Имав пишано во другата тема апликации. Ова чисто предлози ако сакаш да трчаш и сакаш да подобриш кондиција.
Во домашни услови не можеш премногу голема разлика да направиш, но сепак ќе мрдне нешто. Искрено дома и не е толку важно што и како ќе вежбаш, заследи некоја програма за домашни вежби на Јутуб и следи ја цела. Ако имаш масти на стомак, сепак не се решаваат само со вежбање, туку пред сѐ со исхраната. А тоа значи сама ти треба да си пронајдеш како ти функционира телото, или да платиш некој што ќе го направи тоа место тебе. Генерално би требало малку да намалиш јаглехидрати а малку да зголемиш протеини. Сепак имаш и некаков здравствен проблем како што сфатив, така да треба да го решиш прво тоа. Ако стомакот го осеќаш ко подуен провери дали имаш некаква интолеранција на некоја храна или пак бактерија.
Имтензитетот си го одредуваш сама, ако немаш некој сат што ти мери пулс тогаш од прилика треба да бидеш оптеретена да можеш да направиш краток муабет но не да правиш муабет како во ресторан. Груба некоја орјентација. Така треба да си најмаку 20 мин оптеретена, за да се активиа метаболизмот за масти но и да се вежба базичната кондиција. Гледај да не си под 20 минути кардио, јас доста често толку правам некогаш повеќе некогаш некоја минута и помалку но гледам да не сум под 20 минути нема никаков ефект. Гледај кога вежбаш да знаеш зошто тоа го правиш и како да го скалираш.
Какви работи се изначитав претходниве 3 страни ме заболе глава. Теретаната не била здрава, мускулите биле лесно согорливи, мастите се трошеле после мускулите. Прашање како да израмнам стомак, одговор жените ни се посекси со стомаче на нас мажите. Боже Господе...
Вежбање кое активира голем број мускули а е кардио вежба. Незнам дали постои лоша вежба сите вежби се супер ако правилно се изведуваат и ако ти одговараат за твоето тело.
Колку да се речи да не полудам инаку колку теретаната не, ама е кардио вежба и позабавна е од класично кардио
Инаку за кардио јас без strava.com не вежбам. Бесплатна е многу пријатели ја користат можете да гледате како некој ваш близок направил тренинг, каде го направил колкава дистанца, време. Многу е користна, и имате комплетен запис за секој тренинг. Многу лесно можете да го следите вашиот напредок.
Сега видов то за стомакот па убо им вратила членката, кој тебе? А јас како се чувстувам? И тоа ти е тоа инаку заборавив да и напишам да провери да не нема некоја не толеранција на храна, млечни производи итн.. За подуен стомак
Само за трчање не давајте совети од ракав од типот трчај 15,20 минути. Тие 15, 20 вака изгледаат ништо ама за почетници се многу. Од 20 минутно трчање демек ајде можам, не е ништо, добив такви лоши shin splints што една недела не можев да трчам ИЧ, не ни спиев раат од болки. Нозете не можев да ги пипнам, толку болеше. Па следната недела ко пензионер трчав полека дур ми поминат. Сега трчам и многу подолго без болки ама памет ми е да не зголемувам многу наеднаш. Затоа со трчање полека. На почеток мислев можам многу, можев малку. Сега ми е обратно Мислам shin splints се неизбежни кај секој што трча, али не е работата да те бутнат во кревет.
Мани спринт бе шо му ја мислиш толку нека боли јас така се имам префорсирано за време на короната и цели нозе ми беа потечени патиките не ме береа
За некого и одење е претешко, не мора да е трчање може да е и пешачење но да е 20 минут. Времето е важно зошто во телото се активираат други метаболни процеси. Но тоа не значи да трча некој шпринт или да се префорсира, убаво напишав погоре ако нема пулсометар тогаш тоа е она кога можеш нормално да кажеш реченица но не и да е пре слабо оптеретувањето како да правиш опуштен разговор во ресторан.
Спринтови и да сакам не можам. Ниту па наоѓам лепота у спринтање. Не знам така ми е телото да ми треба доолго да се загреам и кога сум загреана можам доолго да трчам со некоја средно тешка брзина. И така и повеќе уживам. Онака пуштам нозе на трчање, мозок на пасење и терам дур можам
Леле фала ви на сите за советите и што толку брзо ми одговоривте Ќе пробам, ама искрено навистина не знам од каде да почнам.. не сум вежбала никогаш, не сум била на диета никогаш. Јас сум слаба, само имам нерамен или опуштен стомак, со мала наслага. Имам 50 кг, а стомак . Не знам како е можно. Не сакам да ослабам односно не би требало, немам што да слабеам. Само сакам рамен, позатегнат стомак и малку затегнат/пополнет задник ми треба само малку обликување, затегање дури може и подобро би изгледала со некој кг плус Инаку не јадам пржено(во последно време и јадам), мрсно, не јадам шеќер, благо, не пијам газирано, не јадам грицки(во смисол не јадам секој ден и често) итн не јадам лоша храна поради проблем со желудник, варење и сл. Ама си јадам слободно и џанк некогаш и итн зашто слаба сум На пример јадам мусака и се осеќам недојадено па јадам парче двопек со пршута, па правам ладно кафе со млеко и јадам смоки со него и често јадам навечер. .односно немам некоја избалансирана или некаков режим за хранење и сл, тука некако сум хаотична мислам од тоа ми е стомакот последнава година. Хаос сум. Носам s и xs, а имам стомак П.С денес јадев крилца печени со шопска салата и двопек. Ама после изедов пола чинија шпагети со кечап и сирење Во друг случај тоа би било двопек со некое мевце или еден сладолед, па кафе па смоки Често правам "грешка" ручекот без леб и по саат јадам нешто плус.. Бел леб скоро и да не јадам, бели пецива, кифли(освен слава, роденден) итн. Јадам двопек интегрален или некој црн леб и сл. Пак ќе кажам слаба сум, многу нешта не ми допаѓа како ми стојат. А од друга страна пуштен стомакот.. Едит: немам физичка активност, на раб седам, не пешачам итн