Сакам брак со маж кој сега се разведува. Како да им кажам на родителите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rennata ^^, 13 ноември 2014.

  1. Rennata ^^

    Rennata ^^ Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво нова сум на форумов и најпрво здраво на сите Вас со кои се надевам ке си помагаме едни со други... Имам дечко една година т.е се гледам со женет човек чиј брак е на прагот на распадот. Немам проблеми во врската, среќни сме и кога ке заврши бракоразводната п-ка сакаме да стапиме во брак но сакам да ми каже некој од Вас како на полесен начин да го соопштам тоа дома на моите, бидејки со оглед на ситуацијата каква што беше до сега тие не знаат за нас. Мајка ми се знае со него, се има и запознато но го знае само како брат на мојот најдобар другар. Оние кои ме осудувате заради оваа моја состојба Ве молам воздржете се од секакви коментари а оние од Вас кои сакаат да и помогнат на оваа збунета глава нека пишат, па и јас сум тука за вас со мои совети. Поздрав и Ви благодарам однапред :)
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    24.081
    Јас викам дома да им кажеш , бремена сум и се венчам за 2 месеца , патем дечкото беше веќе женет и сега сака втора мајка да проба со мене.
    Замисли фаца на татко ти и мајка ти , тоа би платил да го видам на јутуб.


    Иначе нема лесен начин , само кажеш и стапувате во брак.
     
    На EdnaDevojka21, Dream-Girl, simonka93 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Zasto brzas. Daj si vreme na sebe i na nego. Pocekaj nekoj 6 meseca, vidi da ne e samo euforija. Posle ke bide polesno i za tebe i za roditelite.
    Ako jas ti vikam taka, jas koja sum najtolerantna i razbiram se,znaci dobro e pred da seces da premeris.
    Ako moe dete se sooci so vakva situacija, jas ne bi imala nikakvi predrasudi okolu toa. Samo edno bi me grizelo - odlukata e prerana, uste razvodot ne e zavrsen i sodjvakan.
    Ne gi voznemiruvaj roditelite, daj si nekolku meseci i razmisli.
    Vo meguvreme procitaj ja bilo koja kniga od Penny Vincenzi ( gi ima 15, 4 od niv se prevedeni na Srpski), ke ti pomogne da doneses odluka.
    Citaj pretpazlivo sto napisa Renata. Ako nemas nisto pametno da kazes,nema potreba od zeleni.
    Razmisli pred da napises dali povreduvas nekoj.
     
    На mims-89, Gordana10, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Gmai

    Gmai Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Според мене чим се сакате и толку сте издржале почекајте додека не се реши целосно работата околу разводот сепак мораш да бидеш сигурна и ти и твоите родители дека ќе биде се во ред во твојот живот, тие се твои родители сигурно би те сватиле и би наравиле се да бидеш среќна треба само време и трпение ако тоа им биде кажано на добар начин а за тоа треба да го најдеш самата вистинското време и место би требало да те сватат ... со среќаа !!!
     
    На Rennata ^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    @Rennata ^^ Овде на форумов не очекувај поддршка од сите. Ќе те нападнат, ќе те осудат и тоа деца кои што сеуште цицаат.Ова што ќе ти го кажам не го зборувам на памет.

    Лесен начин нема за да кажеш дома. Ќе биде исто како да си фрлила нуклеарна бомба .
    Ќе викаат ќе се закануваат во стилот како можеше, ти девојка тој разведен, што ќе кажат комшиите, роднините итн. Добро и тоа ќе помне ако ти си решила.

    Друго сакам да ти кажам и да те предупредам. Погоре една феминка добро ти кажа, размисли, причекај, да не е само еуфорија.
    Од каде знаеш дека истото нема да ти се случи и тебе како на предходната сопруга?

