1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам бебе, а тој не!

Дискусија во 'Канта' започната од princess11ska, 25 септември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Самиот наслов на темава се си кажува, ти сакаш бебе (сакај си никој не може да ти забрани) ама тој не сака и точка крај на муабетот.
     
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    мила дечко ти е 18 год....не можеш да очекуваш од некој на 18 год да има бебе и да изиграва татко....ова најискрено и пријателски ти кажувам...ако го земеме и фактот дека машките многу покасно созреваат ќе сфатиш дека уствари тој е сеуште дете ...гледам дека го сакаш и не ти преостанува ништо друго туку да чекаш...(освен да си фатиш некој на кој му е дојдено времето за бебе ама ти убаво рече дека не сакаш дете од друг туку од дечко ти)
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.143
    Сакај бебе, ретко која денес сака па и на тие години, само не го напињај секојдневно со темата, ќе избега. На маж, дури и дечко од 18, не му се збори на тема сериозна врска, деца, брак, ни случајно. Ќе го исплашиш само. Напротив, престани да зборуваш за бебе, ќе видиш самиот дека ќе ти се приближи и со текот на годините понатаму поинаку ќе размислувате и заеднички ќе носите одлуки. Ич не ти е за брзање, нема тука девојка што немала желба да има дете со некој, ама било период. Живеј си животот бар уште некоја година. ;)

    И никогаш, никогаш немој да сакаш било што, само зашто другарките го направиле. Ти си си човек за себе, терај си по свое.
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Нормалмо дека нема да сака што очекуваш од 18 годишно дете .
    Ах бре девојки во животот има време за се... не ностете предвреме некои одлуки за кои подоцна во животот ќе жалите . Лесно е да се направи но дали некој со 18 години може да му пружи се што му е потребно на едно дете .
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Фала за советот! :) Инаку сакав само да дополнам дека не се угледувам на другарките, впрочем тие не ми се ни другарки него познанички. Поентата ми беше дека желбата за бабе ми е стварно многу голема што кога и да видам трудница, или да дознаам некоја е бремена одма си велам, зашто не јас. Значи не од завист туку од пуста желба :D
     
  6. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ова како на теленовела.

    Верувај дека со настојување не правиш ништо, може само повеќе да му здосадиш, дури и да го убедиш пак ништо. Тој има 18 години и немој да мислиш дека ќе седи дома и ќе му се радува на бебето.

    Жена како жена може да роди и на 18, ама машко да стане татко на 18?! Дечко ти може да е ерген и до 28.
    Сите машки што се женат на млади години после некое време почнуваат сами да излегуваат од проста причина што ништо немат проживеано. Имате време за се нема да ти избега менувањето пелени.
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    А, што се бе толку битни годините???
    Има мажи кои се изживеани, добро ситуирани, имаат жена, деца и пак не се задоволни, па ја изневеруваат жената, го напуштаат целото семејство.
    Колку бракови се растураат секојдневно!?

    Демек, детево е мало, неизживеано? Па ако има бебе пак ќе излегува и шета. Нема да биде во затвор. Секако дека обврските ќе бидат поголеми, но со разбирање со партнерот има време и за работа, и за дома, и за шетање. Таа ќе го чува, тој ќе шета со другари и обратно. Некогаш ќе го чуваат баба или дедо, ќе шетаат заедно. Се наоѓаат милиони начини, ако се сака.
    А, може и да им е полесно. Друго е на 20 и кусур години да трчаш по дете, а друго е со 30, 40.

