Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. pinklipstick

    pinklipstick Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Пробај со стомачни вежби.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.202
    Допаѓања:
    10.218
    @Curious cat Според мене,

    Ова повеќе ми звучи дека си хипер-фокусирана по слабеењето со тој дел, отколку дека станува збор за реален проблем со вишок маснотии.

    Ако немаш проблем со хормоните и самата плус велиш не е видливо, ова звучи како slight телесна дисморфија.

    Односно, опседнувајќи се и барајќи перфекционизам, умот го гледа нештото како многу поголемо отколку што навистина е.

    Мој здрав практичен совет е да се почестиш со нова облека, вклучувајќи и фенси долна облека, која многу повеќе ќе му прилега на твоето ново обликувано тело.

    Ова многу подобро помага појасно да ги видиш резултатите, отколку висејќи дома пред огледалото во вообичаените парчиња.

    Неинзавазивни третмани постојат, ама реалистично гледано, не би помогнале премногу за отстранување на маснотиите, особено ако ги нема многу :*:
     
    На _Vera_, Munchmallow20 и Curious cat им се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.636
    30 мин утринско кардио возење статичен точак на празен стомак. На празен стомак 3 вежби со по 3 серии за стомак 2 пати неделно а кардиото 3 пати неделно.
    На празен стомак кога инсулинот е смирен тогаш имаш максимална оксидација на телесни масти.
    Од исхраната исфрлиги скроз мастите, хидратите држиги на 3гр на 1кг телесна маса а протеинот крениго на 2.1кг на 1кг телесна маса.
    Додаток земи фет брн. Можи и AAS Али за него треба тренер шо ќе те води.
    Фет брн го имаш во сите продавници за суплементи.
    Тоа сало кај стомакот тешко се кини пошто тука се андрогените рецептори.
    Треба време за да се скини то сало на тој дел. Некогаш се потребни и 6-7 месеци.
     
    На Curious cat и pinklipstick им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    26.331
    Пол:
    Женски
    Јас неќам да се мешам ама многу нездрави совети за многу банален проблем.
    Исфрлање на масти? Арни сте?
    Рече веќе дека многу ослабела, ај уште толку нека си го заебе здравјето со советиве.
    Мислам ако се занимаваш со боди билдинг и се потресуваш за секој процент на масти у реду. Али за просечни луѓе нема потреба повеќе да им ја храниме лошата слика за себе. Оти може после и ова да нема ефект и уште толку да се депримира.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.140
    Допаѓања:
    17.159
    Пол:
    Женски
    А шо праиме со комплексите ради ебан физички изглед? Тоа прво залечете си го, па потоа другото.

    Сфатив колку само сум се замарала беспотребно, сеа кур ме боли буквално за нешо толку површно.

    Сакајте се себе бе, а не да се комплексирате.
     
  6. pinklipstick

    pinklipstick Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Па не мора да се иде у екстреми - скроз да не се замараш или па да се замараш опсесивно.
    Здрава грижа за телото не значи дека се комплекси.
     
    На Mr.Limonko и AAKG им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.140
    Допаѓања:
    17.159
    Пол:
    Женски
    Епа се иде, глеаме дека се иде.
    Забораваат што значи нормално тело и како тоа треба да изгледа.
    Заслепени, под влијание на инста моделите имаат нереални очекувања од себе.

    Помодарство стана да се живее 'хелти'
     
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    26.331
    Пол:
    Женски
    Екстремно слабеење не е здрава грижа за телото.
    Значи не вика да ослабам до здрава тежина или да ставам мускул него замарање со некое мало делче на стомакот што веројатно и нема никаков ефект врз здравјето.

    Крај крајова и нека проба ама овие gym bros што едвај чекаат да дојде некој со ваков глуп проблем да даваат некогаш и опасни совети ми се стварно...не знам.
     
    На Srckata28 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.636
    Постој нешто шо се вика интрамускулна задршка на вода и сало. Ако се скини тој дел нема да падни на телесна маса туку волуменски. На тежина нема да паѓа затоа што мастите преку храна се заменуваат со протеини и хидрати. Исто така хидратите одреден период ароматизират во телесна маст која нема да ја ремети диетата. Тоа е одреден дел од периодизација,одреден период на поправка на одреден дел на телото.
    На дилоуд се враќа на стариот режим на исхрана како порано.
    За девојката не знаеме колку кг е,колку висока,колку кг симнала. Девојката убаво си кажа дека сака да го скини тој дел од стомакот шо знај дека е тешко и дека е упорна во то. Овде нема ништо нездраво пошто нема цело време да е на таков строг режим.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Машки
    @Curious cat
    Дали само со диета имаш ослабнат, без да вежбаш?
    Мислам дека треба да зголемиш мускулна маса со самото тоа што ќе зголемиш мускули, тие многу повеќе ќе трошат. Почни со тежински тренинг.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    26.331
    Пол:
    Женски
    Ама еве ќе го ослабе и после малце да се опушти ќе ѝ се појави пак.
    И шо прајме? Цело време у круг?

    Тооолку рамен стомак е возможно, ама не е одржливо.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.688
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Машки
    Ако имаш малку повеќе масти околу стомачето не е страшно, баш е симпатично и да не ве лажат инстаграм селебрити затоа што не е реално на оној танок стомак да функционираат во секојдневниот живот.
    Балансирајте нормално живот на нас смртниците (прајте разлика од инфлуенсери) и некоја нормална диета.

