1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам брак со маж кој сега се разведува. Како да им кажам на родителите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rennata ^^, 13 ноември 2014.

  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Неколку дена ја следам темава и конечно да си кажам што мислам!!! Renatta мила почекај, успори малку, првин нека се разведе човекот, па потоа правете муабети за свадба!!!
    Можеби типот кога ќе ја почувствува слободата и ти ќе му станеш „вишок“! Можеби ќе наиде некоја друга атрактивна девојка - исто како што ти си влетала во неговиот брак!!! И немој да се лутиш, но никако неможам да одобрам врска со оженет човек!!! Од таа ваша врска патат многу луѓе - жена му, детето, нејзината фамилија... Требало да размислуваш како да им кажеш на родителите во моментот кога си ја почнала таа врска, сега кога си дел од уништувачите на едно семејство кажувањето на родителите е најмалото зло!!! Штом се мислиш како да им соопштиш на родителите значи и самата знаеш дека нешто не е идеално во твојата врска со оженет човек!!!
    Сепак, што е тоа е!!! Небрзај со чекорите во врската, успори, почекај да помине некое време, па ако остане се како што треба - со среќа!!!
     
    На Emily Dora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Се изначитав глупости од типот неговото дете единствено ќе те мрази, имал друга, нејзе некогаш ја сакал, и ја откачил и тебе така ќе тит направи, жена му бивша ке го барала на телефон...дрн дрн. Ко од паркот Јура да сме.
    Имал жена, се разишле, се развеле, и дал стан, нема лоши клетви и мисли, имаат заедничко дете, двајцата го чуваат ,тој си продолжил со животот, пак се заљубил, нашол нова жена која го прави среќен, можеби и бившата нашла нов кој ја прави среќна и сите убаво си живеат. Многу нормално и цивилизирано. Сите ке имаат уште деца. И децата ќе ги знаат своите полубраќа и сестри. Јас како што гледам, овде е случај со маж кој направил една грешка во животот на млади години, но сега е способен и здраворазумен и може да има убав живот со новата жена. Проблемот е во родителите, кои не сакаат ќерка им да заврши со разведен, од ставови кои ги имаше пред 20 години. Сега веќе не е така.

    Мислам дека само треба да кажеш, да објасниш дека се сакате, дека те прави среќна и дека очекуваш од нив да те поддржат, бидејќи ти значи нивното одобрување многу.

    Знаеш, по 40 години, кога ќе бидеш стара и сама и кога ќе нема кој да те покрие, да ти измасира стапала и да се смее како се расправаш со телевизорот, единствено ќе жалиш што заради народот, заради родителите кои одамна ќе ги нема, си останала сама. Затоа, прави како што мислиш и сакаш. Омажи се, имај си деца со него и сакај го колку што те сака и тој. И не набивај негативна енергија кон детето, не го мрази, не зборувај лошо кон бившата негова, биди цивилизирана. И почни нова етапа од твојот живот. Со твојот маж.
     
    На Iamstorm, Reja, anina и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    ние можеме да си дебатираме вака до немај каде.. не гледам поента веке на дискусијава овде сите сме со различни сваќања а на девојчево неможе никако да и помогнеме она се си има решено и се сама си кажа.
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    @Cka
    Бракот му бил на прагот на распадот.
    Разводот не е ни почнат... а тоа битно ја менува ситуацијата.
     
    Последна измена: 17 ноември 2014
    На fighter и Cinderella12 им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Како бе тоа знаете дека е трол а често ја посетувате темата и коментирате во нејзе?
    Љубители на тролови сте?
    Ако е таа трол а ние посматрачи,проблемот е во нашите глави,не во нејзината.
    На тролот му е доволно да се појави и да ни го мери мозокот.
    Шо се нема да се изначита човек низ темава.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Навртив чисто да видам до која епизода е серијата.
    Ќе нема втора сезона ми се чини.:?:
    Рената што се случи?
    Нема продолжение изгледа се деактивирала.
     
    На fighter, cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Укината е заради слаба гледаност.
     
    На fighter, cresa-jagoda, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Trouble in paradise!
    Untitled.jpg
     
    На EdnaDevojka21 и fighter им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не е прв ниту последен типов што ќе се разведува. Познавам многу примери кои после разводот почнуваат нов живот и многу добро им оди.
    Таа (жена му) да била многу добра ќе ја сакала и свекрвата, ќе ја сакал и маж и. Толку.

    Од кај да знаеме која е вистинската причина за разводот? Може не е Рената. може е нешто друго.

