш. Мајчинството е огромна одговорност. Сите мои другарки кои млади се омажија и имаат деца ги немам видено од свадбите.

    За бебе здравје, има време после 30 година, претходно изживеј си го животот.
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Шо зборуваш мори чупе ти?
    Пред се знаеш колку е скапо бебе да имаш? Имаш некоја идеа што се ти треба едно бебе да го одржиш здраво и во живот?
    Башка не ти е жал 18 години да го затвориш со дете? Непрошетан, неизживеан? За грев детето, како да сака кутриот?
    Терај си живеј си, има време за се, и не биди толку себична гревота е машкото, период ти е. ВО право се сите дека во одредени периоди те мава таква психа, али ти шо на ум то на друм си. Почекај има време.
     
  17. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Е аман де, колку сакаме да критикуваме, па ти си само 21, тој 18 па што ти е на тебе .... Еј баш не бива за критики еј ;)

    Јас сметам дека е нормално после подолга врска, да имаш планови за иднината и да не ти се чека баш иднината, туку да сакаш веднаш да се оствари тоа.

    Убаво е што тој ти рекол да почекате 2-3 години и сметам дека така е најправилно, но сфаќам дека од твоја гледна точка 2-3 години се цела вечност. :yawn:

    Всушност во денешницава твојата желба е многу убава работа, во време на изопачени човечки и морални вредности, сите помалку забегуваме.

    Затоа мојот одговор е дека НИШТО ШТО НЕ ПРАВИ СРЕЌНИ НЕ Е ПОГРЕШНО. Ако ти сметаш дека така ќе бидеш посреќна и тој покрај тебе се разбира, не се откажувај. Не ти велам да продолжиш да го форсираш и да го гушиш. Само одвреме на време спомнувај му. Споделувај ги со него визиите во твојата глава за тоа колку прекрасно би ви било.
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    е мал е бе дечкоти за да имате бебе па добро ти вели да почекате уште 2 3 години..... па ти кога си запнала почекај некое време можеби ќе ти помине желбата
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.352
    Допаѓања:
    17.400
    Пол:
    Женски
    Совет-не го гуши детето да не ти раскине, а тебе не дај Бож да ти помине желбата за дете, но само нека почека неколку години барем за да се осамостоите. Што очекуваш ти од 18-годишен, можеби тој си мисли дека уште не му е изживеана младоста, а којзнае можеби мисли дека не го направил вистинскиот избор. А ти да не си приметила дека ви заладиле односите па да сакаш да го задржиш на тој начин?
     
  20. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Не, не односите не ни се ама воопшто заладени туку баш напротив. А, и кога би ни биле во никој случај не би се определила за таа опција, да задржам некој покрај себе со бебенце. Можеби па премногу сум заљубена и премногу го сакам и можеби поради тоа не ми се чека, ама во секој случај сум свесна за сите околности :) поздрав
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.