За рамиња, ако генетиката е таква и со многу мал напор и кратко вежбање (без некакви којзнае колкави тежини) се исцртуваат без проблем. Тоа што жени сакаат да изгледаат набилдано, е скроз друг муабет. Сите тела не се исти.
Кај мене во теретана нема таква машина, нема ни лег прес пример. Не ми ни смета, ете било која машина може да се замени со вежба со тег. Вежбам во мала теретана на 50м од мене, моментално ми е побитно да ми е во близина отколку да имам голем избор на машини.
Исто и кај мене нема таква машина ама битно има шипки така почнавме да тренираме со шипки (можда и поарно)а и евтино и најблиску ми е. Ама сега модерно време е,често почетници бараат скапи теретани со тушој ова она...
Не е класична теретана. АТГ е посебен систем на вежби и вежбање со посебен акцент на долен дел од телото (претежно нозе). Изгуглај Бен Патрик за повеќе инфо, тој е основач на АТГ "движењето".
I jas sakam iskustvo za ovaa ili za fitnes revolucija vo karposh 4 Ili so Nade Vasilevska Vezbav vo terminator vo hrom ama nekako ne mi odgovara relaciski
Темава е најактивна па ќе прашам тука. При трчање, кога е пожелно да се почне со надополнување јх, мислам сред трчање? После колку време или дистанца? Веќе ги трчам 10 км за еден саат без проблем и не зимам ништо, па следниов период ќе наголемувам дистанца и дали би требало сред трчање да надополнам јх и како да знам кога?
1 саат пред трчање внеси поголема количина комплексни хидрати а за време на трчање само чиста вода. Одма после трчање можиш брзо апсорбирачки хидрати.
Би сакала да прашам за progressive overload. Колку што знам, треба да се прават најпрво 6-8 повторувања со тежина, па наредна недела да се проба 8-10, па 10-12, и кога тоа ќе ни е лесно и можеме да го направиме зголемуваме тежина така? Е сега прашањето ми е when to stop? До кога се зголемува тежина, има некои вежби што не може со 50 kg да ги правиме а сепак да има резултати Исто јас имам проблем со кичма, не смеам многу тешко да кревам, а нормално сакам да има резултати. Ве молам некој што е постручен да ми помогне @Ajronmen ќе те тагнам тебе меѓутоа секако секој може да каже Btw тренирам од ноември 4 пати неделно кардио + тежнински , целта ми беше слабеење и сум во дефицит, ослабена сум околу 7-8 кг, имам за симнување уште 5-6. Би сакала до април да ги симнам, па да си бидам во maintenance. Меѓутоа дури слабеам сакам и да се зацврстувам мускулно и да се тонирам, па затоа ме интересираше progressive overload.
@Emilija97mk секогаш прогресивното алудира на зголемување на тежина. Ама пробај пример ко че стигниш до 10-12 повторувања и ако прајш по 3 серии, пробај 4 серии направи со 8-10 па зголемувај додека да стигниш на 10-12. И не мора да брзаш да ги стигниш сите овие, прај ги до степен ко че осетиш дека веќе мускулите ти се навикнат и ти треба да појачаш, не верувам во неколку месеци би го постигнала ова. Јас со години вежбам и испитувам на себе си што ми одговара и како, фитнесот навидум изглед едноставно и можеби досадно, освен ако не си го направиш сам интересно, шо значи има многу да се учи и вежба, и уживај во тој процес.
Помош!! После 15 години, вчера за прв пат пак вежбав тае бо. Едвај 30 минути издржав и воздух снемав Сега неможам ни рацете да ги дигнам, се осеќам како да сум се разбудила во болница после сообраќајна несреќа . Жими се, многу ме боли буквално се! Шо да напраам за да не ме боли? Пешачев малку и уште полошо ми стана. После пак планирам да вежбам, али со овие болки незнам дали ќе можам и 10 минути
Нормално е да боли, телото си реагира и си се прилагодува на механичкиот стрес и затоа и боли т.е воспалено ти е и ќе те боли додека не се навикни телото но мора да продолжиш пак со активност но со помал интезитет додека не преболи но не и да прекиниш оти ако прекиниш и некогаш пак почниш пак ќе те боли. Прво туш со млака или топла вода ќе ти ја опушти мускулатурата, магнезиум земи, витамини и парацетамол ако ептен боли. И секако одмор.
