Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.203
    извини ова го имав скокнато сега читам.
    малце повеќе треба да истражам ова БРО СПЛИТ или ППИ.
    и да се спремам очигледно пред старт.
    Моментално пијам веј на 100% Whey Protein Professional за вашиот фитнес напредок | HardCore Shop
    дали е ок?
    И дали имате предлог за дневно мени- не знам како да се организирам со храна а да е клин
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.203
    извини ова го имав скокнато сега читам.
    малце повеќе треба да истражам ова БРО СПЛИТ или ППИ.
    и да се спремам очигледно пред старт.
    Моментално пијам веј на 100% Whey Protein Professional за вашиот фитнес напредок | HardCore Shop
    дали е ок?
    И дали имате предлог за дневно мени- не знам како да се организирам со храна а да е клин
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.580
    Протеинот ти е добар, квалитетен е.
    Оброците треба да ти се вака:
    Доручек масти и протеини
    Ручек протеини, хидрати и многу малку масти
    Одма после тренинг еаа(амино) декстроза и Креатин.
    Вечера протеини и хидрати
    Пред спиење протеински шејк со масти без хидрати.
    Протеините треба да ти се од животинско потекло.
    Можиш веј протеинот да го пиеш по 2-3 пати дневно.
     
  4. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Дали може протеин да земам пред вежбање, има ли тоа некаква врска? На пример за доручек да имам овес со протеин и шумско овошје, или некое смути со протеин. Го имам дома цела туба и сакам да го искористам, но не би сакала да го пијам често со млеко и после вежбање. Сите ми викаат најдобро било да се пие одма после вежбање или пред спиење, но мене би ми одговарало најдобро со доручекот.
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.495
    Допаѓања:
    9.067
    Пол:
    Машки
    Можеш со доручек и пред вежбање, но најдобро е после тренинг зошто протеините се градежни блокови кои допринесуваат за побрзо закрепнување и градење на мускули. Пред тренинг најдобро е јаглехидрати за енергија и подобра пумпа. Протеин можеш два пати денот, но ако го земаш пред вежбање ќе се искористи повеќе како енергија отколку градител на мускули.
     
    На Maelina и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Машки
    Најдобро е после тренинг, не мора со млеко да го пиеш можеш и со вода и со смути...
    А за пред тренинг јаглехидрати е најдобро за енергија.
     
    На Maelina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Еднаш имав земено програма од личен тренер (еден од најпознатите во Македонија), и секој ден за доручек имав овес со протеин. Меѓутоа, луѓе што вежбаат ми кажаа дека протеин се земал исклучиво после вежбање, па затоа малце бев збунета. Комплицирано било градењево на тело. :D Ви благодарам многу. :hug:
     
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.580
    Секој протеин не се зема одма после тренинг.
    Одма после тренинг се зема хидро изолат или изолат,пред сварен протеин,пред да се претвори во амино киселина. Најдобро ти е ЕАА одма после тренинг а ако земаш веј концентрат после тренинг има процес на варење и му треба долго време да се свари па да се претвори во амино а за се то е потребна енергија која ќе ти го црпи телото дополнително.
    Веј можиш за доручек,2 часа пред тренинг,пред спиење и помеѓу оброци.
     
    На Maelina и Polyincognito им се допаѓа ова.
  9. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Овој го имам, немам појма дали е концентрат.
    Што е ЕАА? :tmi:
    IMG_7973.jpeg
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.495
    Допаѓања:
    9.067
    Пол:
    Машки
    Добар е овај.
    Како и сите стандарни форми на протеин, концетрат сурутка односно првичната форма кога се произведува сурутка.

    EAA се есенцијално амино киселини односнo градбени единки за мускулните ткива, хормони и ензими, нокти, коса, ги има во храната, во сурутка протеинот и ги има посебно само амино киселините како суплемент.
     
    На Maelina и AAKG им се допаѓа ова.
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.580
    Овај е концентрат. На изолатот пиши ISO или Hydro whey iso.
    ЕАА се есенцијални амино киселини кој излегуваат од протеин од сурутка али ЕАА немаат процес на варење така што брзо влегуваат во мускулни клетки и имаме побрзо враќање на енегрија и побрз опоравак. Во веј протеинот исто така имаме амино но му треба време да се свари во желудникот.
    Иначе Pure Whey е доста добар и скап протеин.
    Имаме и ЕАА кој произведуваат од говецки протеин Beef Protein.
     
    На Maelina, Polyincognito и quattro им се допаѓа ова.
  12. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    @quattro @AAKG ви благодарам навистина. Значи добро би било и тоа ЕАА да го земам? Гледам го има во Хардкор шоп и Полео. Ми препорачаа и БЦА демек за време на вежбање, ама пошто не се разбирам многу дали е во ред не го земам. Не сакам само да давам пари и да внесувам непотребни работи кои никаква корист нема да ми донесат, не ни вежбам пренапорни тренинзи моментално пошто сум во калориски дефицит, истоштена сум и немам многу сила. Во моментов пијам само Л карнитин пред вежбање кардио.
    Барем протеинот сум го погодила. :tmi: :rofl:
     
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.495
    Допаѓања:
    9.067
    Пол:
    Машки
    Нема потреба воопшто да трошиш толку на суплементи на почеток и плус си во дефицит слабееш. Суплементите не се магично стапче тие се додатоци во исхраната. Напредни вежбачи земаат но за почеток не би ти препорачал толку суплементација. Јади доволно балансирана храна полна со протеини и здрави масти и јгх, можеш само Веј протеин да земаш за почеток.