    Не е лесно со разведен маж верувај, а осебно со некој кој е научен од цвет на цвет. Ова што го напишав не мора да значи дека ќе биде така, ама нека се разведе не рипај одма. Чекај работите малку да стивнат бидете заедно не велам не, ама дајте си малку време како слободни за да видите како ќе се одвиваат работите.
    Толку од мене со среќа.
     
    На EdnaDevojka21, Dust, Gordana10 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Rennata ^^

    Rennata ^^ Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Вака, јас сум сигурна дека ме сака и дека ке ме земе, воа тоа сум МИЛИОН % сигурна заради тоа што го познавам и не сме деца да се лажиме, купивме и стан но ке ве послушам и ке почекам да помине уште некое време па крај на крај ке почекам додека не се официјализира разводот за да ја соопштиме веста како и што Вие ми нагласивте. Тој е исто така спремен да дојде и заедно да разговараме со моите за да ги ''омекниме'' т.е да сфатат дека нашата љубов е една од многуте со ваквов проблем и пред се тој има сериозни намери со мене. И јас, и моите знаеме личности кои во вториот брак се среќни за разлика од првиот. Како што постои свадба, постои и оставање нели? Зошто цел живот да си легнуваш и да се будиш покрај човек кој не го сакаш и Крај на крај, Ангела Меркел, како и многу други претседатели, врвни политичари, спортисти, естрадни уметници и сл. се во втор брак и се пресреќни. @toogood свесна сум за таквите личности, ги имало, ги има и ќе ги има, тоа се според мене искомплексирани личности што всушност не се на форумот заради нудење помош или барање совети, туку едноставно за да повредат нечии чувства, морал и сл. Ви благодарам на сите на советите кои ми ги дадовте и на времето кое што го издвоивте за да ми ги дадете тие совети исто така... :*

    @Daleron најдоброто за тиe деца е игнорот ... Не сум тип на девојка која би се спуштила на нивно ниво за да се расправам.. :*
     
    Последна измена: 14 ноември 2014
    На Gmai му/ѝ се допаѓа ова.
  7. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    I jas bi ti rekla da ne brzas, da pocekas.
    Ne me interesiraat detalite licno mene no ima nekoi raboti sto ne gi spomna. Dali ima deca? I iskreno i ova so stanov me zaduma. Do sega kaj sedese toj? Kaj zena mu? Ili si imaat kuka/stan? I sto so toj stan/kuka? Ima mn nejasni raboti. Vnimavaj dobro razmisli. So sreka :)
     
    На EdnaDevojka21, Rennata ^^ и tessie им се допаѓа ова.
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Рената, секое девојче ќе ти каже следи го срцето, но јас ќе ти кажам подалеку од срцето, а поблиску до разумот. Немој секогаш да мислиш дека тој што те негира и оспорува дека ти мисли зло. Некогаш луѓето од тоа што воопшто не им значиш ќе ти го кажат тоа што сакаш да го чуеш, но тоа не значи дека ти мислеле добро. Се гледа дека си заљубена, но секогаш во врска има и друга страна, неговата! Мој совет е чекај уште 1 година за да видиш дали волкот си ја менува кожата. Влегуваш во доста деликатна ситуација со можност да загубиш многу работи и доверба од околината, а највеќе своите родители. Чекај, почекај, трај уште време за да видш што и како е.
     
    На Dust, galapce и Rennata ^^ им се допаѓа ова.
  9. Rennata ^^

    Rennata ^^ Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @Петре Прличко па така и одлучив, мои блиски другарки и сестра ми ( која единствено она ја знае ситуацијата ) исто така и форумките а еве сега и ти ме натераа да размислам и да почекам.. Мислам дека не би направила грешка доколку почекам па макар и уште 1 година за да бидам сигурна.. Мада сигурна сум, незнам како да кажам УФФФ стварно сме сериозни, го купивме и станот каде планираме да го прошириме семејството али ајде шо ке биде ако станот почека една година празен за Рени да биде сигурна, хихихихи :D
     
