Дали има некој искуство со Ивица Јанев (icebbf) или Дејан Пауновски (pakigram)? Знам дека се и двајцата добри, но кој би ми бил подобар избор?
Долги години вежбам но никогаш не сум земал суплементи, сега нешто ми се уврте у глава да купам креатин. Може некој малку поопширно да пише како да го земам и што да очекувам и што би се случило кога би престанал да го земам, фала.
Исхраната му е на сите иста ( со мали измени, неколку уплативме кај него, па така и знам) многу еднолична, јас сум алергична на одредени производи и тие беа во програмата за исхрана, па кога реагирав смени. Исто така мотивационите пораки му се копи-паст на сите. Не е секогаш достапен и потоа вика извини ама неможам да одговарам ќе ме остави жена ми, а ти му пишуваш за исхраната или за некоја вежба. Го знаеше мојот здраствен проблем и добив иста исхрана како мојата другарка без никаков проблем. Го прашав дали може ова да се среди, ни кажуваше дека има многу примери. Секако гледајќи ги трансформациите поверував но ми ја влоши многу состојбата и за вежбите беа најпрво дома, па потоа во теретана, но само еднаш ги покажа и потоа беше многу зафатен. Се на се многу лошо искуство а јас му платив за неколку месеци однапред.
Ќе ме остави жена ми?? Значи сите се исти во глобала, јас претходно имав земено програма од еден личен тренер во мојот град и имам вакво слично искуство, една иста храна да ја јадам со месеци. Баш мислев дека другиве повеќе ти се посветуваат, грешка сум била изгледа.
Паки е аматер а Ивица е Ifb elite pro. Разликата е небо и земја. Од кај Ивица има доста натпреварувачки кој излегоја на европско за разлика од кај паки нема ниту еден натпреварувач во последните 4-5 години. Ивица е добар ама не е сериозен ги запоставува клиентите а ги има преку 30 од кои 20 му се со персонални тренинзи. Божидар ви е исто така добар можи да се кажи еден од најдобрите во Мк засега.
Од Битола е дечкото доста добар и пофален низ Мк. Има доста задоволни клиенти. Можи да го најдете на инстаграм Bozhidar Pecakovski
За Ивица Јанев Предосадни филозпфирања има и многу текст демек е голем познавач а менито мн досадно и некреативно. Чет џпт подобар режим ќе состави. 12 неделна програма со минимални измени во менито. За 18 000 денари треба навистина да се потруди на индивидуален пристап, а не само да се цели кон уште еден успешен понеделник со задоволителни мерки, за да ме објави на стори. Сите всушност се палиме на сликите и успешните приказни, а ни се гади од оброците зошто све едно исто јадеме.
Барам совет околу започнување со вежбање. Имам сколиоза и претходно вежбав во коректива но престанав бидејќи не можеа да ми понудат термин што ми одговараТаму вежбав без справи и искрено многу ја имаа качено цената па затоа сакам да пробам нешто поразлично. Размислувам да почнам во теретана и за почеток да земам личен тренер кој би ми објаснил како да вежбам правилно и би ми давал вежби прилагодени на сколиозата.Доколку имате искуство или препорака што би било најдобро за мене, би ми значело да споделите мислење. И да додадам во околина на Аеродром би ми одговарало најмногу
Моја препорака ти е во Џевашир Sky Wellness, имаат многу океј членарини ако сакаш да вежбаш со тренер таму, барај го Мартин Гроздановски, со многу големо искуство е. Спојлер: Линк од тренерот био https://mgfit.online/?utm_source=ig...T-PC4ZhaAeTGA41Mqg_aem_Xv2cEm2ZjeSi94nkKXpVZA
Здраво. Ми треба уше еден пар очи. Имам лимфедема на едната рака и не смеам да кревам големи тежини. Ама веќе ми се смачи само од тегнење и пешачење, сакам теретана. Па денојве активно работам на програма во консултација со другарка (доктор, gym rat) ама ни треба мислење ако има некој шо ете се разбира во та проблематика. Сите вежби за upper body се или со body weight или со мали тегчиња од кило-две со поќе повторвања. Исклучивме cable вежби и други машини и ги заменивме со алтернативи со тегови за да можам да ги користам малите. И мислам дека то е то, имаме „победник“ и викендов ќе пробам да видам (нормално, со ракавица за лимфедема, инаку не смеам). Ама си реков ако има случајно некој шо ете има искуство пример со лимфедема и вежбање во теретана - ве молам слајднете ми. Фала.