Да надополнам, заборавив да го спомнам и сонот. За сало околу стомакот најголем виновник е кортизолот. Покрај обичниот секојдневен стрес, најголем кривец е и немањето редовен континиуран сон, зошто тогаш сите хормони се обновуваат додека спиеме. Ако нема доволно сон, телото тоа го препознава како стрес со што го активира хормонот кортизол а со кортизолот се активира и инсулинот и тогаш настануваат таложења на сало. Телото се припрема за спиење околу 22 часот шо значи дека во 23 часот треба да спиеме. Најидеално време за спиење е 23-07 или 22-06 континуирани 7-8 часa. Е сето ова пропратено со добра избалансирана исхрана, салото ќе оди долу Зошто хормоните се тие кои го движат телото и одлучуваат за се. Ако не ги направиме хормоните да работат во наш интерест, ќе се соочиме со многу негативни работи.
Денес прв пат бев во теретана на 30год. Буквално никогаш не сум вежбала. Многу сакам со години и не дека ме мрзи, него од срам никако да се решам. Ова ми беше како пробен тренинг, од се по малце рече тренерот, а следно ке си фатиме ред на делови. Проблемот е што толку сум дупка, не знам како функционираат справите, ниту како се изведуваат вежбите. Он ми покажуваше цело време, но некако ептен се разочарав од сама себе што мислам дека нема да отидам пак само ради тоа, мислам дека никогаш нема да се научам, а многу сакам Ем за изглед, ем ми препорачаа и за здравје. А земав протеин, креатин се опремив уште одма Сега почнав да размислувам некако дома да вежбам од пуста мака, ама проблемот е што мене ми требаат вежби со тежина и мислам дека дома нема да имам ефект како теретана.. Некој совет?
Терај, нека е тешко - секогаш е на почеток особено ако нешто ти е скроз ново. За месец од сега многу ќе се радуваш затоа што промената не е само физичка туку и психички ќе се растеретиш
Искрено да ти кажам јас немам стапнато во теретана па имав супер резултати со вежбање дома ама вежбање години уназад со тежини. Си набавив тегови и се што ми требаше друго, вежбите си ги имав распоредено по денови со два дена пауза во неделата или евентуално три и супер ми одговареше. Е сега и за тоа треба да имаш услови каде да вежбаш дома и да ги чуваш сите реквизити и секако е многу потешко кога сам почнуваш и сам учиш. Нека не ти е пречка срамот и тоа што сега учиш, ќе ти биде многу полесно за некој месец, во секој случај е многу подобро и полесно со тренер. Мене ништо такво не ми беше проблем туку тоа што немам теретана во близина, па превоз треба, малтретирање е искрено, тешка ми е и работата па кога ќе си дојдев дома знаев дека тешко би излегла од дома повторно бидејќи и таму сум со превоз и сфатив дека вежбањето дома ми е најдобра опција. Инаку пишувам во минато време бидејќи моментално сум бремена 9ти месец и немам вежбано цела бременост, само пешачам ама едвај чекам да се вратам! Не му ја мисли и терај!
Драга Darlingzz, никој не се родил како фитнес тренер кога првпат отишол во теретана. Очекувано е дека нема да ги знаеш ни справите ни вежбите. Затоа и тренерот е таму, или можеш да прашаш кој било човек. Никој нема да ти префрли за тоа. Или пак, ако толку ти е незгодно гледај што прават другите. Дополнително, сликај ја справата ставиј ја на Google, и ќе ти излезат вежби за таа справа. Нема зошто да се разочаруваш. Оди редовно, кога ќе почувствуваш како постепено напредуваш и ќе добиеш допамин од вежбањето ќе се чудиш како си се чувствувала како сега. Важно е да имаш желба како што ја имаш. Не ти треба ни креатин ни протеин за почеток, ако мене ме прашаш. Вежбај цело тело барем еден месец и со мали тежини. Научи како правилно се прават вежбите. Комбинирај и кардио и тежински вежби. Не мислам дека можеш лесно да замениш теретана дома. Плус, кога знаеш дека си платил и одиш некаде специјално за вежбање далеку повеќе си мотивиран. Не се обесхрабрувај, за сѐ треба некакво привикнување. И да имаш 60 години не е доцна за да почнеш со вежбање во теретана или каде било. Проблемот повеќе е дека се чувствуваш дека не си за таму, или требало да почнеш порано, или дека си „дупка“, но тоа е само во твојата глава. Оди во теретана и уживај. Не е тоа место за разочарување. Ќе научиш секако...