  10. ivence69

    ivence69 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Од целава ситуација едно не ми е јасно дали човеков со кој си има деца од бракот што се разведува и тоа е многу битен податок за во иднина да си знаеш друго е разведен маж без обврски и разведен ама со обврски
     
    На Rennata ^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rennata ^^

    Rennata ^^ Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @ivence69 има, едно ама мене не би ми сметало. @merida Дечко ми финансиски не стои добро, туку ПРЕ добро, никогаш нема да се чувствувам загрижено или неубаво дека неговото дете од првиот брак нема да биде задоволно од нешто или сл. Крај на крај па и не и ни бара на жена му да си оди од станот во кој моментално живеат, и го остава нејзе за да живее со детето, од причина што таа е од посиромашно семејство и баш и нема услови за живот. Охххх абе овој брак е склучен всушност само заради детето. Јас живеам во мало место и уште кога тие стапиа во брак се знаеше зошто стапуваат во брак.. И тоа на 18 години... Девојката остана трудна, и тоа не му беше девојка-девојка, туку женска со која се моташе месец, два ама ете се залепило..................... :@ :D
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.536
    По првото твое мислење, мојата реакција беше - Ни прва ни последна. Има респект кон родителите штом се секира за нивната реакција (браво). ХМММ па родители се, ќе сватат. Најпрво ќе има вау-бау, но кој родител не сака среќа за своето дете. И...живот е ова, не е генерална проба.

    Но...
    Не ми се допаѓа колку брзо ти го промени ставот од ЌЕ СЕ ЗЕМЕМЕ ОДМА, до ДА ЌЕ РАЗМИСЛАМ (колку битен фактор станаа нашите сугестии од вчера до денес?).
    Друга работа, детето не се залепило :) Твојот дечко и тогашната му девојка, сега жена воделе љубов (сигурно повеќе од еднаш) и зачнале дете. Утре тоа дете ќе бара не само пари (тие не се проблем, ги има ПРЕмногу) туку и љубов, внимание.
    Не те напаѓам! Сакам да ти кажам дека колку порано сватиш дека твојот иден маж има минато и колку побрзо сватиш дека треба да го респектираш тоа минато, ќе ти биде полесно во иднина.
     
    На simoncelicius, Jagoda123, flowersss и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Rennata ^^

    Rennata ^^ Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva не реков дека ке се земеме одма, да заврши бракоразводната п-ка, да мине време да им соопштиме на моите и онда тек свадба.. Јас го прифанав неговото минато уште во моментот кога започнав да се гледам со него и воопшто не ми смета неговото минато. Јас го сакам, ме сака и тој мене и тоа е тоа, вашите сугестии беа да почекам со домашните додека заврше разводот и тоа и ке го сторам, кога официјално ке биде слободен, ке одиме кај мене со него и неговите и оп оп, абе нема шанса да не ме дадат бееееееееее, срцка ми е дечкото го знаат и моите и фамилијата негова и мојата се во супер односи така да мислам дека ке им биде мило да се посватат, а и да кенкат ке легнат на брашното...барем така мислам.. :D се за нивната една и единствена Рени.... Држите среќа луѓееееее, мнооогууу го сакам, незнам да живеам без негоооооооооо :))))))))))
     
