1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Ти треба индивидуален пристап за болка, јас не би ја решавала сама. Консултирај физиотерапевт да ти даде соодветни вежби. Мислам дека покрај стречингов ти треба и сила да вежбаш. Јас година дена имав/имам болка во плешка. Одев на јога не приметив апсолутно никакво подобрување. Отидов и на физикална исто 0 подобрвање, ама физикална без вежби, што ме зачуди претходно ми давало резултат. На крај испадна теретана решението, индивидуален пристап, во главном сила ама и истегнување, за не цел месец имам многу разлика и имам надеж дека ќе ми помине.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Епа сеа, за да се зацврсти мускул е потребен напор односно тежина, односно тежински тренинг.

    А кај би дигала тегчиња, дали теретана или на друго место - не знам.
     
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    11.141
    Пол:
    Женски
    Породена пред 1 година.
    Цела бременост со штедење во движење, практично улегната бев, а и сеуште сум единствено ме размрдуваат обврските околу детето.

    Имам желба за теретана. Што би предложиле, како и со што да почне човек со скоро ич физичка активност и сега и претходно.
    Се мотивирав, изменаџирав време и покрај дете и покрај работни и домаќински обврски. Отидов и се толку многу разочарав што не знам ни дали сакам да се вратам.
    Едноставно сѐ ми беше претешко, со најмали тежини на справите, со најлесни тегчиња...

    Си велам да не не е за мене ова, можеби требаше некој по софт почеток после сѐ, како аеробик, пилатес можеби...
    Мислења, препораки ваши?
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Софт почеток се најмалите тежини хахаха.

    Почни повеќе со compound вежби - чучњеви, мртви, гради. И општо поголемите мускулни групи како задник, и слично.

    За раце, рамења и останатите помали групи не се форсирај на почеток.

    За две недели ќе се осеќаш посилно.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.870
    Пол:
    Женски
    Не најдов посоодветна тема па ќе прашам овде.
    Не сум почетник, вежбам веќе со години, ама сега во последно време баш нови вежби пробував (за задник) и забележав дека левата страна ми е поразвиена од десната. Со вежбиве дури како повеќе да ми спласна десната страна од што ми беше. :?: Не знам, веројатно така некако сум вежбала, послабо со десна нога. Му се случило на некој? Барав и на Google одговори. :D Сега ваљда десен бут да вежбам повеќе за да се изедначи. :?: Мислење, совет?
     
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Секогаш едната страна од телото е поизразена било нога,задник,рамена, бицепс и таканатаму. Ќе се израмни со самите тренинзи.
     
  7. PrincessAriell

    PrincessAriell Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Ми треба мислење, околу вежбањето
    Вежбам веќе 2 години Пилатес и откако почнав направив 2 3 паузи, па пак почнав. Но откако почнав да вежбам после година дена се повредив на десната нога и по повредата откако почнав пак да вежбам, секогаш тежината ми паѓаше на левата нога. Како воопшто со десната нога да не земам сила, туку целата сила да паѓа на лева нога. Но ми стана опсесија од време на време, ама си велев ќе се среди со време само преувиличувам. Пред некое време гледам дека листот на левата нога ми е пооформен и појак за разлика од десната нога и ми остана во мисла.
    Некој да не му се случило вакво нешто или да е запознаен со вакво нешто?
    Фалаа ви однапред ❤️
     
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Не е страшно... мускулен дисбаланс.
    Но сепак треба да се потрудиш да ги доведеш нозете што е можно поблиску во поглед на мускулна маса.

    А тоа ќе го постигнеш со вежбање :D.
    Во меѓувреме свесно концентрирај се да ја користиш и десната нога при движење.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.277
    Допаѓања:
    19.810
    Пол:
    Женски
    Знам дека нема конкретно решение ама ај.
    Откако знам за себе имам хиперекстензија на лакт. (Сликата)

    Ми се случувало при вежби што се прават во пленк положба да ми забега лактот у спротивен правец и да го подистегнам малку. И затоа пазам многу да не ги "заклучувам" лактите, мада и при некои вежби кога се исправам, пример склекови, пак се дешава да заклучам лактот па да фати да се витка ваму таму. Па и при вежби во table top за јадро некогаш знае да шета.
    Има ли било какво решение за мукава? Или едноставно ставање мускулна маса би помогнало лактот да е постабилен?
     

    Прикачени фајлови:

    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PrincessAriell

    PrincessAriell Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ти благодарамм за одговорот.
    А кога сме веќе кај вежбањето. Дали би го постигнала тоа во случај со едната нога да правам повеќе повторувања, а другата помалку при вежбање на некоја вежба или поеднакво повторувања на двете нозе?
    (Пр. Лева 30; десна 40повт.)
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Решение нема баш.
    Долгорочно зголемената мускулна маса може да ја олесни болката и притисокот во зглобовите доколку е присутна.

    Во однос на вежбање, единствено решение е да си го слушаш телото и да не правиш нешто што чувствуваш дека ти влијае негативно.