    Дајте и подршка а не клише совети од типот барај друг, од толку слободни момци бла бла.. Таа веќе одлучила што да прави а нашите совети ќе и бидаат само да прочита мислења и да знае што ќе ја чека од околината... Секако ќе има осудување од страна, родителите можеби нема да ја осудат а може и ќе ја осудат не знаеме, таа бара начин како да им каже а не мислења дали свекрвата ќе ја сака, дали ќе им цвета во бракот или дали ќе остане со сопругата во контакт. Тоа секако дека ке се случи. Јас само ќе кажам прво разводот па потоа се друго.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Токму така, вистинската причина за разводот не ја знаеме, па претпоставката дека ако жена му чинела ќе ја сакала свекрвата а мажот нема швалерка да бара е ама баш :puke:
    Ималку касно е за прво развод па се друго, бидејќи аферата трае една година. Се почнало веќе од се друго, а до развод дали воопшто ќе дојде не се ни знае.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Луѓе верувајте некој што е решен да се разведе нема да чека 1-на година, туку после месец дена ќе се разведе.
    Што значи типот не е одлучен и само го залажува девојчето.
    Јас не велам дека можеби нема да им оди, ама нека се разведе бре. Девојчето си прави сценарија во својата глава, па дури и мајка му е вовлечена во сета оваа маскаријада.
    Познавам девојка која со години беше лажена од такво говедо, за да тој секогаш изнаоѓа некоја причина за да не се разведе. Поминаа годините тој не се разведе, а девојчево (сега веќе жена) остана само.
     
    На bittersweet, senza.parole, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    И троловите знаат да отворат теми кои се за некого секојдневен проблем. Без разлика дали е трол или не, темата е на место.
     
    На Daleron и tessie им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Токму така @Daleron
    Таму каде што нема иднина, едниот ги пакува стварите, облеката и го напушта станот. Знае дека не може да издржи ниту минута повеќе со таа личност, во тој дом.

    Најпрво му е потребно физички да се оддели од таа личност, да не го дели просторот со нејзе, па потоа со ладна глава и поддршка на своите најблиски ги врши процедуралните работи.
     
    На bittersweet, senza.parole и Daleron им се допаѓа ова.
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ама да, не ја знаеме вистинската причина за разводот. Ти ја знаеш? Јас ја знам? Ја знаеме? Не. Сигурна сум дека има уште нешто а само погодуваме. Девојчето е причина плус. Никој не фаќа швалерка туку така. Никој. Некој заради нестабилност во бракот и немање љубов и почит, други заради почести караници трети заради нешто друго.
    Не е секогаш мажот виновен за распадот на некој брак или врска.. И ние жените знаеме некогаш да бидеме лошите во приказната.
    Да имало барем и малку љубов, и почит од свекрвата ќе беше друга приказната. Ем ќе имаше подршка од свекрвата, ем ќе го советувала син и.
    А затоа и реков, прво нека се разведе па потоа планови
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Ај уште еднаш да се сложиме дека не ја знаеме причината за развод (иако човеков никако да се разведе година веќе, туку си тера афера и дома како попче се враќа кај жената).
    Поради тоа ја отфрливме како единствена претпоставката дека мора да е до жена му, оти нели ниту свекрва ниту маж ја сакаат
    Дека уствари се може да биде причина за развод во еден брак.

    За еуфоријата и розе наочарите на девојкава ич да не коментирам.
     
    На fighter и Daleron им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На fighter, duffi, Waka-waka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Уште малку вие ќе се испотепате а девојкава која ја започна темава не ве ни чита валда..
    Сигурно и си го заборавила форумов грижејќи се за својот живот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не бе луге, не се зезам. Што ви е вам?
    Ме терате да кажам пример од моја блиска фамилија кај што се разведоа и сопругата беше виновна. Да, беше. И тоа најголем виновник. Кучка, дволична особа која на крај ги остави и родените деца на цедило. Никој не ја сакаше и за тоа сите имаа голема причина. Не се срамам да го кажам тоа. Тој, човекот од примерот за кој ви спомнувам сврте нов лист, со друга личност а таа и ден денес им го загорчува животот.

    Зошто мислете дека мажот е секогаш виновен за распад на бракот, на некоја врска?
    Тргнете ги розовите очила и гледајте малку реално.
    Не може секогаш жената да биде таа напатена оставена душичка затоа што маж и фатил швалерка, не ја сакал или нешто трето. Секоја приказна има две страни.

    Не го бранам дотичнатиот ниту Рената во овој случај ама совети од типот : Стави се во ситуацијата на сопругата или на детето се одвишни. Ако решил човекот да ја остави сопругата се е залудно. Ако не била Рената може ќе била и некоја друга. А сите знаеме дека на сила убавина не иде.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Ура за сите што едвај ги чекаат ваквите епизоди за да ,,разрешаваат,, туѓи проблеми.:bow:
    До кога вака наводно сме решени да помогнеме на другите,за отпосле да осудуваме,и кога ке ни стане здодевно да изиграваме ловци на тролови.
    Дали се работи за голема доза на здодевност или сеирџијство?
    Дали е побитно да се наполни нечие секојдневие со потполна доза на сеир или подобро лабилните карактери(па макар и да се работи за период)да не се буткаат во бездна?
    Но едно е сигурно,едните имаат потреба од другите.
    Амин.
    Не сум трол,не сум трол.(poolparty)