  14. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Вака Рени со постов немој да ме сватиш погрешно.нема да те осудувам иако заслужуваш што се мешаш кај што не треба ама ај,
    имав ваква случка на моја братучетка се леташе исто како тебе и на крај наеба.
    кажуваш една година сте заедно?па тој до сега неможеше да се разведе ?купил стан па самата кажа дека со финансии стои предобро .си купил човекот зашто да не коа има пари а и на негово име е а и треба негде да имате односи нели? а и коа ке се разведе се што има ке дели со жена му станот го купил додека е у брак со неа не заборавај.и друга работа тој човек има жена дома и дете тоа е фамилија како тебе што ти е со мајка ти и татко ти фамилија семејство..а он посегнал по друга жена во случајов ти ...не му идело со женава и ајде дај нешто друго ..од кај си сигурна дека он ке се смени и ти нема да го доживееш истото?
    незнам ни колку години имаш ни ништо ама не летај не брзај .. а и не е единствен на светот има милион мажи на светот и ке си најдеш некој кој ке биде женет само еднаш и тоа со тебе и ке знаеш дека е твој и ке има дете само со тебе и целата љубов и првата радост ке ја поделите заедно.
    не верувај на машки ветувања братучетка ми нема што немаше со него нема кај не беше со него цел свет ги виде заедно и на крај испадна дека он од разводот нема ништо се е океј и си чекал учте едно бебче.дзабе и шетања и коли и станови и празни ветувања. немој да се навредиш ова со добра намера ти го кажав.со срека и поздрав:*
     
    На JustFun, Candid, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Renatka go cenam tvoeto resenie. Od mene imas 100% podrska. Mojte koleski se site po 2-3 pati mazeni.Jas sum dlaboko uverena deka lugeto posle prviot brak se mnogu po zreli i tocno zaat sto baraat od sledniot.
    Nie sme roditeli, lutele , ne lutele ke si legneme na brasno. Ama priodot e mnogu vazen. Probaj nezvanicno, niz gledanje filmovi da ja otvoris temata, da bi znaela nivna reakcija.Ti si gi znaes tvojte roditelite.
    Ideava da kazes zaedno so momceto, nekako e mnogu hrabra. Mozno e da se zavrsi so burna reakcija (balkanski mentalitet) i da se kazat nekoj zborovi (sto ne bi bile promisleni vo toj moment) sto toj bi gi pamtel cel zivot.
    Znaes ti kako treba, bez mnogu turbulencii.
    Ajde nemaj gajle, se ke si dojde na svoe mesto.
    Baba mi 1916 za Srbin (okupatorot), begalka otisla, pa i toa pominalo.
    Se za ljubov.
    Sega gi docitav postovite i sretnav dete.
    Vidi devojce, taa rabota e mnogu golema, posebno za Makedonski mentalitet.
    Znaejki gi Makedoncite, po toa prasanje ne se cosmoplolitni. Treba da znaes deka toa ne e kukla, pa ja sakam, ja nejkam. Ti sakas da zemes covek so kuferi. Imas li ti sila kuferite da gi nosis, celzivot na tvojot grb. Za proba napuni eden ranec knigi (taka okolu 20kg.) i nosigo so tebe, cel den ( i vo WC).Ako ne ti smeta togas si spremna. Ova mozda smesno zvuci, ama mila moja toa e toj tovar koj cel zivot ke go nosis so sebe. Spremna li si da go sakas deteto isto kolku nego? Ako ne?.....
     
    Последна измена: 14 ноември 2014
    На Rennata ^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rennata ^^

    Rennata ^^ Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @toogood ке скренам срцко, сакаш ми верувај, сакаш не, ама ке скренамммм.... Незнам шо да правам стварно незнамммм ке полудам.... Многу тешка ситуација во коа шо мене ми е најтешко а немам подршка од никој т.е од никој неможам да побарам совет или едноставно само да ме ислуша..Единствено знаат да те осудуват а низ што миниш и како ти е никој не знае а напротив сите се однесуват како да знаат па и згора на тоа прават да се чувствуваш долно, болно, и како да не припаѓаш тука... е мене сега ми е така. А станот кој шо го купиме пред два дена на нотар бев јас со мајка му и го префрливме на нејзино име оти она инсистираше, а мрзе снаата од дното на душата... Е тоа не ви спомнав, неговите знаат за мене и сум у супер односи.... Неговата моментална жена никогаш немала убав однос со неговите и од никогаш не а сакале поготово мајка му.. Не сака да а смисле.. Постојано тврде дека тоа не било брак од љубов, дека жена му не сакала да се исчисте кога и рекле заради парите, до последно и бараа да абортира абе уфффффффффффффффф па и мајка му притисок вршење аууууууу она најмн напиња за свадба..................луѓе ПОМАГАЈТЕ ке скренам мајке ми !!!!!!!!!!!!1

