Абе ми идат често напливи на енергија и фаќам по дома да беснеам и онака на душа ми фали да идам да се истрчам
Епа фала Богу така што е, замисли за 1 месец да можеше по 3-4 кг да се става, невозможно. Барем на природен начин невозможно. А и тоа мислам индивидуално пак е, дека нели имаш клиенти послаби што се, ектоморфи што се и што им треба време да се зајакнат и стават мускул, не им иде така лесно колку и да вежбаат и да се хранат како што треба за разлика од мезоморфите. Појма неам шо сум ама изглеа нешто помеѓу мезоморф и ендоморф за жал, комбим Малце може и мешаме зацврстување и раст на мускули и се буниме ама сум убедена дека имав раст. Ама добро сепак не може мускулот ко салото да зафаќа толкав волумен, а поише тежи. Ко шо викаш 600г мускул и 600 г сало, секако нема исто да изглеа, мускулот може помалце видлив ќе е ама затоа салото и те како. У право си, баш коа вежбав често со ластик со отпор и ќе приметев одма нозете поготово ко напумпани малце поише па после ќе спласнат, не скроз ама нема да се дотолку. Дали е хипертрофија права тоа не знам ама дека имаше раст некојси имаше, и на вага се покажа, и да е резултат од јадење поише него ли од вежбање сепак го имаше. Да да, видов и во обемот разлика, се мерев, некој сантим и во колковите беше во плус и кај задникот. Ако убаво е тоа што си енергична, беснеј и лумпувај без гајле, ич да не ти чуе. Иначе па почни де помалце ако не, без форсирање, колку можеш толку, никој не те брза, полека и ќе зголемиш постепено и сила и кондиција. Камо ја ко тебе да иам желба за трчање, едноставно неам, а на тој начин најубаво би стопила тоа што ми е вишок. Све би праела ама трчање не, може брзо одење ама баш трчање, не е за мене. Само пази ти, викаше знам дека си ослабела, немој уше толку ќе ослабеш па после да се жалиш. У тој случај ќе мораш тежински тренинг и јако да се запнеш, иначе нема облини.
Здравоо Сакам да почнам да вежбам, да си ослабам а и повеќе енергија ко да имам така, сеуште не симнав вишок од ко бев бремена, 20кг ми се плус, си ги шетам веќе 7 месеци Моментално сум на режим од нутриционист, и сакам да почнам од програмите на Клои Тинг, бидејќи и се и за почетници, а ја имам вежбано и порано, и евентуално плус можам на трака да трчам, ја имам дома.. не можам да отидам во теретана оти сум со мало бебе, исклучена ми е таа опција Дали ќе е доволно само тоа или ми треба и нешто плус? Конкретно оваа програма прва би ја започнала, https://chloeting.com/program/2023/weight-loss-challenge Ако имате плус совети, добредојдени би ми биле Дали да форсирам повеќе вежби за стомак бидејќи најмногу ми смета, ко да е цел останат после 2 царски.. Или тоа подоцна од ко ќе симнам барем 10
Со вежбање можеш да си го забрзаш метаболизмот, да се затегнеш и зацврстиш како резултат на зголемување на мускулатурата. Освен тоа, ќе ти помогне да се чувствуваш поенергично и психички поубаво. Сето тоа на индиректен начин може до некаде да помогне малку да го убрзаш процесот на слабеење. Но, вежбањето само по себе не те слабее. Те слабее калорискиот дефицит. Тоа што нутриционист ти дал исхрана е важен чекор што си го направила бидејќи исхрана е 70% од процесот на губење телесни масти. Исто така, концентрирањето на вежби околу стомакот во никој случај нема да ти помогне да го ослабеш стомакот. Единствено што ќе постигнеш е зацврстување на стомачните мускули под мастите на стомакот, што нема да донесе никакви видливи резултати. Во најголем број од случаите, генетиката игра најголема улога во поглед на тоа кој дел од телото слабее прво. Ако имаш таква среќа, ќе губиш масти околу половината. Како и да е, остани константна ви процесот и едноставно целото тело редоследно ќе си губи масти. Така да, сконцентрирај се генерално на вежбањето во целина, и што е уште поважно, исхраната.