    Пак, да повторам, сепак ова не е критичен случај, па да е за брзање работава. Вие сте во цутот на младоста. :) ;)
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    офф девојко се ок е тоа што сакаш бебе,ама еве да ти кажам еден пример мојата другарка уште на 16 год почна да сака бебе прв дечко заљубена демек до небо шта да ти причам...и успеа бе на 17 год роди бебе не заврши школо се омажи маж и денеска оди во војска утре она се порага ајде назад мажот во родниот град служи демек нели оти татко...и се така и беше убаво но оп трошкови (иако она беше доста финанскиски спремна) има и брат и нејното дете кога беше 3-4 години и брат и се ожени и рече стоп нека работат парите само на нив да одат неможе и јас имам фамилија...знаеш што се случи? Она 20 он 21 год незрели сакат да шетат а имат дете немат работна навика едвај ги убедија да работат...па тоа не им чине оваа не им чине,сто пати другарка ми правеше дома па кај него сеа омилена реченица и е: кај ми е бил паметот шетајте другарки немојте да брзате,детево ми е најголема срека ама незнам ништо од живот освен перење готвење и пак ни фала....нејниот сега се расшета нормално 26 години дете што не свака оти има дете во школо што оди и проблеми никад краја....немој да го гушиш дечкоти,уживај.еве и јас имам дечко јас сум 25 год он 30 јесте да сакаме дете заедно и живееме ама никојпат не велиме сега ке праваме дете него си водиме љубов...........па кога ке дојде добредојде ние со раширени раце ке си го пречекаме
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Најди некој што ќе сака, некој што ќе има повеќе од 25 години. А не 18! Не биди луда!
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Па не сака таа бебе по секоја цена, само бебе како бебе! :^)
    Си наведе таа дека сака со сегашниот дечко!
    Што ги испревртувате работите не ми е јасно!?
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    107.856
    Пол:
    Женски
    Мила , дечкото е се уште незрел за бебе. Па тој има само 18 години. Не заборавај дека се уште е во пубертет. :!: Исто така бебето е голема одговорност. Цел ден си зафатена околу него. Едно е да сакаш друго е дали ке можеш да го чуваш. Еве и јас имам 21 година маж ми 23 и млади сме но сме свесни дека немаме толку време за излегувања , за романтики. Штом ти вика почекајте некоја година послушај го , нека заврши школо , нека си најде работа , па потоа планирајте си.Бебето е голема обавеза.Позз и се најубаво ви посакувам! :*
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Никогаш не си била љубител на деца, па не е ни сега, ама очајно сакаш бебе. Мене, извини ако грешам ама од тоа што го пишуваш, ми се чини дека ти очајно сакаш да го врзеш дечкото за себе од чист страв да не го изгубиш, посебно што веќе си решила тој е оној вистинскиот.

    Тоа што дали е млад или стар за бебиња и како би сте се снаоѓале со бебе во овој случај нема врска! Не сака дечкото(за сега) и не сака. Точка. Нема што совет тука. Не ти рекол дека не сака никогаш, и еве флексибилност, ти дал временски одговор за да почекаш. Советот е смири се малку, имаш време. Тоа што им се случува на твои познанички не значи дека тебе те одминало па да треба се брзаш. Со такво напнување можеш само да го изгубиш и дечкото, а не да го добиеш и него за татко на твоето бебе а и бебето што во моментов ти фали..

    И малку да ти се скарам, дај ти си повозрасната, размисли ова твое однесување дали ти е достојно на годините, со изливи на сакаааам, сакам сега, не ми се чека. Не е тоа кукла што го сакаш!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ја прочитав целава дискусија и ова ми падна во очи најпрвин. Види, другарките од основно и средно нема да ти го одгледаат тебе бебето. Другарките се една работа, ти си индивидуа, самостален човек и не смееш никако да дозволиш животот на другите да ти влијае тебе и на твоите размислувања.

    Ете опремена си парично, би можела финансиски да се снајдеш. Можеби оваа желба ти се развила заради тоа што животот оди во тој редослед средно -> факултет -> работа -> брак -> дете, па ти си ги поминала тие работи и сега веќе сакаш да основаш семејство. Но, најпрвин не знаеш каков би ти бил заедничкиот живот со партнерот. Од каде знаеш кога евентуално би почнале да живеете заедно како ќе се одвиваат работите. Не знаеш како е да делиш стан со некој со кој треба вечерта да делиш кревет, додај на тоа плус дека еден од вас треба во почетокот да биде нон стоп со бебето.

    Плус верувам во тоа дека кај секоја жена во одреден период се развива тој мајчински инстинкт, кај некои подоцна кај некои порани, еве кај тебе сега. Но, јас би те советувала да не брзаш, а искрено партнерот што го имаш убаво ти објаснал и ти кажал дека не е спремен за таков чекор во животот. Биди среќна што не се уплашил и не те оставил, зошто искрено на моја генерација да му спомнеш за дете ќе трча колку што го држат патиките. Имаш партнер кој е отворен со тебе, немој да го притискаш, немој да го гушиш, цени го тоа што ти кажал каков му е планот.

    По мое со тоа што настојуваш можеш само да го изгубиш, никако со тој притисок нема да го натераш да имате дете.

    Ти посакувам се најубаво, но искрено за некои работи треба уште да размислиш, не си сама во врската.
     
    На Phyramide и Offspring им се допаѓа ова.
  14. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Не дека е кукла ама ете желбата ми е стварно многу голема. А што се однесува до тоа дека сакам некого да врзам за себе се изјаснив и некаде погоре, дека навистина тоа не ми е немерата. Врската ни да речам најдобра од кога и да било и воопшто не се осеќам несигурна па да сакам да го врзам. Јас несакам да направам нешто што тој несака односно бебе а тој да не се осеќа подготвен, но сакам да имам бебенце со него и секако ке почекам уште некоја година.
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    18год :tmi: Дечкото е премногу мал за дете! Ти имаш 21 ама не и тој! Тој допрва почнува да се развива! А и нели милиш дека е премногу 3 год да е помал од тебе?
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Абе со мачево-бебе едвај излегувам на крај, камо ли со бебе што ќе ми плаче и нема да знам што сака. Еве, според ова гледам колку не сум спремна да родам :|
     
