Супер страни ги разгледав инаку не мора пари да се фрла на крај краеви ако на ChatGpT му напишеш да размислува како фитнес тренер имаш Free фитнес тренер во секое време за вежби и за исхрана
Jas vezbav pred dve godini tamu togas beshe ok Sega vezbam vo vlae kaj oblozuvalnicite kaj zur marketot sto e i tamu e super i ok cenata e 1200 den
Здраво, дали има некоја апликација да ми предложите каде што ќе можам да гледам вежби за во теретана? Повеќето гледам се плаќаат. Почнав во теретана после не знам колку време, и баш не знам кои вежби и што треба да правам.
Ве молам совет за редослед на вежби горен дел на тело. Ако вежбам се во еден тренинг тоа би одело вака: грб, гради, рамо, бицепс и на крај трицепс или...?
Нема да имаш никаков бенефит ако вежбаш се во еден ден зошто ќе дојди до претренираност и шок на кортизолот. Мускулот расти кога се одмара. Вежбај различни мускулни групи во посебен ден. Пример, Понеделник - гради со бицепс Вторник - грб со трицепс Среда - рамо со нозе Четврток - одмор
Како шо и одговорив. Овај ти е најадеквантен план за вежбање така шо нема да се претренираш, нема да направиш катаболизам бидејќи ќе вежбаш секој ден различна група. Пример, Понеделник - гради со бицепс Вторник - грб со трицепс Среда - рамо со нозе
Повратник сум после пауза за тоа размислувам на ваков начин.. Мислев со помали тежини повеќе повторувања да го поминам цело тело во два дена. Еден горен, следен долен дел. Грешам?
Гради,рамо и трицепс. Следен ден грб,задна ложа од нозе и бицепс. Следен ден пауза. Наред ден нозе и два дена пауза. Или можеш Гради и рамо Следен ден пауза. Нареден ден грб. Следен ден нозе и нареден ден раце бицепс и трицепс и два дена пауза. Ако се враќаш после долга пауза можиш upper lower сплит 2 недели или full body додека влезиш во шема.
Фала ти многу. Се враќам после два месеца и ова е најдолгата пауза што сум ја правела. Почнав од вчера цело тело утрово добро е можам да станам реално се спремав пострашно да биде... Така ќе направам цело тело ќе вежбам една недела мислам ќе ми биде доволно да се вратам па ако треба ќе си дадам и две недели. Јас вежбам 6 пати неделно само недела правам пауза па не можам да си дозволам таков луксус по два дена пауза после некои вежби. Едит по колку вежби за група на мускули правите?
За секоја мускулна група различно е. За малите мускули препорачливо е до 2 за да не се прегорат некој прават и една вежба, пример рацете или рамото, за големите како грб, гради, нозе до 4 или 5 вежби кој како сака со по 3 до 4 сета.
Како што ти пиша членот quattro. За големи мускулни групи по 5вежби а за малите мускулни групи од 2 до 3. Секоја вежба по 3 сета. Некој вежби некогаш се прават и по 2 серии. Битни ти се бројот на серии на неделно ниво.
После долга пауза вчера почнав да вежбам дома, нормално по малку, грб, раце, стомак, нозе, задник се по ред. Денес колкот ме боли па вежбав само грб и раце. Смешки невидени сум. Но битен е трудот.
И јас почнав пак да вежбам реков конечно да се вратам после 1 месец пауза и таман почнав пред два дена и денес не мана некој вирус со температура и болки во коски. И сега пак уште две недели пауза и годинава налето ќе бидам како торба ама ако,можда дебел ама среќен
Девојки не знам дали е соодветна темава, но би сакала совет.. Имам стомак како на сликава што ја прикачив. Слаба сум прилично и само стомак имам напред таков како бремена, не ми е салце, него како потврд. Не вежбам, но ме интересира дали постои начин било каков вежби, третмани, операции што и да е, да го решам стомакот бидејќи не можам веќе да го поднесам. Не можам да облечам ништо потесно бидејќи сум како 5ти месец бремена.. Мислам дека нема спас, ама ајде да си прашам можеби има некоја од вас со ваков проблем па нашла некое решение
Најдобро вежбање и операција е да ја промениш храната Не постои друг трик, само храна. Ќе ги исфрлиш сите кондиторски производи и ќе почниш да јадиш здрави и избалансирани намирници и најчесто варени да се. Исто ќе броиш и калории за да завршиш во денот со дефицит.
Бидејќи рече дека не вежбаш може си skinny fat.. Каква ти е исхранат? И колку си физички активна во денот? Не ти треба да си во голем дефицит, ама мора да смениш начин на исхрана исфрли шеќери, леб, нездрави намирници, фокусот нека ти биде и да внесеш доволно протеини и влакна.. Исхраната е клучна, ама добро би било и да почнеш со тежински тренинг и нешто малку кардио (гледај да не претераш со кардио). Операција не би ти помогнала нешто бидејќи кај ваков тип на тело поинаку се складирани мастите, така што операција на масно ткиво не ти помага.. Прво пробај со исхрана вака и следи си го телото некој период, да речам месец дена ако нема подобрување може е некој медицински проблем.. Може да имаш проблем со цревата или бактерија.. Ако имаш некој од овие проблеми на сабајле ќе немаш надуеност а со текот на денот ќе ти се надуе стомакот.. Друго што може да доведе до надуен стомак, а ми рече дека ти изгледа како на трудница е миоми или цисти на матка.. Ама ако е ова ќе имаш проблем со циклусот.. Ако не ти се среди со исхрана, а можеш и уште сега направи си контроли на дигестивниот трак и контрола на гинеколог.