И јас така пред една година ама срамот си отиде брзо. Сконцентрирај се на вежбите и што ти објаснува инструкторот или инструкторката и немаш гајле. Не дека сите што се таму одлично вежбаат и прекрасно изгледаат. Верувај ја имам сведочано луѓе што вежбаат со години и во теретана и не ги прават добро вежбите. Затоа фокусот на себе и само слушај што ќе кажува инструкторот за тоа е таму. Никако откажување!
Кратка консултација: Драгана ФИТ ЛАЈФ или Ана Стојанова? И онака од дома ќе вежбам..само ми треба некој со искуство да ми пренесе...ви благодарам!
Тие што се разбирате повеќе од суплементи: од денес почнав да пијам л-карнитин половина час пред теретана. Во теретана одам три пати неделно сега. Дали треба само овие денови да пијам или можи и на тие кога одморам? Во продавницата за суплементи ми рекоа дека можи и кога немаш тренинг, дека ова е за почетници, имало појаки топачи на масти за кои мора секогаш да тренираш додека ги пиеш, но тоа за понатаму. Го прашав и Чат ГПТ тој ми вика дека ми препорачува овие 2-3 недели само на тренинг денови да го пијам бидејќи комплетно сум нова. Инаку знам дека исхраната е најбитна, па вежбањето, па после суплементите.
Залудно потрошени пари. Нема да имаш никаква придобивка ниту пак ќе го убрза процесот на слабеење ниту ќе топи масти Л карнитинот и останатите "топачи". Единствено нешто шо ќе добијаш е само поскапа мокрача Калориски дефицит и правилно одбрани намирници од храната се единствениот топач, потоа е спиењето од 7-8 часа тогаш највеќе гориш калории додека спиеш и пиењето доста вода бидејќи го забрзува варењето на храна а со тоа и метаболизмот, телото ќе троши повеќе енергија. И трето, физичката активност. За слабеење не ти ни треба многу теретана и кревање тежини , туку ти треба повеќе кардио, односно да пешачиш или да трчаш бидејќи кардиото топи сало а помалце тежински тренинг оти тежините градат мускул а додека слабееш не можиш да градиш мускул бидејќи слабеењето го топи и мускулот не само салото. За градење мускул ти треба калориски суфицит да јадиш повеќе, така да кревањето тежини при слабеење е добро само кога веќе се дефининираш на веќе претходно изградената мускулна маса, а само за слабеење како ти, повеќе кардио, помалце тежини. И не, не мора да е теретана. Пешачи надвор особено на повисоки места како угорници или ридови, нека биде прилично побрзо темпо и ако имаш смарт часовник ќе гледаш на него и ќе се трудиш пулсот да ти биде над 120, најидеално за топење масти е од 125 до 130 пулс. Или пак на лента во теретана ќе подесиш hill climb повисоко и ќе поставиш брзина шо ќе ти одговара да можиш да ги движиш и рацете и на 1-2 минути или на часовникот или на сензорите од лентата ќе проверуваш пулс почесто да е над 120, ако паѓа пулсот ќе зголемиш оптеретување, ако е зголемен пулсот над 130 тогаш ќе намалиш терет.
Oh well, да го истрошам барем кога го почнав. Инаку сум во калориски дефицит, повеќе фокус на протеини, зеленчук, понекогаш овошје, и помалку јаглехидрати и масти. Во теретана вежбам најмногу горен дел на тело, со тежини и кардио. Најмногу на точак, почнав со 10 минути сега сум на 20 минути (стигнав трошење до 170+ калории на тоа само). Ќе пробам и на лентата со hill climb. Не сум уште мерена да видам колку имам изгубено, но ќе биди за брзо. Пешачам надвор обично само за викенд бидејќи таков ми е распоредот со работа (и до теретана пешачам кога одам), за викенд скоро секогаш не сум под 10к чекори дневно.
