1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Знам се и те разбирам, меѓутоа како што пишав на интернет најдов повеќе страни и на секоја различен резултат ми пресметува. Затоа прашав дали некој знае поточно да ми пресмета или да ми каже страна што дава точни резултати. Фала ти сепак :)
     
    На Blackkqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Здраво. Еве ќе кажам како јас мислам да направам па може некој совет ќе добијам од вас поискусните.
    Октомври и ноември планирам да ги посветам на вежбање во теретана.
    Прво овие два месеци да ми бидат постојано кардио вежби. А после од февруари да вежбам и друго. За секој дел од телото. Мислев прво малку кондиција да стекнам бидејќи сум улежана и ова добро ќе ми дојде.
    Барем 30мин. за почеток да вежбам.
    Што мислите вие? Благодарам однапред на секој совет.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.802
    Пол:
    Женски
    Ако почнуваш со теретана, нема потреба да вежбаш само кардио неколку месеци. Можеш директно да си вежбаш тежински, а плус и кардио башка да вметнуваш. А пак за само кардио, теретана не ти ни треба оти не ти треба некоја опрем за тоа. Можеш дома, можеш надвор да трчаш итн.
     
    На joy1 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки
    Ќе комбинираш вежби. И тежински и кардио, само кардио подобро надвор пешачи или трчај него ли во затворен простор со еден куп луѓе кои дишат ист воздух а баш зимата е гнездо на вируси. Само кардио не, комбинирај. И кардио и тежински исто калории трошат, тежински дури повеќе зошто ги црпиш сите резерви на гликоген од мускулите до максиум ако вежбаш интезивно, али тоа со тек на време. Башка и телото ќе почни да ти се оформува. Кардиото само ќе те дихидрира повеќе зошто секое кардио исфрла и течности од телото. Најдобро е да комбинираш. Пример еден пола саат тежински, еден пола саат кардио, или некој 15-20мин пред завршување целосно со тежински тренинг после прават кардио. Најубаво е да комбинираш за да ги осетиш и двете придобивки.
     
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    7.788
    Пол:
    Женски
    Кои апликации на мобилен ги користите за вежбање?
     
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    YouTube
     
  7. MS90

    MS90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2021
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво имам 34год имам некои 5,6кг вошок по градба сум скини-фет никогаш не сум вежбала претходно а многу пати сум сакала да отидам во теретана (дури имав и уплатено но не сум се снашла и сум се откажала) да се затегнам да имам тонирам телото но никогаш не сум знаела што да правам со справите како да ги користам кои вежби и како да ги правам а по природа сум премногу срамежлива и неопуштена и повлечена девојка особено кога ќе помислам дека во теретана идат и момци и ултра згодни девојки кои се потсмеваат цинично на новите членки во теретаната кои како мене незнаат што и како да прават незнам како да ви го објаснам тоа чуство на непријатност па би ве замолила да ми предложите некоја женска теретана во колина на аеродром каде што е пријатна и опуштена атмосферата за вежбање … извинете на супер-долгиот пост и ви благодарам за разбирањето :))
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Земи си тренер.

    "Женска" теретана секако нема да ти го реши проблемот со неснаоѓањето, незнаењето што да правиш со справите, кои вежби да ги правиш и кога и како. Ниту пак срамот од "ултра згодните женски што се потсмеваат".

    Воедно тренерот ќе ти помогне и да се опуштиш.

    Инаку теретана во која одат само женски имаш во Олимписки.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    12.009
    Пол:
    Женски
    Еве ме и јас да се приклучам на темава.. Имам 2 кг за намалување за да дојдам до онаа килажа која ја сакам, и која е за мене идеална, и сакам да си го затегнам стомакот највеќе, сакам убав рамен стомак, купив една програма за вежбање на ЏустФИТ, вежбите сега за сега како за почетник ми се океј, ама многу според мене се фокусираат на нозе и раце, барем на почеток така ми изгледа..
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки
    За да ослабиш треба на крајот од денот да си во калориски дефицит.
    А за да ги зацврстиш стомачните мускули треба да го вежбаш абдоменот. Ако мислиш дека само ако ослабиш и ќе се израмни стомакот, не е точно. Ако ослабиш стомакот може да се намали само во волумен но не и да стани рамен.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Би те замолил да дообјасниш што мислеше со реченицава.
    Контрадикторна е сама по себе.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки
    Ти ако имаш пивски стомак, стомак ко германско буре (волумен), почнуваш да слабејш, ги топиш мастите во абдоменот, не вежбаш, ти останува провисната кожа, дали топењето само на масти те прави да имаш рамен стомак ?
    Јас појаснив. Ај појасни се ти еве и те молам и јас исто како ти шо замоли, сега еве како постручен персонален тренер во фитнес индустријата ... шо е контрадикторно, волумен наспроти рамност.
     