    И викам, тетка Лиде ами и мене вака коа ке ти бидам снаа ако не ме сакаш?
    Ми вика, неа не а сакав од никогаш, ти си друго, тебе те сакам и сега еве пред да ми бидиш официјално снаа :D offfffffffffbeee оффф оф офффффф
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Ќе додадам уште нешто. Тој цел живот ќе биде врзан со таа жена поради детето.
    Вака или онака ќе комуницира. Запрашај се самата како би се чувствувала кога сред ноќ таа ќе му се јави дека детето има температура и треба да одат на лекар.:headbang:
    Ако можеш тоа да го замислиш, а воопшто да не те пецне тогаш е во ред.
     
    На EdnaDevojka21, Lovely93 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  18. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    264
    Ne znam kolku godini imas ama sigurno ne poveke od 17 spored procitanive postovi.
    Toa sto pisa deka e PREBOGAT mislam deka vo momentov ne e bitno i ne stanuva zbor za toa.
    Sledi interesnata situacija - sega ispaga ti idniot ti maz i tvojata mila svekrva bevte da go kupite stanot i uste po interesno stanot e na ime na svekrvati. Zosto ne go pisa na tebe stanot koga veke ste tolku sigurni? Sigurno ne bi mu bilo problem I tebe da ti kupi stan neli? Kolku niska rabota - ja nekam snava tebe te sakam za snaa.
     
    На Victorian, Lovely93, flowersss и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    185.846
    Пол:
    Женски
    Се ми се чини дека серијава ќе има уште продолженија
    :fubar:(facepalm)
     
    На jb82, simoncelicius, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    75.478
    Пол:
    Женски
    Ми се чини темава е во погрешна категорија.
    Рената што да кажам,се е тоа убаво ама има нешто ... прво не е убаво што ја осудуваш жената зашто не се исчистила и го родила тоа дете.Зарем требала да ги послуша сите ?Вака го родила,најверојатно таа него повеќе го сака отколку тој неа и има дел од него.Станот секако дека нема да биде на твое име,зашто тоа не е една кошула па дали ти ќе ја носиш или не,не е важно.Треба да се потрудите да створите заедно.Тоа што тој и го остава станот на неа покажува дека не му е баш сеедно кај ќе биде таа.Зашто има мажи што едноставно ќе ја исфрлат (бившата)сопруга на улица и ич нема да им е гајле.Детето како дете јас не го гледам како товар ама обврска е .Ќе бидеш ли ти спремна да го делиш со него.Детето тебе можеби никогаш нема да те прифати,зашто едноставно во неговото главче ти го крадеш тато.И за тоа треба да бидеш спремна.Точно е дека луѓето повеќе пати се женат/мажат,ама никој не гарантира дека и вашиот брак ќе успее.А можеби и ќе биде совршен дај боже.И сега главното прашање заради што си ја и отворила темава.Зошто ти е непријатно да кажеш на твоите?Дека е разведен?Дека има дете?Дека веднаш стапуваш во брак со него ,а претходно ни постелата не му се оладила.Сакам да верувам дека е голема љубов ама немој да се случи утре ти да бидеш заменета со друга.И не е важно дали свекрвата те сака,важна е неговата љубов и почитување.Возрасна си и треба да бидеш сигурна во себе и во своите чувства,и тогаш нема да имаш проблем.
    Некако имам впечаток како да си еуфорична ,да брзаш нешто да не изгубиш,не знам.Полека не за џабе велат старите утрото е попаметно од вечерта.
    Во секој случај не ми замерувај што го коментирам тоа што ми привлече внимание.Ти посакувам да си бидеш среќна.
     
    На LovedGirl, sparklie, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.