Нормално е. Не очекувај дека ќе ти помине од овај, ова е само за ублажување на болка. А тоа секако ќе те боли 3-5 дена интезивно.
Не. Нема да зеам ништо оваа вечер, ај болките ама и алергија добив, и во болница сум моментално. Не ми е судено да вежбам
Почнав да вежбам во ATG,и одлично се чуствувам.Но воедно и почнав да внимавам и на исхраната..Ми треба да намалам едно 10кг ми е во план....Прашањето ми е дали да земам некои протеини или нешто хемија,нешто за топење на масти итн....
Прво да не заборавам, чисто да спомнам дека ако сакаш и да слабееш а во исто време да зацврстуваш мускулно треба да внимаваш да внесуваш доволно протеини. Е сега, за прашањето... Progressive overload нема потреба да го брзаш, и теоретски можеш до бескрај да одиш, затоа што има многу различни начини за прогресија. Може да биде повеќе тежина, повеќе повторувања, повеќе серии, поголем опсег на движење (rom), поинакво темпо, подолго време под тензија и тн. Пристапот зависи од секого индивидуално. Конкретно јас се држам на 10-12 повторувања. Кога ќе осетам дека со одредена тежина можам да поместам повеќе од 12тина повторувања значи време е да качам на тежина. Progressive overload може да биде и како ти што кажа, ако оваа недела можеш да направиш со 10 килограми, 3 серии по 10 повторувања, следната недела направи 1 серија * 11 повторувања а 2*10. Третата недела 2 серии * 11 повторувања + една серија 10. Па наредната недела сите три серии со 11 повторувања и така натаму. За некоја вежба кога ќе се достигне некое плато со тежина, ќе стигнеш до 50 и што понатаму, тогаш влегуваат во игра сите опции кои ги кажав. Помала тежина а повеќе повторувања, или повеќе серии, изометрични вежби и така натаму. Плус според тоа што го разбирам околу твојата цел, не мораш да се ограничуваш на 12 повторувања, можеш слободно да одиш до 15 повторувања со некоја тежина, и тука околу таа бројка да си го планираш прогресивното оптеретување. Ако имаш уште прашања пиши ми слободно. Парацетамол и В-6 за брзо "олеснување" на болката. Гледам спомнато е и магнезиум, магнезиумот убаво функционира кога се зема поредовно и ги намалува грчевите при вежбање бидејќи помага нормално да функционира мускулот. Да, помага и при опоравок ама повеќе во однос на тоа дека го убрзува, а не дека ќе ти помогне околу болката (магнезиумот само кај мал број на луѓе делува смирувачки па дури и до степен да ги успие). Чим имаш воспаление на мускули направи пауза неколку дена од вежбање. Лесно движење како пешачење и истегнување ќе ти биде корисно. Што подразбираш под хемија, ахахах? Дека обично на стероиди се мисли кога ќе се спомне хемија... Другите суплементи не се хемија. Со никаков суплемент нема да "топиш масти" доколку не си во калориски дефицит. Што подразбираш и под внимавање на исхраната? Само пазиш да не јадеш премногу, или пазиш точно колку јадеш? Првото е на среќа, второто е план. Не дека не можеш да имаш резулати и со првиот (лабав) начин на исхрана, ама треба добро да се познаваш за да знаеш дали јадеш доволно многу за да имаш енергија за вежбање и нормално функционирање, а во исто време јадеш доволно малку за да слабееш. Ако не ти се мерат калории, тогаш едноставно следи дали со моменталната исхрана и волумен на вежбање слабееш или не, па според тоа прави промени.