1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам бебе, а тој не!

Дискусија во 'Канта' започната од princess11ska, 25 септември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Има жени на кои им доаѓа природна желба и потреба под влијание на хормони и други фактори да добијат бебе и тоа веќе нема врска со мозок туку телото си бара. Ако си таков случај те жалам, ти дошло времето а немаш со кого. Не на секоја девојка и се случува такво нешто но има и такви иако денес се сѐ поретки, како и зашто нема да објаснувам, друга тема е тоа.

    Сепак размисли колку ти е желбата навистина твоја а колку под влијание на другарките и можеби потсвесната желба да го осигураш дечкото за себе. Можеби се повеќе фактори кај тебе помешани ама треба убаво да си размислиш да ги разграничиш и да си свесна за нив.

    Без разлика на сѐ, дечко на 18 години во 99% случаи не е спремен да биде родител така да него го сфаќам совршено зашто не сака.

    Ако тебе навистина те тера од внатре (а не чисто од психа) или ќе стискаш заби и ќе чекаш или ќе бараш друг што сака фамилија, друго не знам што да ти кажам.
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски
    Добро и мене ова не ми е јасно , не си љубител на деца , а сакаш да имаш со дечкото ? :x |( Можеш ли ова да ни го објасниш?
     
  3. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Да, можам. Сакав да кажам дека не сум љубител на деца, дека никогаш не ми биле интересни за играње, гњавење и слично. Па и сега иако имам желба да имам свое дете не сум љубител на деца. Несакав да помислите дека сум љубител на деца и затоа сакам бебе туку баш напротив. Неможам ни сама себе да си објаснам но едноставно чувствувам потреба од свое дете, а тоа тврдам дека не е за да го задржам дечко ми со мене!
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    :x Очигледно ти не знаеш што сакаш, ти треба време да пораснеш :x
     
  5. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Незнам зашто имаш таков впечаток но јас знам баш точно што сакам!
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Работава е сакам кажам - незнам речам.Ем не си обожавател,ем имаш потреба од свое бебе,а не ти се интересни за играње.Е ајде де :o
    Прочитај неколку пати што напиша,среди си го постот малку,смешно звучи.
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Или она ``сакам да се е**м ама да не ми влегува`` истата работа е :D
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да не пукнеш,ме изнасмеа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Ама мене стварно не ми е јасно.Отворена тема дека сака да има дете со дечкото,се осекала спремна а на крај не била обожавател на деца.Навистина некој мора да ми го објасни тоа мене.
    Девојко,расмисли прво што ке сакаш да правиш со себе а после крој планови.
     
  9. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Па јас лично сметам дека неморам да сум обожавател на деца и да неможам да одолеам кога има детенце во моја близина за да имам потреба од свое. И јас осеќам многу чудно чувство во себе кое верувам не е каприц само штета што нема зборови да го опишат за да бидам сфатена како што треба. Нема врска. Можеби смешно ви звучам, како детиште кое сака да го задржи дечко и, очајно да го врзе до себе, или како да ми е само каприц и кога ке ми се здосади ке го пушам да проси... хаха баш се изнасмеав на тоа.Гледам семафорите се полни со дечиња кои имаат 21 годишна мајка препушени сами на себе! Можеби тоа што ве буни е тоа што дечко ми е 18. Па јас не кажав еве готово го правам туку само кажав дека многу посакувам. Убаво се изјаснив и дека ке почекам, дека можеби желбата ми е моментална, дека не ми е поентата некого да заробам. Не го разбирам револтот во сите вас. Незнам што толку голем грев правам со тоа што сакам да станам мајка?!
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Па не за џабе рекле дека секој не е створен да биде родител, јас по ова твоето испомешано што го пишуваш не би рекла дека би била добра мајка па и самата си кажуваш дека не сакаш деца, а сакаш да родиш едно, епа не е само ``роди ме мајко и после фрли ме на буниште``, се си има свои последици, а ти мислам дека повеќе си љубоморна на другите мајки или млади мајки со дечиња и затоа си велиш кога тие можат зошто не би можела и јас?? Но треба мнооооогу одговорност, не само тукѕ така роди го и полсе ај не го сакам веќе, по твоетео така ќе испадне.......
    Не знам, размисли многу повеќе пред да донесуваш важни одлуки во животот :fubar:
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не е никаков револт.Ајде да кажеме дека си спремна ама дечко ти?18 години бре?Ништо не видел од животот ти бебе сакаш со него.Кај ке живеете,кој ке работи?кој ке го чува бебето?парите не пагаат од небо сами па да уживате.Тоа не е мала одговорност,ајде извади го од утробата и завршена работа.На тоа дете понатаму ке му треба школување,храна,гардероба...а и тебе ке ти требаат некои работи кои си ги користила,пример ствари во домакинството.
    Остави ги ти другарките комшиите Рајко Петко,тие еден ден ке се каат и ке си маваат галвата од зид што толку прерано се впуштиле во тие води.

    А ти како сакаш.
     
