Здраво женски и мене ми треба совет сакам да почнам со тренинг теретана паа на пример шо треба да користам какви суплементи како треба шо треба да jадам сакам да зголемам glutes и да качам малку килажа барем 5кг даjте ми совети како почетник од каде да почнам
Здраво женски ми треба совет почнав да вежбам зумба во домашни услови но незнам дали е доволно имам проблем со спуштен стомак сакам тој да го средам или предлог вежби кој би можеле да ми помогнат
Ќе си најдеш на јутуб клипчиња некои шо се повеќе со скокање, движење на нозете, тресење на телото. Мене лично ми помогнаа bellydance, ем ослабев ем му дадов форма на телото. Тие најмногу ми помогнаа за стомакот.
Во тој случај треба да се прават вежби за истегнување, еве ќе ти предложам јутуб канал Psychetruth Stretches, користени ми се и навистина помагаат.
Не знаев каде да го поставам прашањето,ја има некој купено програмата на Јасна "јака" ...ме интересира искуство.
-Намали ги или исклучи ги јаглехидратите (сахароза, скроб-житарки, и делумно фруктозата, само овошја кои не содржат многу шеќери) - Вметни повеќе масти и протеини во исхраната -Калориски дефицит од -300 или -500 калории во денот -Пешачи; Вежбај кардио, дали лента, точак или други кардио вежби; - Стомачни и други вежби за стомак - Тежински тренинг за да ја зацврстиш целосната мускулатура на телото после пораѓај. Мој совет да си најдиш инструктор/ка што ќе те води во ова, и ќе ти направи и програма за исхрана и за вежбање -Подобри го сонот, спиј 8-9 часа (најидеално е од 22 до 06 или од 23до 07). Зошто кога спиеме топиме и масти. Ако доиш, мое мислење да не се рестриктираш толку со храната зошто потребна ќе тие за млеко а и нема да можиш да издржиш таков режим. Прва и основна, тегнење на вратило, потоа грбните. А ако одиш во теретана имаш и справи кои се доста корисни.
Пешачи што е можно повеќе, ако условите ти дозволуваат по 2 саати дневно, ако треба и поделени 2 пати по саат. Ако можеш вози точак. На пример, еден саат точак, еден саат пешачење. Како стоиш со дијастазата? Од храна исфрли екстра процесирана храна, сè од грицки и слатки, до мајонез, паштети, зденки, ако јадеш такви работи. Гледај оброците да ти се готвени и да имаш 3 во денот. За појадок и ручек комбинирај и протеини и јаглехидрати со доволно зеленчук, за вечера без јаглехидрати. Спојлер: Идеи за храна Идеи - појадок јајца во секакви форми искомбинирани со зеленчук (печурки, спанаќ, домат, пиперка, маслинки) и фета сирење или урда, со кришка р'жан леб или сварена киноа или хељда; 2-3 лажици овес со млеко (преку ноќ) или вода (ако вариш), лажиче чиа, 1-2 лажици грчки јогурт, лажиче путер од кикирики, шака шумско овошје (или какво сакаш, за вкус), банана; ручек парче месо или мелено (или риба, ако јадеш, или туна), со варен/печен компир, ориз, боранија, грашок, леќа, и многу свеж зеленчук; за вечера многу свеж зеленчук со туна, или со варено јајце, или со урда; или грчки јогурт со шумско овошје и мелен лен (ова и ко десерт е топ).
За оние што одат во теретана насабајле. Што јадете? Јас ќе треба да станам у 8 и нешто за да јадам, да се спремам и да тргнам. Горе, долу за 15 минути сум во теретана. Што да конзумирам пред одење и после тренинг?
Пред - кафе и банана. После - јајца, урда, парче зеленчук, маслинки или парче авокадо ако финансиите ти дозволуваат, чаша ќефир.
не е доволно. Тоа ти е фактички како кардио. Секако тука се вклучени движења на повеќе групи мускули. Најди си на јутјуб и вежби и терај. Јас така функционирам.
Барајќи колку калории се трошат со качување скали, налетав на едно место дека отприлика е некои си 5 калории од спрат. Реална пресметка е или цепидлачам?