Бројката на вагата не ти се менува затоа што ако јадиш доволно протеини и вежбаш тежински, градиш муслулна маса. Дел од таа вага можеби не е чисто сало, има и муслул кој не го забележуваш но самиот изглед телото по одреден период ќе ти каже. Не исклучувај тежински тренинг, вежбај комбинирано и кардио и тежински. За слабеење потребен е калориски дефицит но тука ќе топиш не само сало туку и мускул. За да не дојди до топење голема количина на мускул, вежбај и тежински и внесувај доволно протеини и вода.
Имам една дилема. Пред неколку години вежбав речиси секојдневно во теретана, но откако престанав, се здебелив неколку кила и најголемиот дел од салото ми отиде во градите. Многу сум задоволна со тоа како генерално изгледам. Сега почнав повторно да вежбам зошто сакам да си ги вратам мускулите и да го затегнам стомакот, но многу ми е страв да не си ги изгубам скрос градите. Скоро сите девојки што имаат одлична мускулатура имаат речиси рамни гради, а до некаде тоа беше случај и со мене кога вежбав редовно, градите ми беа дупло помали. Дајте некој совет како да задржам колку што може повеќе од градите, иако знам дека дел од нив ќе отиде, нормално е сепак.
Можеби е доцна со оглед на тоа дека постот е почнат, ама да, има посен протеин- вегански (ако не се лажам од грашок имаш во ДМ- колку е квалитетен не знам). Останативе не се, бидејќи се всушност млечни протеини.
Сакам да се вратам во форма, после бременост накачив доста килограми. Време за теретана немам, па се мислам за програмата од Сомафит. Имате ли искуство? Поодамна бев на инстафит од Ана Стојанова, ама шо знам некако не ми се уплаќа за кај неа.
Не е професионлен тренер. Вежбите се обака мех, ништо посебно и сите ги има на јутјуб. Уште кога видов дека во програмата има ставено наутро на гладно да се вежба веднаш од ставање сфатив дека не е професионална. Наутро е ризично да се вежба без загревање на телото бидејќи може да дојде до повреда на рбет изместување на диск. Повеќе е онака лајт за иснта слики и група со многу жени каде се пишува се и свашта. За слабеење ти препорачувам на јутјуб да побараш Pop sugar, Lilly Sabri, Pamela Reif, Mad fit i Caroline Garvin.
https://heatherrobertson.com/workouts/ Доста ми помогна за килажата после бременост. Може да ја разгледаш и на јутуб. Топла препорака
Во текот на зимата вежбав, но направив пауза и сега сакам да се вратам во теретана, но не знам од кај да почнам. Кои вежби да ги направам за старт? Совет?
Има повеќе видови да, оној стандардниот што сме го пиеле секогаш, директот, испадна дека е глупост за разлика од другите форми. Јас моментално пијам цитрат, капсули и топ е, приметив разлика во столица, на позитивно, а ќе си земам и бисглицинат за проба.
Последнава година качив 5-6кг (од 53 на 58-9кг) што физички не ми изгледаат ептен лошо, но стомакот веќе не ми е затегнат имам минимална подуеност во долниот дел. Сакам да си ги тонирам и рацете, мислам цела дебелина во рацете и во стомакот ми оди. Да препорачате некои почетнички видеа за вежбање од дома?