Не гледам нешто погрешно што правиш, јас тука гледам жена која се храни 90% подобро од останатите жени. Јас погоре напишав можеш да одиш до екстреми да мериш грамови но може и да не се замараш многу да внесеш тренинг од 30 минути и да си супер. Вежби сама ќе си најдеш но гледај да ги изведуваш нај малку со 2 до 3 серии и со оптеретување над 80% од тоа што можеш ако сакаш да зајакнеш мускул не вежбај со мали оптеретувања слаби резултати ќе имаш ќе се депримираш и ќе баталиш вежбање. Кондиција е добро да набиеш посебно базична кондиција, тоа би ти дошло трчаш колку можеш кога гледаш дека се задишуваш одиш и таа активност да трае најмалку 15-20 минути винимавај да не се префорсираш значи треба да имаш оптеретување и тука докај 60%, со тек на време ќе можеш да џогираш 5 км без голем проблем, ќе се чудиш на своите цели. Добро е за редовност и за мотивација но и поради жешково време за мускулатура да се запишеш во теретана климатизирана таму плус ќе добиеш илјадници совети посбно за женско тело како што да вежбаш
Немам ВРЕМЕ/можности/услови за теретана. Затоа сакав нешто од дома. Патем, никогаш не сум вежбала, не сум во тој свет па не ми се познати термините како оптеретување до 60%, 80% и сл барам некој да ми каже, склекови, стомачни или со конкретни вежби од јутјуб. Гледав јас, јасно ми е кој се почетни кој не, ама не знам кој се најсоодветни за тоа што го сакам. Сепак тие што ми ги пративте сите погоре, ок се, па со тие мислам да почнам
Не прај само склекови и стомачни, ти требаат разновидни вежби кои ќе делуваат на различни мускулни групи. Стварно топ се и Хедер и Клои, Клои е за нијанса полесна, кај Хедер има поише и вежби со тежини. Не знам дали планираш и со тегчиња да праиш вежби ама пожелно би било, некоја помала тежина до 3 кг. Во тренингот моеш и стомачните класични да ги вметнеш плус. Почнувај ајде не се мисли. Почетник си, потешко ќе биде малку ама брзо би се привикнала, немај гајле. На храна сите ти кажаа дека е најбитно да се внимава. И да, немој у претеран дефицит да си, немаш за губење како што викаш, само 50 кг си, тебе затегање уствари ти треба и ништо друго. Мускулна маса дома нема шанси да успееш да изградиш вака со вакви вежби ама за ова со стомакот би требало да го потсредиш за месец - два или три, небитно. Погоре и скокање со јаже спомнаа, па види и тоа ако може вметни нема да е лошо ама пак без форсирање и нека не е предолго скокањето.
Фала ти на охрабрување! Вежбање строго наутро, пред појадок или битно е само пред јадење не е важно кој дел од денот?
Нема врска тоа, коа сакаш тогаш. Секако глеј да не си прејадена, непосредно пред оброк да не е, па тешко да ти е. Или нешто полесно касни пред тренинг. Исто избегавај ептен доцна навечер да вежбаш. Ако можеш сабајле, порано ако стануваш, супер. Порано знаев така, и нема ништо поубаво од тренинг, да се загрееш убаво и испотиш па туширање после тоа. Прејако чувство. На сабајле некако поинакво е стварно, и после поенергично се осеќаш.
https://www.muscleandstrength.com/ Види на странава има планчиња. Во полето workouts имаш категории, за кој дел од тело, за дома, теретана итн итн. На пример вакво нешто би било океј за тебе. https://www.muscleandstrength.com/workouts/3-day-full-body-dumbbell-workout На секоја вежба кога ќе кликнеш има линк до видео кај што даваат како се изведува вежбата, кои делови ги вежба итн. Овие се само со тегови.
80% мислам кога 2 серии со Х оптеретување до десет повторувња ги правиш без некој проблем но третата серија кога веќе ќе стигнеш кај 6-7 повторување да почнат да ти се затресуваат мускулите од умор! 60% е да имаш благо оптеретување во подолг временски период, да можеш и муабет краток да свртиш со некого додека вежбаш и тоа да трае повеќе од 20 минути. Инаку има и други опции да се зачлениш во некоај ФБ група како оваа https://www.facebook.com/groups/2683898901849930 Каролин Гривен мене ми е хит женава, има незнам колку програми за вежбање, можеш да си симнеш некој нејзин календар и она има за тебе смислено цел комплекс вежби. Ако ги истераш сите програме ќе бидеш навистина многу многу јака. Многу е темелна и многу навлегува детално самото комјунити од 260 к кажува колку дека е супер.
Не ти треба друга апликациј, на strava може да имаш повеќе пријатели отколку на ФБ ако си во такви спортски друштва. Јас претходно користев и други слични на страва но безбредни се сега сите тренинзи таму ми отидоа во неповрат.
Од Contigo имам нарачувано, исто пред некое време од D Sport земав, имаат на Body Sculpture, мислам дека уште се на попуст.
Здраво. Сакам да почнам да вежбам, после пораѓаите многу ми се смени телото, што е и нормално, но особено тоа што ме нервира е што дури и кога сум ослабнувала, бутовите никако да ми се намалат. Значи најголем проблем имам со нив, сега ми се ептен зголемени, проширени, како да кажам. Имам мала килажа, немам ни 48кг, што за моја висина од 157 цм е ок, ама изгледам ко да имам над 60кг. Мислам килажава ич не ми е битна ама формава и те како, како ѓуле изгледам, плус ми се тријат бутките , ми прават рани Ептен смешно изгледам, друго се слабо на мене ама ова вришти Знам дека таква е конструкцијата, но сигурно има начин да се среди маалце барем .Препорачајте ми некоја добра платформа, страна, јутуб канал за вежбање, од каде да почнам? Знам дека не може само нозе да вежбам, мора цело тело, но ете конкретно за намалување и затегање на бутовите какви вежби треба да правам а какви да избегнувам, со цел да ги слимнам а не да ги напраам пре мускулести па бетер ѓуле да изгледам? Дали можеби треба да барам совет од личен фитнес тренер или би можела со вежби од нет? Со мали деца сум и одењето во теретана ми е луксуз искрено (и временски и финансиски) па ми треба нешто за од дома. А инаку бајаги пешачам дневно со децава, ама не е доволно.
Специфичен проблем бара специфично решение. Вежбите и програмите по интернет најчесто се за широка публика и во зависност од проблемот и целите може да помогнат да се стигне до одреден момент од каде повторно ќе биде потребен личен пристап за да се продолжи напредокот. Ако немаш време и средства за да побараш помош, тогаш ти преостанува самата да истражуваш и тестираш разни вежби, програми и исхрана и да видиш што најмногу ти одговара тебе и што ти дава резултати.