Јас мислев само јас сум неуспешен пример кај Ице. Храната е измачување, иста, одвратна. Тренинзите исто така не добро смислени. Како става jumping jets 3 пати по 30 на жена со 20кг плус. Тешки вежби, за некој што никогаш не вежбал. Многу ароганција, не одговара на пораки... и дури психички те уназадува... не те мотивира да издржиш туку игра на картата: кај мене нема лигавење, ако не успееш си крива ти, вакви болести ќе добиеш ако не намалиш кг... океј.. знаеме, можеби ни треба некој да не подига... Се на се, не добро искуство од Ивица Јанев
Од негова страна менторство нема големо. Вежбите што ги дава се снимени со ужасни лош квалитет, а дали ќе се повредиш при изведба не се замара. Имам чувство дека според него, кога си на програм се друго треба да стои на пауза. Вежбање и готвење, и чекање да дојде петок за да ти филозофира со копи пејст пораки
Лепота е скапа работа, али не е невозможна мисија,.. про тренер , пар екселанс бар што јас го знам ... али незнам дали сеуште е во земјава...проверете.
Калориски дефицит, и било која физичка активност, и една најбитна работа, нема магично стапче без напор,труд,дисциплина.
Стомакот не распознава ниту храна ниту вежба,распознава само интензитет и волумен на неделно ниво. Во пракса то ти е од 8 до 18 серии на неделно ниво. Вежбата е само локација кој мускул да се таргетира. Само на стомак да се симнат масти е невозможно пошто телото топи телесни масти од цело тело. Кај некој повеќе е изразено кај грб кај некој на нозе кај некој на стомакот ... Најчесто се таложат масти кај стомакот пошто тука врват андрогени рецептори.
Имаат пишано и други членки, ама според мене Ивица не. Јас бев кај него и се чувствував ептен напната, секоја негова порака ми беше како смрт онака, воопшто не е пријатен ни за муабет ни за совети за ништо. Праќа копи пејст пораки као за мотивација ама не си мотивиран ништо, мене првиот месец ме стави на 1000 калории мислам ќе паднев од што не внесував доволно храна, башка храната одвратна. Као демек проверуваш крв и не знам што, се ипостави после тоа дека на мене и уште три други колешки со различни килажи ни е истата храна. Не би го препорачала јас за тие пари што ги прави, да не кажам типичен сељак ми е.
Една година вежбав кај Драгана Фитлајф во сала ама со сплет на околности и многу обврски морав да прекинам, сега Драгана нема слободно место. Се размислувам да си ја купам програмата и да си вежбам дома, дали некој има искуство со нејзините онлајн програми и дали се ефективни?
Јас вежбам веќе 6-7 месеци онлајн кај неа и конечно гледам резултати какви што барав. Немам вежбано во сала кај неа претходно. Преку неа сфатив дека овој тип на вежби - пилатес комбинирано со аеробик, кардио ми одговара најмногу. Почнав од тие средно ниво програми, тренинзите се околу 20-30мин, па сега сум веќе на тие од 50/60мин. Пробај барем месец, мислам дека нема да згрешиш. Заборавив да напоменам, два или три пати сум и пишала, дали во врска со програмите или некоја друга проблематика, истиот ден ми вратила и ми објаснила убаво и опширно, што многу ценам.
Драгана е девојка на место искрено, јас уживав кога вежбав во сала и ептен ми е криво што морав да престанам тој период. Фала ти баш за споделено искуство мислам дека дефинитивно ќе си уплатам. Користиш ли некакви реквизити, дали треба да си купам тегчиња?
Јас уште во короната дома кога почнав да вежбам нарачав од оние комплетите 30/40кг со шипки и плочки за сам да си ставаш килажа колку што ти треба, па тие плочките си ги користам сега. И шипката ја користам кога има тренинг со пилатес стап, тие тренинзи се предобри. Гледав во flying tiger такви мали тегчиња од 1, 2, 3 кг како за почеток, па после ако ти притребаат и потешки ќе си доземеш.
Ослабев чечкалица и изгубив се шо можев да изгубам ама тие килограми на стомакот неќат да се симнат. Толку долго се извадив од петни жили да го симнам месово. Н е с а к а . А под нож нема сигурно да идам за да го тргнам. Не ни можат оти немам доволно за липосукција. Што да правам? Дали има некои процедури во Силует/Афродита или нешто друго за да го тргнам? И ве молам без коментари да го прифатам, тоа нема никад да се деси. Решена сум за да го елиминирам еднаш засекогаш.
Се се сведува на крај дека и за тие последни килограми треба калориски дефицит. Колку си висока и тешка? Намали до БМИ 20 и тогаш почни во теретана со тегови
Зависи како и слабееш и со какви калории, оти има разлика во калорија и калорија од нутритивната вредност у и хранливост. За стомакот најчесто бара храна која не содржи многу заситени масти, шеќери и јаглехидрати. Најчесто се јади варена храна, се прави кардио (пешачи или трча) и секако калориски дефицит пропратено со вежби за стомак.
Тогаш тоа е само конституција или нормални маснотии кои треба да ги имаш. Таргетирано не можеш да ги изгубиш, освен ако не си во некој ептен голем дефицит, па да бидеш со пренизок БМИ.