Препорачајте ми бесплатна апликација за вежби во сала (теретана) или некоја бар месечно да се плаќа до 5 долари. Ja imam Lyfta, добра е ама се плаќа 50 долари годишно (нема опција за месечно) Ми треба да ги гледам вежбите (да има и анимација)
Провери ја Jefit, мене за сега ми е супер. Уште бесплатната верзија ја користам, имаш планови да одбереш според целта, и ти прави програма а имаш и кастм да си составиш сама (селектираш група на мускули што сакаш да вежби) само последнава опција е ограничена во бесплатната верзија..
Морам да се надоврзам и јас за Ивица.Тој е најкатастрофалниот фитнес инструктор што сум го сретнала…А сум поминала богами многу во животот….Човекот е прво пре дрзок и арогантен се уште се прашувам со кој памет сум му уплатила 8000 ден…Како прво додека не му уплатиш на сметка не ни разговара со тебе ќе ти напише 2-3 реченици прво да те изрезили и потоа ти вика мојот разговор заврши ако си спремна за соработка еве ти уплати па ќе разговараме…. Јас сум вегетарјанка ми даде 5 дена секој ден туна компир и к.краставици да јадам буквално кога му кажав нешто да ми смени одговорот му беше дека така требало. Кога му кажав и дека имам слушнато дека не е здраво да се јаде толку често туна бидејки содржи жива одговорот беше па ако е не здрава и нема да се продава Значи се што се продава е многу здраво Па дури и цигарите Јадев 2 недели туна нонстоп буквално дојде ден кога се исповратив и не сакав да ја видам веќе..И тогаш се откажав.Менито е пре ужасно воопшто не креативно една членка погоре имаше напишено чат џпт подобро мени ќе ти направи…. Вежбите претешки со 30 кг плус дава не соодветни вежби спрема килажата.Се на се 0 од 10.Нај скапо го платив од сите а најкатастрофален излезе.Башка на се страшно арогантен и недостапен.
Јас дома вежбав 1 саат и он ми вика тоа е многу малку, вежбај бар минимум 2 часа ама таков дрзок натмен…. и тогаш си реков јас веќе на овој не му го полнам џебот. Откако престанав со него ослабев 10 кила.
Со српскиве тренери има ли некој искуство ? Ми исјача еден Никока Орозовиќ, програмите му се значитело поефтини од Ивица и другиве.
Јас имам вежбано, 30-40минути му се тренинзите снимени унапред, 5 пати неделно. Добар е, јас ја имав домашната верзија без исхрана.
20 евра неделно. Прави план на исхрана, суплементи,план за тренинзи. Основните работи. За подетални работи да се научат како користење на анаболици или спремање за пред натпревари кошта 200 евра месечно. Те следи цело време,кога и да го прашаш тука е одма одговара. Прави и live видеа. Јас видов доста напредок од кај него. Можиш да го најдеш на Инстаграм Milos_muscleboy A од Мк ти е добар Божидар Пецаковски. Многу солиден тренер за се што и да ти треба.
Мене ми кажа , трчај на кеј прво, а кога ќе дојдеш дома 1 час тренинг со тежини. Туната, со кисели краставички и компир и ние што не сме вегетаријанци си ја јадевме, да ни смени малце од секој ден пилешкото да не ни се слоши. Да се собереме сите со негов програм, се кладам дека сме имале исто мени, само сме губеле време да го одговараме "персонализиранот" прашалник Од мене еден голем ред флег за Ице ББф што соли памет на инстаграм, па не' купува со некакво знаење, а кога ќе дојде до соработка, на клиентот му се повраќа од едночично мени кое секоја недела наводно се апдејтира