  12. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    а бе ја следам неколку дена оваа девојка имат носталгија за мама !!! сакала бебе ?!?! колку што разбрав е сама во странство упс????или грешка сум ?!?! ај девојко малку преиспитај се што ти треба? САКАМ ,НЕЈЌАМ . АЈ СО ТВОЈОТ ЖИВОТ ТВОЈ Е ШТО САКАШ ПРАЈ АМА ОСТАЈ ГО ДЕЧКОТО НЕ МУ ГО ЗАГОРЧУВАЈ ЖИВОТОТ ! малечок е тој за врска со тебе и за твоите носталгични налудничави идеи бебе ,бебе,оди вештачки оплоди се па роди си и гледај си го ако си толку способна не го земај на душа дечкото ! и ,,АКО ТИ ЗДОСАДИТ БЕБЕТО ШТО КЕ МУ ПРАЈШ ПОСЛЕ????НА ПОСВОЈУВАЊЕ КЕ ГО ДАЈШ КО КЕ ТИ ПОМИНИТ ПУСТАТА ЖЕЛБА???,,

    П.С. сите се устручавет да не те навредат ама мене ми пукна филмот извини ама ЈАС мислам дека си разгалена со нестабилен карактер !
     
    На koritsaki, calliope, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Хахахахахахахахахахахаха добро, важи... хаха фала за советот екстра е!
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Тешко бебето кое ке го роди подоцна :x
     
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Па нели совет сакаш? Тие што пишуваат на форумов углавнома сакаат дискусија и совет, така да зошто се смееш на феминката што ти пиша за нејзиниот совет, е стварно веќе напорна стануваш, веројатно сакаш времето да си го поминеш и да бидеш интересна, јас повеќе нема да коментирам залудно, нема потреба :swear:
    Среќно :hai:
     
  16. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Нема веќе што да кажам сите си кажаа и сите ги подржувам само еве едно позз до Принцесс11ска !!

    http://www.youtube.com/watch?v=v1vTESfdIKs :D :D
     
  17. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Апсолутно си во право. Темава ја отворив НЕ за тебе да те напињам!!!
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Зашто сметаш дека има револт, јас не бев воопшто ироничен туку крајно сериозен и ти кажав ако осеќаш внатрешна желба за дете а не можеш да го имаш те жалам, и тука бев искрен, тоа значи хормонскиот систем ти бара мајчинство.

    Нормално ќе има и такви што ќе ги буни како тоа не сакаш деца а сакаш свое на 21 година, мене со жени веќе ништо не ме буни (не сум ироничен) така да не се вреѓај одма ако некој не те сфатил. Форум е и емоции тешко се изразуваат.

    Чим го сакаш дечкото а он не сака дете немаш друга опција освен да чекаш :).

    Тука сме за муабет е не некого да осудуваме посебно ако е искрен, јас ти посакувам што побргу да си добиеш бебенце со човек што го сакаш и да бидеш прекрасна мајка, па кога дојде тогаш :).
     
  19. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Па никој не ме сфати како што сакам. Гледаш има и убав начин да се искаже ставот а мене речиси сите ме направија ненормална, ми се изначудија на паметот, доста констатираа дека сум незрела, го жалеа детето што некогаш ке го имам и слично! Јас нормално сакам искрени мислења ама сметам дека особено со некој што не го познавам треба да сум по љубезна да се изразам. Јас лично сум порочитала по форумов многу, глупави(според мене) и мислења и теми па ако сакам да дадам мислење никого не сум го исповреѓала, не сум го осудила и не заклучила дека тој човек е ваков или онаков. А, за мене девојкиве заклучија дека не заслужувам да бидам родител, дека воопшто не сум зрела, дека детето ке го фрлам, дека нема да знам да го воспитам и слично. Па се почувствував навистина повредено. Сметам дека нормално секој треба да си го каже својот став и она што го мисли и секако прифаќам критика и не ни барам да биде тоа како што пиша една девојка со улизуважки зборови него сметам дека за се има убав начин да се каже нешто, немора да има вреѓање за да разберам дека некој не се согласува со мојата потреба за бебе. Искрено нељубезниот начин мене ми е навистина многу прост, особено со некого кој не го познавам! Едноставно не е мој стил.
    Небарам да ми кажете дека ке би била прекрасен родител ама дека не заслужувам дете и дека го жачат детето што јас ке го имам?! Не е малку тоа сурово?!
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па искрено, не ми звучеше прееска нешто посебно повредено.

    А извини кој ти рече дека не заслужуваш дете? Пу пу скраја да е! Секој заслужува дете. Но ретки се тие кои толку млади успеваат зрело да се погрижат за детето, особено кога те прочитав како размислуваш.

    Поправо речено, целата си „сакам кажам - не знам речам“. Дури и ми се чини дека си играш мајтап тука.

    Да не грешам душа, ама таков впечаток добив.

    Пази ти ако си решена да го имаш тоа дете, ти ќе го имаш, со овој или со друг дечко. А дали некоја Пирамид, Пеликуна или Коритсаки ти пишале на некој форум колку не е добро тоа решение, нема баш да ти го смени мислењето нели? ;)
    Си дојде по поддршка, си праша за совет, си доби одговори, епа жал ми е ако не се совпаѓаат со она што го очекуваше. Не секогаш во животот нашите луди идеји наидуваат на поддршка. It's a cruel world outside - свет во кој ти сакаш сега да донесеш дете, чисто онака, пошто - сакаш.

    Адиос од мене :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.