    На ludoto19 и princess11ska им се допаѓа ова.
  17. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Не, воопшто немислам дека 3 години е премногу! Па не е помал од мене 13 години, а и да е... Ова ми е прва врска каде сум со некој помал од мене и искрено не приметувам ама баш никаква разлика...Сметам дека е многу 30 години разлика, ама три воопшто не.
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Прво и основно, не смееш никако да го гушиш дечко ти! Бебе ќе имате кога и двајцата ќе бидете спремни за тоа, затоа што не навистина голема обврска. А дечко ти очигледно не е спремен, па можам и да го разберам сепак има само 18 години.
    Како и да е, тоа ќе се случи кога и двајцата ќе сакате, а не само ти. Веројатно знаеш колкави одговорности си носи бебето. Така да немој да му зборуваш на дечко ти на таа тема некое време, (така лесно можеш да го изгубиш! :!:) кога ќе дојде време ќе си направите компромис, па ќе си дојде и бебето.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.642
    Допаѓања:
    161.621
    Зборите да нема осуди,зборите за нормално и ненормално,зборите здраво и нездраво.Опростете,но не можам да се оградам од истото и ќе го кажам тоа што го мислам.
    Не,не е здраво ова инсистирање и не,не е здрава оваа желба од повеќе аспекти,ама ќе дадам потесен одговор затоа што немам доволно информации за други работи.
    Прво,ова е хировита желба и нереална потреба ко прво.Ко второ,невидлив ланец од страв да не се изгуби нешто кое опсесивно се сака со уште нешто кое уште поопсесивно се посакува.Трето, индикатор е што дечкото е помал 3 години од тебе,што тебе те прави во најмала рака подоминантна,па бараш уште нешто со кое можеш да ја имаш во целост ситуацијата во раце.Четврто,според сите критериуми и параметри тука што ги изнапиша,тврдам дека тоа ќе биде кутро бебе кое ќе биде предмет ко играчка,а потоа ќе биде отфрлено само затоа што пораснало,а ти нема да имаш доволна емотивна и родителска зрелост за да го подигнеш ко личност,а и повеќе нема да ти биде занимливо.Некој ќе рече,е како,па мајка му е,види колку го посакува.Да,но ваквото ОПСЕСИВНО,ИНСИСИТИРАЧКО посакување не е нормално и е показател на нешто.Таа сака само да има нешто за кое може да се грижи,да го контролира,да го игра додека да може.
    Побогу жени,колку теми поминаа низ форумов,што не се изначитав,тука баш најдовте да бидете либерални и полни со разбирање.
    Нормален е мајчинскиот инстинкт и супер е кога може да се рационализира,но тоа не гледам грам рационализам и реалност,туку летнатост и заслепеност.
    Простете што чувствувам жал и чувствувам потреба превентивно да напишам нешто вакво,затоа што ми пука душава кога ќе видам лоши работи понатака заради грешки на родителите!
     
    На green.eyes, sesilija, enca.69 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    А што велат твоите родители за ова? Затоа што де факто ти си сеуште - дете, да се разбереме. Нешто поголемо, ама си. Зарем тие те поддржуваат во твојата очајна потреба да си направиш бебе из чисте мире затоа што така ти текнало? :?:

    Знаеш каков совет ќе ти дадам и јас како и повеќето? НЕ! А дечкото што не сака бебе сега, па види, некако и не му се чудам.
    Мхм, не си љубител на деца и не си ни сега ама сакаш? Боже прости ми зошто? Ќе го оставиш после на улица да пита и да ти носи пари, или на секоја раскрсница ќе им го буташ на луѓето во фаца? Или ќе му правиш агугу малку и тоа е тоа?

    Мислам дека не си доволно зрела, море ич не си зрела да се справиш самата со себеси а не пак со детето. И освен она твоето кое го повторуваш тука веќе по не знам кој пат „ама јас сакам, сега“ имаш уште некој аргумент зошто го сакаш тоа бебе сега кога сте премногу млади и двајцата?
    Прилично ме изиритира твоето размислување, и ќе ти кажам отворено и сосема искрено - те визуелизирам како мало размазено дете кое ја сака својата играчка сега, веднаш, во моментов, прави намуртена фаца и со едната нога удира во земјата - сакам, сакам саааакам!
    Само знаеш што? Бебе не е играчка. Нов човек е тоа. А пред да го расипеш животот од старт на едно мало суштество те молам оди кај некој да ти удри по некоја освестувачка шлаканица, затоа што ова што го правиш не е баш рационално а уште помалку зрело. За одговорно да не правам муабет. А за нормално ич па :x
     
    На Lilit, BoaVista, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.