Не сум дебела, напротив баш сум слаба, односно сите ми велат дека сум многу слаба и точно дека носам мал конфекциски број, S, меѓутоа немам рамен стомак. Ок знам дека тоа едно со друго нема врска, а имам и проблеми со систем на варење, желудник и храна, па делумно и поради тоа, но во принцип стомакот ми е цело време како подуен. А сепак последнава година имам и малку пуштено стомаче. Што и да облечам тесно, стомакот напред, фармерки исто како преку стомак да закопчувам, го стегам, Сепак имам еден слој салце, а инаку сум слаба и стомакот многу безвеза изгледа, како нерамномерен, горе под ребра чудна градба, долу едно пуштено подуено меше . Слаба сум раце нозе, задник, ама џабе не сум затегната, обликувана. Не вежбам ништо. Значи барам од каде да почнам, што можам да вежбам но во домашни услови? Она што сакам е да го ослабам и затегнам стомакот, и можеби малку да го зголемам подигнам задникот. Што можам да направам? Какви вежби и каква храна да јадам/не јадам?
Незнам како да би објаснам ама стомаче е секси за 95 посто од мажите. Вие си знаете, ако не е вака не ја сакам до мене
Ова е област во која ако навлезеш нема крај толку многу има што да се каже за исхрана за тренинг, за вежби за мускули за кондија итн. Но според мене треба да си зададиш една примарна цел, а тоа е дека од желба вежбањето ќе го претвориш во реалност и тоа во траење од 1 година. Тоа значи дека ако ништо друго 3 пати во неделата ќе вежбаш ако не можеш повеќе нај малку по 15 минути. Вежбите се безброј целите се исто така безброј. Всушност најмалку се важни бежбите. Доволно е да правиш 3 вежби за општо тонизација, грбни, склекови, стомачни нешто за раце со ластик и тоа е тоа. Направи по три серии од 4-5 вежби сосем доволно. Исхраната прилагоди ја на твоето здравје, викаш дека имаш подуен стомак, малку масти, тогаш исфрли леб, внеси повеќе житарки од сексков вид, јас мешам многу житарки со тан некогаш со јагурт некогаш со мелко преубави ми се. НА почеток ми беа чудни сега ми се пре убави. Со два збора не е толку важно што ќе вежбаш важна е дисциплината и посветеноста. За нианси сама ќе си учиш зошто како што напишав погоре ова поле е многу широко за да се опише со еден одговор. И не заборавај и најдолгиот пат започнува со првиот чекор!
Да не е трудна оваа бе? Секси било.. Не дека е грдо ама рамен си е рамен кој што сака нека каже. Што знам, верувам дека подига самодоверба кај жената ако таков имаш. Еве им завидувам на сите што имаат.. И алал да им е, генетика или посветеност и дисциплина, небитно, блазе си им. А, исто друга работа, не треба на вас мажите само привлечно и секси да ви е туку и жената да си се допаѓа целосно. Или не се прашува она?
Ја кажав дека не треба толку да си земате дека ние не го сакаме тоа, а вие како си се осеќате најдобро така треба да ве прифати партнерот исто и за нас важи
Секси е ако е здраво било маж било жена. Салото околу стомакот се состои од 2 типа масти висцерални и поткожни. Висцералните масти се оние масти кои влиаат на васклуарната циркулација, виновни се за повисок крвен притисок, разни запушувања, проблеми на внатрешни органи. Истите со аеробна активност брзо може да се потрошат, и е пожелно да ги нема. Они се едни од главните причини зошто се препорачува секојдневна аеробна активност од речиси сите посалам лекари. Јас кога почнав да вежбам можам од авион да забележам кога некој вежба кога воопшто не вежба. Вежбањето е навика која многу може да допринесе за поздрав и поквалитетен живот. Затоа секој треба да се труди колку може повеќе да внесе вежби со секојдневниот живот!
