Скоро ич. 10кг не е вежбање со тежина. Само загревање. Колку калории ќе потрошиш ти е најмалку битно. Секако ќе биде помалку од еден оброк на пример. Најважно е правилното извршување на вежбите. А ако сакаш баш тежински тренинг, со макс 10 килца никаква активација на ништо нема да постигнеш. И нека не те лажат дека мали килажи се за тонирање.
Nike ACG https://www.nike.com/t/acg-mountain-fly-2-low-gore-tex-mens-shoes-r5C3VW Има и позатворени модели со gore-tex ама не знам колку се достапни директ од најк, на stockx sigg gi ima
Дали има ефект доколку неделно 5/6 дена вежам на Обритрек по 1 час? Инаку сум 59кг и 163цм, сакам онака кондиција, да се затегнам и да го намалам целуитот на задниот дел од нозете. Не сакам мускули или да ослабнам.
Па добро, баш од тие 10 килца се тонирав јас, нозе и задник користам толку, бицепс трицепс вежбам исто со тегчиња по 3кг и не планирам да кревам повеќе за да не сум како маж во рацете. Баш ми се свиѓа како е се суптилно исцртано, ме интересираше само колку калории се таквите вежби, фала
Трошење на калории е речиси невозможно да се израчуна. Она на кое што можеш да внимаваш е колку калории внесуваш. Пробај две недели па види какви резултати ќе имаш и според тоа прилагоди. Е сеа како мислиш дека е можно да се затегнеш и да намалиш целулит без да ослабеш или зајакнеш мускули искрено не сфаќам. А за видливи мускули нема зашо да се плашиш тоа ни со тегови нема да успееш не па со Орбитрек...
Целулитот не се намалува со вежбање (орбитрек па посебно далеку од корисен за таа намена). Превентивно пред појавување да ставаш крема (мелем). Само тогаш има ефект. И целулитот сите го имаме, нормална појава е (дури и на фит тело).
Целулит се намалува со средена исхрана, намален внес на шеќери и вежбање. Кремички и останати глупости не помагаат. Еве мачкај се само со крема или терај масажи, ама гнети благо и бело тесто и види колку успех ќе имаш. А погоре за муабетов со теговиве, нема шанси да се направиш како маж. Ние жените имаме многу малку тестостерон (дури и со пцос) и на глава да застанеме нема да изгледаме набилдано. Рака, рамо со 3 кг не оформуваш. Рамо кревам по 20кг па далеку од машко рамо ми е.
Јас стојам на тоа дека можеш и со 10 кила да се набилдаш, битниот момент е волуменот на работа и прогресивен overload. Еве еден прост пример, бициклистите на рамно имаат бутки ко шифоњери и да работат и тежински тренинзи ама грото од масата им е заради огромниот волумен на вежбање (читај вртење). Јас стојам на тоа дека и со 2 кила можеш да се набилдаш, само ќе треба за секој 1 тег од 10 кг да работиш пет пати повеќе повторувања. Сеа кој како сака.
Едно е ти на шо стоиш. Друго е шо вели науката и праксата. Во теорија да, прогрес со иста тежина и infinitely зголемување на повторувања. Коа ќе имаш време да правиш тренинг од 6 вежби по 3 серии по 70 повторувања јави ми се. И ова е пак за некаков нормален изглед. Да се посереш од повторувања 24/7 да ги прајш пак нема да се набилдаш во смислата на зборот "набилдан". Не па жениве тука...
Ќе ве чита некој почетник на темава и ќе земе да крева 10+, па ќе се чуди од каде повреди. И 10 е ок ако starting point ти било 0. Плус се билдаат мускули со progressive overload и тренирање close to failure, а за почетник 10кг се сосем доволно ( и повеќе од што треба ).
Ако некој од муабетов сфати дека треба да почне да вежба директно со големи тежини, прво треба да оди наочари да си купи а не тегови.
Дали некој ја пробал апликацијата Ladder? Сакам да почнам со вежбање дома, па ако има некој да сподели искуства.
Тежината зависи од повторувањата. За да направиш од 6 до 12 повторувања потребна е тежина,тежина со која што не ќе можиш да подигнеш над 12 повторувања. Последните 2 повторувања да се со замор. Само така се поттикнува мускулен раст.
Јас со мали тежини и трчање видов каде каде разлика ама зборам она, да не сум толку "растресена", постегнато малку изгледам оти и ослабев исто така ама дека мускул нешто многу ставив да речеш, не. И да, мали тежини не се за кревање мускул ама не демотивирајте никого дека мали тежини се џабе. Јас пак, мускул не сум ставила ама дека имам други резултати, имам. А ако имате малце повеќе познавање у фитнес, ќе знаете кои се Со пилатес и јога, без тежини јадрото си го вратив во нормала и ојачав откако со месеци не кревав ни грам после операција па после све ме болеше од кревање едно тенџере дома. Со таа хипертрофија некад цитрони ми ги правите
Погрешен начин на тренинг може дефинитивно да е последица на “ego lifting”, и итекако може да дојдат од вежбање со поголема тежина од можностите. Како што реков, 10кг се и многу за некој кој започнува од 0. Јас бенч пресовам со 1,25 од двете страни пример
Запна 10 кила па 10 кила ко баба за стап. Гзот ти носи пола телесна тежина цел ден. 10 кила за задникот твој се ништо, не многу.
Погрешниот начин на вежбање често пати е многу тесно поврзан со преголема тежина. Ако неискусен почетник се прецени со кревањето и те како формата ќе му страда заради недостатокот на сила и така настануваат повреди.