    Конкретно само кај стомакот да ги изгубиш, не е возможно, ама со континуирано пешачење, правење чучњеви и ако имаш слободно време за некој спорт или хоби како на пример пливање, трчање или фитнес би било идеално.

    Од страна на диета намали со бели пецива,газирани сокови, пиво не би спомнал пошто си девојче и сметам дека ретки се тие што пијаат пиво и јади повеќе салата и овошја. Би требало да се доведи до некој ред за неколку месеци. :)

    И секако најважното го заборавив, добар сон секогаш од 6 до 9 часа.
     
    На Mr.Limonko, quattro и AAKG им се допаѓа ова.
  13. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.636
    Знам,јасно ми е освен ако девојкава се спрема за некој натпревар или нешто друго па се одлучила да оди до мах. Али за да се одржува таков рамен стомак ќе мора да се откажи од многу работи шо нормално и јас сум против одење до тој степен.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    9.663
    Пол:
    Машки
    Мускулите не ги трошат вишокот калории од стомакот. Можеш да изградиш маса а стомакот да остани.

    Не е возможно, не можеш постојано да си со рамен стомак. Затоа постои on season за време на winter arc и off season кога истиот ќе заврши. И сака пазење многу на храна, најчесто да е варена храна и да не се претерува со калории.

    Ама тоа е тешко одржливо постојано. За просечен човек не му треба кој знај шо, и вишок да е не е проблeм никаков, дури нормално.

    **
    И намалете со инстаграмот, малце живејте во реалноста.
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Машки
    Колку повеќе мускулна маса, толку повеќе калории троши организмот.
    Да мора да се балансира и со храна, ама не треба да биде тоа некоја екстремна диета, треба нешто што ќе може да и стане начин на живот. Џабе ќе и е екстремна диета додека да го стопи салото, кога после ќе се врти на стариот режим и пак ќе внесува повеќе калории.
    Плус ако има мускули дури и да има малку сало ќе изгледа многу подобро затоа што ќе и биде доста позатегнато телото.
    И треба да тренира цело тело не само раце или само стомак..
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.202
    Допаѓања:
    10.218
    Јас би додала дека не треба да се споредувате ниту притискате себеси за рамен стомак ако тоа е нешто што постојано го гледате на Инстаграм.

    Бидејќи, иако има луѓе со таква генетика (skinny), повеќето кои имаат екстремно рамен стомак на слика претежно тоа е комбинација од добра поза + добро светло.

    Имам многу пати видено модели и слаби девојки, чии слики на Инста се совршенество, а потоа кога ќе видам рандом видео од нив, пример папараци стил, девојките имаат мало меше што е многу нормално.

    Воедно да додадам, дека има и многу кај кои станува збор за tummy tuck или belly lipo - нешто кое го прават и тие слабите, за да имаат екстремно рамен стомак, а е нешто за кое не се зборува често. Сето ова не е реално исто како што имаат копче-нос :tmi:

    Едноставно хранете се здраво, вежбајте за да бидете во форма, па и да сте smokin' hot, ама не до степен да не спиете навечер за невидливо меше :*:
     
    На Panda00, Munchmallow20, AAKG и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.303
    Пол:
    Женски
    Точно! Стомакот не може секогаш да биде рамен ( како што ние сакаме) јадеме, пиеме (дури и вода), со секое внесување течност или храна се внесува и воздух.
     
    На AAKG и quattro им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    9.663
    Пол:
    Машки
    Тоа се калории од базалниот метаболизам, дури и во мирување телото ти троши калории за да преживее. А со мускулна маса, телото ти троши дупло енергија од просечната енергија на базалниот метаболизам, фактички стануваш енергетски потрошувач и за да ја одржиш масата треба постојано да го надохнадуваш телото со калории т.е храна оти во спротивно телото за енергија ќе ги разгради мускулите.

    Ама не значи ако се има мускули и дека стомакот ќе стани рамен. Да, базалниот метаболизам ти троши повеќе калории ради масата, ама троши од цело тело не само од стомакот.
    За стомакот најголем кривец е кортизолот. Потоа исхраната, сонот, внесот на сол, јаглехидрати, итн.

    Ти можиш да бидеш со 50кг мускулна маса на тебе ама стомакот да ти стои, тоа најчесто е кога си во булк, а коа слабееш се дефинираш ете да имаш порамен стомак, тогаш ти паѓа и мускулната маса, оти кога се слабее, слабее цело тело, не само одреден дел, пример стомакот :)
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    1.636
    Пак ќе се надоврзам за тој дел од телото. Кога ќе се дојди до одреден процент на телесни масти на скоро цело тело а останало поткожно сало и интрамускулна вода само кај стомакот,телото после одредено време се фокусира на оксидација на телесни масти само на тој дел каде што веќе постојат масти а на останатиот дел нема оксидирање пошто природниот процент на телесни масти е достигнат и нема шо да топи и можи и од тој дел кај стомакот да не можи поќе да се намали и то е еден дел до генетиката.
    И да се намали после одреден период пак се враќа. Од помош можи да бидат и изградените стомачни али не секогаш. Сум пробал многу пати али то не е живот,тое робија.
     
  20. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    2.991
    Не. Со двете заедно.
    Стриктна диета.
    Ке му го земам советот на ААКГ мислам дека можам да го постигнам ова. Се надевам до накај лето ќе бидне.
     
    На AAKG, pinklipstick и Mr.Limonko им се допаѓа ова.