Како и по што забележуваш? За ова се слагам. А сеа, рамен стомак реално ич не е лесно да се има особено ако немаш таква добра генетика. Не знам шо треба да утепуваш од вежбање? Ама џабе и на храна треба мноооогу да се пази, и пак прашањето е дали ќе го постигнеш посакуваното. И поздраво и посекси ми е лично мене.
Затегнати мускули на цело тело, затегнати лицеви мускули, исправено држење, боја на кожа, белескаат оние кои вежбаат за разика од оние кои не вежбаат. Не треба да се опседнува никој со идеално рамен стомак, стомакот може да не е рамен поради други причини, гасови, некоја хронична болест. Треба да ти биде цел да можеш незнам 20 стомачни да направиш во секое време, 10 склекови, неколку згибови, да можеш да изтрчаш 5 км во секое време. Да си спремен мал војник што би се рекло А за жена јас би рекол задолжително и некоја борелачка вештина, да не може било која битанга да си дозволи да ви каже било што
А бе види тоа да, точно, се познава тонирано тело ама за апла тонирано и скроз затегнато си требаат години и секако теретана. На тоа мислеше? Лабави вежбички дома тешко да дадат таков ефект. Имаш и вежбање и вежбање. Убаво рече целите се најбитните кои ти се. Од нив све зависи. Али најбитно да се има некаква физичка активност. Сите не планираме атлети или пак билдери да се сториме. За другово дека блескале, па не баш сите. Индивидуално е. Зависи од многу фактори ова. Ооооуу 200 моментално можам, у подобра форма и 400. Додуша и сеа ако се запнам. Прееска баш 200 праев. 10 склека, па да и тоа, што се 10 ништо. Е згибови изглеа мало сутра, не сум ни пробала тоа искрено. Ги избегавам некако. И трчање ноуп. Скарана со тоа сум. Идење брзо пешачење да, неам гајле ама трчање.. Ич не сум војник. Ама вајда можам да станам еден ден. Ќе видиме ај. Ама исхраната најбитна е, да не се лажеме нема потреба. Све џабе ни е ако не внимаваме на нејзе. Има доста задоволни од него, да. И какви трансформации имаат напраено, браво за него и за нив. Викаш би можело сонот да ми се оствари? Само за стомакот ми е, за ништо друго не.
Полесно би ми било мене стомачни да извадам него масти на стомак да стопам. Сериозно. Шо напраив ја у текот на моево вежбање дома годиниве, од тие стомачните и другите вежби само успеав стомачни линии на горниот стомак да извадам ама да стопам онака ко што треба - не баш. Се чудам и ја, кај го има тоа и салце и тие да се приметуваат ама ете го имало. Ги зацврстив само и толку. Треба големо внимавање, тоа е. Верувам ако е истраен човек, би можело да се постигне. Пошо еве, да не јадам висококалорична храна богата со јаглехидрати одма спласнува, а се натовам пак се враќа како што не треба. Сама сум си крива никој не ми е.
Само дефицит сестро ништо друго за стомакот јас се опуштив во Јануари и 4 месеции ми требаа да го вратам рамен и стомачни
Јас не сум фан на вежбање дома освен ако немам сопствена теретана, некој ако имал резултати со дома вежбање нека ти дај инструкции. Мој совет тие да си се запишиш во теретана и да почниш да зацврстуваш 12 дена и станува навика. Нема одма во стомакот да ослабиш, неможе телото да си рече е сега ќе земам од салото на стомак, со тек на време како што ќе вежаш и внимаваш на исхраната (високо протеинска, не јаглено хидрати, и никакви шеќери освен здрави) ќе си направиш топ стомак, со стомачни дома тешко дека се успева..