Само сложени јаглехидрати, повеќе протеини (месо и јајца) и здрави масти. Но пак да е заокружено во денот да завршиш во кал. дефицит. Зголеми со кардио, намали со тежини. За слабеење исклучиво на лента со hill climb или надвор на угорнини итоа по 30-45 минути на лента, малце е 10-20мин. Најмногу топи одење на угорнини. Точак повремено. Можеш да правиш кардио секој ден, нема да имаш штета никаква, и онака топиш само сало, плус како женско немаш хормон тестостерон што премногу кардио знае да го убие тој хормон ако си машко и имаш мускулна маса, така да прави почесто кардио, ако ти е досадно тогаш преку еден ден. Кардиото во твојов случај е најидеално зошто топиш само сало, тежините ќе дојдат сами по себе кога ќе се исчистиш и ќе почниш да бидиш во калориски суфицит пошто мускулот бара многу калории.
Баш напротив, за жена треба повеќе да работи со тежини, отколку кардио. Кардио секако да има вклучено, пред и после тежински тренинг, ама никако не смее тоа да биде главно.
Да работи со тежини? Лол Ќе изгради ли мускул со калориски дефицит? Прв пат слушам, не сум знаел дека без калории се прават мускули Единствен таргет на членката и е да симни вишок килограми. Кардиото топи сало. Тежините градат мускул, ја активираат мускулната синтеза. На вишок килограми, како ќе дојди изразот на мускул, како уствари ќе се направи а да си во дефицит и да не правиш кардио?. На вишок килограми уште суфицит фали.. оти без суфицит нема мускул. Дефицит и тежини да, ама да имаш мускулна маса па да се исчистиш. Патем, каква корист ќе има од кревањето тежини ако целта и е да ослаби?
А со калории ли се прават мускули? Јас мислев со протеини Скоро 4 години трчам, ама намалив на обем кога почнав да вежбам во теретана и правев калориски дефицит. Килажата е таа, ама конфекцискиот број е помал за 1-2 броеви. Со слабеењето се намалуваат мастите, ама и мускулната маса, затоа се препорачува тежински тренинг за после тоа да не личи како да ѝ виси кожата на коски. Само кардио ќе ѝ покачи кортизол и со тоа побавно симнување на килажата. Инаку да, качување угорнини е најдобро за слабеење, ама притоа да пази и пулсот да ѝ е во зона 2.
Како? Ме зезаш ли? Па мускулот работи на калории, на енергија, како ќе работи колата ако не и ставиш гориво? Како ќе порасни мускулот ако не внесуваш доволно калории? Затоа постои и булк фазата, фаза во која јадиш вишок калории, вежбаш и градиш мускул. Протеините се само градежни блокови, кога мускулните влакна се повредени после тренинг, тие им помагаат да заздрават побрзо. И протеините имаат калориска вредноста. Членката не прави дефиниција. Нема изградено мускулна маса. Туку едноставно слабее и симнува вишок калории. А топач на сало е кардиото. Кога ќе се ослободи од вишокот килограми, тогаш ќе започни булк фаза каде ќе биде во калориски суфицит и ќе гради мускул. Ама со кал. дефицит, не се градат мускули. Кортизолот расти и од кревање тежини
А кој спомна булк? Као или-или. Или ќе билда, или на трака нека се остави Ова што пишуваш е сѐ спротивно на што кажуваат фитнес тренери. Јас тука не планирам да губам време, зошто мислам дека ниту се разбираме, ниту ќе се разбереме некогаш @Amellie13 Не велам да ме послушаш мене, ама добро информирај се, прочитај, распрашај се пред да примениш било каков совет од членот или било кој друг воопшто. И најважно е да потенцираш дека си жена, зошто слабеењето кај жени и мажи е сосем различна филозофија.
Градење мускул без калориски суфицит = не постои Слабеење = калориски дефит Кардио = топење масти Тежини = градење мускул Просто ко грав е. И нема разлика меѓу маж и жена, за да ослабиш треба да си во калориски дефицит.