    Последна измена: 30 октомври 2024
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Па едноставно не ти ја разбирам идејата...

    Сега вмеша и висната кожа, шо исто така не зависи толку од самото вежбање, колку што зависи од брзината на слабеење. Али тоа е скроз трета работа. Технички можеш да имаш рамен стомак а висната кожа во исто време...

    Еве ако ги стопиш мастите во телото вклучително и абдоменот... а во исто време не вежбаш (ама стигаш да речеме до 13% телесни масти),
    што ќе имаш:
    а) рамен стомак
    б) дупка во стомакот
    в) стомаче од масти
    ?

    Рамно е рамно, кога нема вишок - има рамно. Не за џабе е шалата дека стомачните не се посебно "достигнување" пошо every skinny guy ги има...

    Ако збориш за "тонирање", да, колку повеќе вежби за стомачни, толку поизразени ќе се.
     
    Последна измена: 30 октомври 2024
    На AAKG и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки
    Прашањето на членкава беше во однос на рамен стомак и вежбање во тема за вeжбање, шо се поистоветува со рамен стомак и вадење на стомачни мускули или тонирање оти купила програма за вежбање, така? Така беше поставено прашањето за вежбање така се одговори.

    А другово да, прав си. Рамно е рамно кога си преслаб или шо рече skinny guy и немаш вишок насобрани масти
     
    Последна измена: 30 октомври 2024
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Женска теретана во околина на Аеродром е Фитнес Станица кај Олимписки. Не сум била ама има многу добри reviews за просторот и хигиената. Еднаш се јавував да се распрашам па ми рекоа дека во чланарината (која беше нешто околу 2000-2400 месечно отприлика за 3 пати неделно) нудат класична теретана со справи, пилатес, и мислам третото беше зумба/аеробик, па можеш и да си ги комбинираш како сакаш неколку тренинзи неделно. Јас се одлучив за теретаната што ми е најблиску до дома, ама општо за почетници групни тренинзи се супер избор. Ем те мотивираат другите околу тебе, ем друг ти ги мисли и покажува вежбите а е каде каде поевтино од персонален тренер. А за срамежливоста, сепак, повеќето жени кои учествуваат на групни тренинзи, се слична категорија вежбачи - односно не се некои супер фит фанатици и нема да те судат не се секирај таму сте сите со иста цел :)
     
    Последна измена: 4 ноември 2024
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.834
    Стар е постов, но да прашам. А што со circuit training? Пример 45 мин-1 час, ротирање на различни кардио/тежински вежби?
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки
    Исто е метод само на вежбање како и другите. Е сега за ставање на мускулна маса колку би било функционално не знам оти немам вежбано ниту пак искуство, тука се комбинираат вежби од повеќе делови на телото плус кардио. Колку ќе е бенефитот не знам, ако има некој искуство со ова нека надополни.

    За хипертрофија е друг методот. Си бара озбилен интезивен трениг со тежини, барем за еден мускул да се погоди правивлно и да се предизвика хипертрофија треба барем да се кренат 12 репс по 3 сета. Е сега покрај тежински тренинг, некој вежбаат 1 саат само хипертрофија и пола саат кардио, некој цел саат ипол само хипертрофија, некој само кардио, во зависност од желбите и целите.
     
    На AAKG и Lavender13 им се допаѓа ова.
  18. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.834
    Фала ти.
    Дали имаш да препорачаш некои туторијали за почетници? За тежински тренинг.
    Со видеа, за да ја гледам формата. Може и платена верзија, не мора да е фри.