    БЦАА има и во самиот протеин има. И БЦАА се амино киселини. Некои не земаат зошто ги има во самата сурутка.
     
    На AAKG и Maelina им се допаѓа ова.
  14. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.580
    БЦАА има во веј протеинот и во ЕАА има БЦАА така да нема потреба да земаш БЦАА посебно. За време на тренинг само вода. Пред тренинг внеси поќе хидрати и ќе имаш поќе енергија.
    Намалиго калорискиот дефицит,оди со мини кат(благ дефицит) за да му дадеш на телото простор да гради и мускулна маса. Не е лошо и да одиш на чист булк со чиста храна да качиш некое кило без масти и пролетта да почниш со дефиницја и за на лето ќе бидиш тип топ.
    Од суплементи доволно тие е веј протеин,ЕАА ,не е лошо еден креатин монохидрат најобичен и едни витамини за поткрепа на организмот доволно е.
    Посекако веќе внимаваш на храна преку храна внесуваш скоро се а суплементите ќе ти се од помош.
     
    На Polyincognito и Maelina им се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    9.213
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите:) Нова сум тука, решена сум да започнам активен и поздрав живот. Во последниве неколку години накачив многу кг (не наеднаш) и веќе ми сметаат, не се осеќам убаво и сакам да намалам. Инаку имам 34 години. Имав неколку обиди за слабеење, слабеев по неколку кг месечно (сама си правев некои нискокалорични диети) ама брзо се откажував и пак ги враќав килограмите.
    За почеток таргет ми е -15кг во наредниве неколку месеци (идеално би ми било да ослабам 20 ама сакам да одам step by step)
    Денес почнав исхрана со нутриционист, балансирана исхрана со отприлика 1600 кцал дневно, плус секаде се движам пешки веќе 2 недели. Гледам да направам минимум 10.000 чекори дневно.
    Планот ми е бидејќи имам поголем вишок кг, месецов да го истерам со исхрана и пешачење, да намалам неколку кг, а од следниот да почнам и во теретана.
    Е сега, јас имам вежбано ( последно лани пролетта неколку месеци) функционални тренинзи во група, ама теретана немам вежбано од средно (15 и повеќе години). И буквално не знам од каде да почнам. Со тренер ми е скапо, ќе ми треба само некој да ми покаже справите како се користат, која справа за која група на мускули и слично, што верувам ќе ми објаснат кога ќе се запишам во теретаната.
    Е сега сакав да прашам тука искусни како да си ги организирам тренинзите. Дали 1 час во денот доволно ќе биде? Колку дена неделно? Дали се почнува прво со кардио, на трака/точак па после идат вежбите на справи или како?
    Ако имате и некои видеа да споделите што би ми биле од корист како почетник, би ви била благодарна.
    Значи, целта ми е да ослабам и да си го обликувам телото:muscle:
     
    На Elenpelen, penelope10, Aleks.mar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е соодветна темата, но знам дека има доста членови кои имаат повеќе искуство во светот на фитнесот.

    Кога сум во рутина и вежбам, се трудам и да внесувам доволно протеин, за моја килажа од 52кг, по 110г протеин внесувам, така заокружено полесно го сметам. Внесувам од прилика 1600 калории дневно. Е сега проблемот што ми се јавува кога ќе почнам со рутинава е надуваност, отежнато ми е идењето до wc, т.е. не добивам никаква желба, имам и по малце непријатни гасови, но минимално, ама осеќам разлика. Пијам магнезиум цитрат, сум пробала и пробиотик, ама пак е истото. За разлика од тоа кога постам, дури и со тофу и со риба кога се трудам толку протеин да внесам, дури и вегански протеин пијам, даалеку полесно се осеќам и многу редовно се празнам. Ама тогаш немам толку сила да кревам тежини.

    Од прилика вака ми изгледа дневната исхрана, 2 јајца, 1 белка за доручек, еден голем цел домат (некогаш и гаспачо правам цел шејкер со варени јајца), 5г масло, зависи од денот и кришка леб од кисело тесто, тој сомун што е од кам. Ручек ќе земам околу 200г немасно месо живо кога е го мерам и го комбинирам со пропржен или барен зеленчук, тиквици ради столица, сега и модар домат хит ми е, брокула, морков, компир... различни комбинации си правам. Некогаш и по 50г интегрална тестенина, зависи од денот. Вечера обично гледам да е полесна па земам канче грчки јогурт 2% масленост со мерка протеин (на протеини си земам, гледам има и дигестивни ензими во состав) и ако не го праам шејкер сецкам портокал, ако не со шака малини,капини шејк си правам. И по некое овошје измеѓу за ужина земам.