Ах бе, па у дефицит сум. Споро иде таму, сегде слабеам, таму потешко. Таква ми е градбата за жал. Се ми се лепи у тој предел и потоа ете тешко се симиња. Ни у колкови, нозе или задник не ставам како што ставам у стомак па и струк неам тесен нормално. Шо викаш ќе треба долго време изглеа за ова. Као си мислам преку ноќ ќе биде тоа.. Алал да ти е што си го постигнала саканиот резултат. А, стомачните вежби не ги хејтајте бре баш мене бар ми се добри, убаво се затегам ама нормално со нив не може да се топи вишокот. Кардиото проклето треба. Орбитрек почнав дома, па ќе глеам редовна да сум. Плус и некои вежбички со мала тежина. И калориски дефицит многу нормално. Некои денови и премалку калории внесувам ради топлово. Теретана да, се слагам, кај може да се рамни со тоа дома.
Нее до парите, мислиме дека е до парите. За да замениш здрав и правилен оброк со кондиторски и не здрав, ќе платиш помалце а ќе бидеш и нахранет а кај второто ќе платиш повеќе а ќе бидеш само прехранет ама не и нахранет. Домати, крставици, или диња, лубеница за десерт, не можат да бидат поскапи од милка чоколадо, наполитанка, чипс, пепси и се друго што земаме за грицкање. Кило месо или стек за две парчиња торта и две чаши лимонада со шеќер во слаткарница, шо би одбрал? Секако тортата, повкусна е. Вежбање во теретана. Има теретани и за 1000ден, 1200, 1500, 3500 ко Палестра итн. Ќе одиш во таа што можиш да си ја дозволиш. 1200 средна цена за месечно воопшто нее скапо со оглед на тоа дека едно излегување во сабота те кошта 1500 плус денари. Плус трошиш на уништување на себеси со штетни пороци и психички и физички наместо тие пари да ги инвестираш во себе за психофизичкото здравје. Инвестицијата во себе нее скапа а нее ниту грешка ниту губење време. Нема оправдување тука, тој што сака да вежба ќе вежба без изговори или ќе се храни правилно. Дисциплината е најважна а потоа доаѓа мотивацијата кога ќе забележуваш промени. Со дефицит се губи тежина, но не значи дека и сало. Вагата може да покаже минус ради исфрлена вода која била задржана од претходно, стопен мускул или стопено сало. За да телото почни да топи сало, прво се ослободува прво од овие две, вода и мускул а после посига по салото. Дефицитот го топи мускулот, ние мислиле на вага дека слабееме ама не, тоа е само топење на мускул. Мускулот е полесно сварлив и искористлив за енергија за телото да се заштити од нагли промени кога сме дефицит. Кога ќе ја исфрли водата, ќе го стопи мускулот е на крајот посига по резервното складирано сало да го искористува за енергија за да можеш да преживееш. И сите шо се во дефицит, или на cut с претходно биле на булк, за да не топат голема количина на мускул кога слабеат, внесуваат огромна количина протеини и редовен тренинг. Пак ќе намалат на мускулна маса, но тоа нема е исто со некој шо не вежба и не внесува доволно протеини и ќе биди само испијан целиот, бетар од евреин. Ова ти го кажувам од искуство. Сум поминал низ сите фази. Крупен, слаб, преслаб ко евреин и нормален со мускулна маса и вежбање. Оваа килажа што ја имам сега, нее вопшто иста со таа претходно а ниту се споредува, иако вагата покажува иста бројка. Второто е побитно од првото. Првото не може без второто а и второто без првото. Здравјето а и изгледот почнуваат од чинијата.
Хахаха фала али јас бев на букл зимово па сега на дефицит СО ПРОТЕИН немам сало во теретана сум 12/13 години веќе
Иии не, си ги сакам стомачните вежби и после нив трк на кардио прам ама стомачни со тежина, неможам дома стомачни не ми оди ич, а инаку trust that summer cut споро иди ама ќе дојди а и со кревањето на тежината и правилно дишење го користиме цело тело мене тоа повеќе ми помага за формата од конкретно стомачните вежби