    Зависи од која вежба и положба - не е страшно да ја "заклучиш" раката доколку не те боли.
    Се зависи од растегливоста на лигаментите. Генерално тоа што имаш хиперекстензија значи дека веќе ти се од кај нормална рака. Но тоа значи и дека бицепсот скоро никогаш не ти е во релаксирана состојба.

    Така да, би рекол внимателно само со вежби за бицепс (сконцентрирај се до каде ги правиш).
    За све друго слушај си ја болката ако постои. Ако не, ништо страшно.

    Не, исти повторувања со двете нозе. Со тоа што тежината ќе ја прилагодуваш според послабата нога, а исто така и бројот на повторувања.

    Колку што може слабата нога, толку имитира и појаката.
     
    Последна измена: 27 април 2024
    На theowndemon и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    11.141
    Пол:
    Женски
    Јас како newbie изгледа многу често ќе замарам со прашања овде. :wasntme:

    Ако постои некоја free апликација со креирање на распоред за вежбање, ве молам да споделите.
    До сега на сѐ што налетав се плаќа.
    Баш темелни, со внесување на возраст, висина, тежина, goal и тн. ама сите ме водеа до payment method. A баш осетив дека ми треба некоја насока, оти вака ко изгубена сум и чувствувам дека не си го користам времето таму максимално.
    Толку ми е, час, час и 15 минути барем да се извежбам, задоволна да излезам.
     
    Последна измена: 29 април 2024
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.277
    Допаѓања:
    19.810
    Пол:
    Женски
    Искрено тешко да најдеш таква, а да е саглам програма со убави вежби.
    Најчесто тие што се бесплатни се со опција ти да си направиш распоред. Од вакви ја препорачувам FitOn.
    А за goal, тука повеќе исхраната би имала улога, кај вежбите можда разлика во тоа колку има кардио.
    Ако си при пари и стварно не знаеш од каде да почнеш, јас препорачувам да платиш од некој тренер програма барем за 2-3 месеци. А за препораки за тренери нека одговори друг член, јас баш не знам:D.
    Инаку постои страна Muscle & Strength, кај што има убави бесплатни програмчиња. Не се персонални фала богу ама може да послужат за некој почетник.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    1ден нозе.
    2ден гради со рамо.
    3ден грб и трапез
    4ден нозе
    5ден раце.
    6 и 7ми ден пауза.
    Или:
    1ден гради,рамо,трицепс.
    2ден нозе
    3ден грб,трапез,бицепс.
    2 дена пауза и пак повторуваш тренинг.
    Грб 4 до 5 вежби.
    Гради 3 до 4 вежби.
    Рамо 3 вежби.
    Трицепс и бицепс по 3 вежби.
    Нозе 6 до 7 вежби.
    Сите ги работиш по 3 серии од 6 до 12 повторувања во серија. Значи со тежина со која што не ќе можеш да крениш над 12 повторувања. То во прва серија а втора и трета серија од 6 до 8 повторувања. Тренингот ќе ти трај 45мин и нема да можиш да мрдаш нареден ден :muscle::D
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    11.141
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ветувачки распоред. :D

    Кои денови да вметнам стомачни?
    Исто и кардио.
    Додуша со кардио се загревам, ама може грешам... не знам.

    Ја симнав ФитОн, денес ќе ѝ дадам шанса, ќе видам ако можам некако да искомбинирам со распоредот на @AAKG.
    И странава сега ја разгледувам, фала ти за насоките. Сѐ е helpful кога си како мува без глава.
     
  16. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам утре да почнам на фитнес. Да намалам околу 5 кг и да се зајакнат. Порано вежбав аеробик и сега сакам да сменам фитнес а појма немам од каде да почнам. Имате некој совет? Со тегови да вежбам или кардио на траки? Секој совет е добредојден, фала
     
  17. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Дали некоја од вас има искуство со програмите на Никола Орозовиќ? Дали имате купено негова програма и како сте задоволни? Гледам навистина екстремно јаки трансформации кај жени, а и цените на програмитр му се баш нормални, се мислам да уплатам па ме интереаира ваше мислење?
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Искрено, прв пат ако влагаш во теретана или земи изначитај се на интернет и гледај видеа на Јутуб, или ако немаш време и живци плати си тренер.

    Вака некој да ти пише преобемно, и ни тогаш нема да ти е баш корисно.

    Зависи од целта но и твојата моментална состојба. За промена на 5 кг шо и да вежбаш ќе стигнеш релативно лесно.
     
    На MikicaBt и AAKG им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Сакам да почнам во теретана. Но, нема инструктор таму.
    Како понатаму?
    Или да си изгуглам најубво на интернет програми?
    Плус да напоменам, крвта ми е слаба.
    Да не ми се случи нешто?
    Треба да идам многу рано околу 9 сабалје, потоа туш, дома и на работа втора смена од 2.
    Дали да се јаде нешто пред тренинг? Или не? Ако да, што?
    А, што да се јаде после тренинг?
     
  20. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог за програма постпартум. Активно вежбав фитнес пред да останам трудна, но речиси една година не вежбам ништо. Треба да се стегнам и да симнам 5 кг.