    Од суплементи земам магнезиум цитрат на солгар и пробиотик на ваја (понекогаш го паузирам). Пешачам и по 40тина минути дневно или ти некои 8000 чекори, дека седечка ми е работата.

    И не можам да најдам од кај ми иде проблемот со столицата... и зошто не се осеќам лесно како што ми е кога пример јадам посна храна, како тврд и надувам ми е малце стомакот, на изглед малку е, ама јас тешко го осеќам... А за постење, постам редовно секоја среда и петок и сите пости што се во годината. Тогаш немам таква мака. Среда и петок јадам рипче, ракчиња, јадам тофу и правам вегански протеински шејк, и стигнувам до некои 110г - 120г протеин на ден без проблем.

    Други макроси не следам (само калории и протеини од прилика 5г плус-минус), ама гледам да јадам помалку масти, и да ги внесувам повеќе од јатки, чија семки и такви работи. Сепак имам и други работи во животот, сакам да си олеснам, а сепак да внимавам колку можам.

    Друго прашање ми е, дали може да е од стресот што му го стварам на организмот од вежбањето. Бидејќи кога одмарам и лежам ден-два и со ништо не се замарам, имам по рамен стомак и до кога постам на пример, без разлика што во такви денови се опуштам и глупости јадам.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.495
    Допаѓања:
    9.067
    Пол:
    Машки
    Надуеност, проблем со столицата ти се јавува во денови кога внесуваш животински протеин, факт е дека протеините потешко се сварливи и како што прочитав кога го јадиш ова немаш никаде вклучено храна со растителна влакна за разлика кога постиш и јадиш повеќе храна со растителни влакна пример грав, леќа, итн. и затоа тогаш немаш проблем со стомакот и столицата.

    Се е океј ова што го опиша кога јадиш месо, но воведи и малце храна побогатата со влакна, било што, ете на сабајле овес, чиа семе, итн. А и повеќе калории, зошто со 1600 си во дефицит па кога ќе внесуваш малце калории метаболизмот успорува и "се заштитува" од глад. Колку повеќе храна внесуваш толку повеќе варење ќе има. Е сеа освен ако не ти е целта да слабееш па си на само 1600 кал.

    И секако вода, 2-2.5л вода во денот минимум. Водата највеќе помага во варењето на храната и со тоа ќе имаш и полесна столица и не толку надуен стомак.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.580
    Исхраната тие е попара.
    Овде немаш ни 60гр протеин.
    Се шо содржи фибри прават гасови и надуеност. Веганскиот протеин е жива превара,вонего имаш само леуцин наприцкан а остатокот сојавит.
    Велиш дека мериш само калории и протеини :worried:
    Протеинот е калориа. Тие калории ти идат од протеин,масти,хидрати. Изворот ти е битен а не калориската бројка.
    Магнезиум цитрат-имаш само побрзо искористување на магнезиумот се останато е исто.(Фрлање на пари).
    За доручек јади само јајца и малку здрави масти.
    Помеѓу оброк амино ЕАА или говецки протеин.
    Ручек месо по избор со хидрати без масти.
    Одма после тренинг брзи хидрати пример витагро или декстроза со еаа.
    Вечера риба со компир варен или само риба со малку леб.
    Пред спиење доза говецки протеин.
    Говецкиот протеин нема лактоза,нема филери,нема масти,нема шеќери,има ензими за варење на храната,висок процент на калциум и протеини во доза и одличен состав на амино киселини.
    Било какви диети да се прават пред тренинг секогаш процентот на хидрати е највисок.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Женски
    Овој делот со невнесување доволно протеин ме збуни малце, ајде пак ќе наведам (само извори на протиен тука)...
    Доручек - 2 цели јајца + 1 белка, големи се јајцата ( пишува во табела по парче има околу 9 г протеин), некогаш овде земам и 50г мисиркино на парчиња или пршута, или лажица онака голема нискомасна урда.
    Доручекот сигурно има некои 30г протеин.

    Ручек 200г месо да речеме пилешки гради или мисиркин стек обично + тестенина некоја (салати, зеленчуци не бројам) сигурно има 40г протеин.

    Вечера канче грчки јогурт 2% масленост од прилика 15г протеин + 1 дозерка околу 20г протеин, ете ти некои 35г.

    Доручек 30г + Ручек 40г + Вечера 35г -> 105г, на тоа додади некој грам и од растително потекло, од тестенина и ете ти. На моја килажа од 52кг, 53 у пмс кога сум, толку треба, по 2г на кг.

    Кај грешам овде? Плус не го јадам само ова, туку овде само ги наведов главните извори на протеин.

    И благодарам за другите совети, ќе се обидам со говедски протеин. И само протеин + хидрат пред тренинг.
     
    Последна измена: 8 октомври 2025
  20. Ivana994

    Ivana994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да вежбам во теретана со тренер , да споделите искуства или препорака за функционален тренинг