Многу ти благодарам! Мене проблемот ми е долниот дел само од стомакот инаку, под папокот, бидејќи имам форма на песочен часовник таму не сум била поправена, освен сега веќе, би требало да се тргне и тоа тогаш штом симнам килажа, така мислам барем сега, ќе видиме за три месеци отприлика
Здраво, ја би сакала некој да ми даде совет како да накачам телесна тежина и кои вежби да ги применувам за задник и нозе. Многу брзо слабем а тешко се поправам
@Ajronmen дали е лошо ако стомачните мускули ти се зацврстени и оформени веќе претходно ама се под мастите на стомакот, мислам дали пречи тоа на слабеењето и претпоставувам нема да се стопат и тие со све мастите, штом сум у процес на топење? И дали е доволно покрај тренингот да се праат по 100 стомачни или пак поарно е 100 после загревање и уште 100 пред cooldown? Ова зборам да се практикува 5 пати неделно, тие дена кога вежбам, обавезно да ги вклучам.
Има ли некаква врска дали вежбам пред или после оброк? Освен што ми е тешко да скокам најадена, дали влијание на нешто друго?
Не е воопшто паметно да вежбаш кратко после јадење. Отприлика саат ипол до два, три после јадење се вежба. Чисто од причина што само може да ти се слоши и да повратиш.
Знам и мене ми е поубаво од сабајле на гладно ама со децата додека се оправам прегладнувам и ми е страв да не се онесвестам Најпаметно во 6 да станувам
Можеш пред вежбање банана или малку овесни снегулки со млеко. Тоа е полесно и нема да смета и ќе те држи за вежбање па после ќе јадеш нормален доручек.
Знам дека е важно загревањето пред вежбање, ама ете денес имав малку време на располагасење и загревањето го скратив. При чучнувања осетив болка в колено и престанав со вежби, но уште ме боли. Што да превземам?
Многу малку информации. Чучњеви без тегови? Со тегови? Ако да, колкава тежина? Остра болка или тапа? Цело колено, цела регија, или концентрирано на едно место? Сега те боли при движење или и во мирување? Дали има оток, црвенило?
Сакам да споделам едно позитивно искуство. Вежбам повеќе од 5 години, со мали паузи. Вежбав во теретана, па аеробик и сега комбинирам пилатес и теретана + 1 ден вежбам дома стомачни. Луѓе! Овој тренинг за стомак е ЧУДО. Пробајте да го извежбате видеово барем два пати неделно. Јас прв пат во живот имам стомачни, а не е дека многу внимавам на храна. Прво бев скептик за тренинг од дома, но мислам дека Памела е број 1 за ABS Workout. Првите видливи резлутати ми беа после три недели. Вежбав еднаш неделно, со две повторувања на вежбите .
Океј се вежбите, сум ги праела али највеќе ти се познаваат стомачните баш од класичните стандардни стомачни плус и ако вежбаш со тежини у теретана. И ја вежбав ваков тип на вежби како видеово, а стомачни не праев, избегавав не знам поради која причина и да, се зацврстија мускулите, искочија линиите стомачни ама ко сеа шо приметувам како брзо се оформија, никад пред тоа, зашо после тренинг почнав 100 да праам, се воодушевив искрено, а кратко време праам па ќе продолжам понатаму. Не знам колку кг си, може слаба си, ја и еве слабеам полека, иам и стомаче се уште, што значи масти на стомакот и пак приметливо е како се формираа и покрај нив, да намалам масти, уште повидливи ќе се. Далеку од сикс пек секако ама добро е, се надевам уште подобро ќе биде. Колку бев будала претходно што не ги праев, ќе напраев ама 10-20 и повремено, а тоа е ништо. Сеа сфаќам колку биле битни.
Чучњеви без тежина, болката е тапа во горниот дел на коленото, нема оток и црвенило и ме боли при движење...фала
Ништо не е. Како што ти рече ААКГ, одмарак го малку и ќе помине. Ако евентуално имаш и болка при мирување, држи нешто ладно на местото.
Незнам дали прашањево е за овде.Ослабнав доста и тренирам мегутоа имам проблем со нозете и никако неможам да го решам.Неможам никако да ги ослабам имам широки листови и полни бутови.Вежбам во теретана квадрицепсите ми се стегнати мегутоа самата нога не ми изгледаа затегнато и самата кожа ми изгледа не стегнато.Незнам како да го решам тоа што треба да правам дали да посетувам некој третмани?