Јас би сакала некој фитнес тренер да се приклучи во дискусијата Еден куп луѓе има во теретана што вежбаат и сакаат да намалат килажа, ама не гледам дека тренерите ги оставаат само на трака. Притоа имаат супер резултати.
Ова и јас го велам секогаш, различно слабее жена и маж. Ние жените поминуваме низ цел циклус секој месец и хормоните ни се менуваат. Јас одам в теретана со другар што две години оди сам, па тој ми препорача вака да терам сега. И има резултат од она што можам да осетам. Знам дека битно е кардиото, тоа ми е всушност најголем дел од вежбањето, но користам и справи и правам вежби со тегчиња. Не мислам дека има штета од тоа сѐ додека се трошат калории. Инаку сега таргет ми е топење вишок килограми, после ми е оформување.
Јас од скоро одам во теретана.И вежбам со тренер само.20 мин на лента или точак,и 45 мин со тежини вежбам.Кратко одам ама искрено мали рез веќе гледам.
Можеби во твојот свет Апсолутно нема никаква штета. Оформувањето секако си се прави со вежбањето, само ќе се види кога ќе се стопат мастите и нема да изгледаш слабо, а без форма.
Многу по добро се слабее со тежински и кардио заедно.. Ако ти е цел само на вага да видиш резултати, тренирајте само кардио ама ќе си го успорите метаболизмот и ќе изгледате како skinny fat. И секако ќе изгубиш многу многу мускулна маса затоа што мускулите трошат најмногу енергија и ако си во преголем дефицит телото се ослободува од мускулот.. Ако тренираш тежински + кардио и мал дефицит, останува мускулот, многу побрзо ќе го тонираш телото, како губиш од салото ќе почне мускулот да се познава, после фокусирај се само на мускулна маса.. И не е исто дали си маж или жена, мажот побрзо гради мускули поради тестостеронот. Кај жените поради различни фази на цикусот потребно е да го прилагодуваат интензитетот, пример во лутеална фаза многу помалку енергија и издржливост имаат. Мажите можат повеќе калории да внесат , кај жените има помал лимит...
Јаоооо, сите овде билдеришта Ја мислев дека се вежба според тоа која ти е целта. Не? А мотивирате бе не да не, чоек да посака пак да провежба Ама у теретана ја не би, гужва таму, а и да чекам да завршат Само приватна домашна теретана Со среќа на сите, и да се пофалите
И протеинот е калориа. Протеин,масти и хидрати се изворот на калориите. 1гр протеин и 1гр хидрати имаат иста калориска вредност 4калории. 1гр масти 9 калории. Членката погоре нема потреба да прави кардио. Доволно е да намали хидрати и масти,да зголеми протеини и да прави тежински тренинг. 10-20 серии на неделно ниво на големите мускулни групи. На помалите 3-7 серии доволно е. Ем ќе топи масти ем ќе тонира и дефинира. Кардиото е кардиоваскуларен лек за телото кој исто така можи да помогни во трошење на дневни калории али не е задолжително.
Сѐ што внесуваме има калории, освен водата нели. Али сакав да му укажам на членот дека калории од протеин и калории од масти на пример, не е исто за мускулна маса.
Единствениот натпреварувач од Македонија Ивица кој извади прво место на Мистер Олимпија во негова категорија.
Ако веќе тренираме со тежини, калистеника и сл, што е подобро за топење масти, трчање или пешачење? Покрај калориски дефицит, тренинг итн...
A трчањето каков ефект има? Симнав 15кг последниве 8-9 месеци и сакам уште 4. Вежбам тежински 3 пати неделно и сега почнав и да трчам 2 пати неделно по 5-6км Внимавам и на исхрана, правам и отстапки ама ретко.
Со трчање ќе топиш сало ама малце повеќе и мускул ако го имаш затоа што пулсот се зголемува а над 130 пулс се топи мускул и потешко се контролира а башка со трчањето повеќе го активираш хормонот за стрес. За топење само масти најубаво е пешачење на угорнина или на трака со hill climb и пулс над 120 до 130 и калофиски дефицит.
Здраво. Сакам да симнам уште 2-3кг но истовремено и вежбам задник. Стомаче имам и сега ми е прашањето што да правам за да не исчезнат двете За исхрана, внесувам околу 100-120гр протеини меѓутоа и доста јаглехидрати. Калории не бројам моментално.
На трака ми е премногу досадно, сега па и периодов ми е жал да се затворам во теретана за кардио на вакво време, па гледам да го користам надвор. Немам баш каде да качувам угорници, а трчањето убаво ми доаѓа, чувството и енергијата после трчање ми се некако неспоредливи со други активности
Немора да правите кардио за да топите масти. Можи масти да се топат и со тежински тренинг кој е поефикасен од кардио. Кардиото е здраво за кардиоваскуларност. Кардиото после тренинг нетопи масти туку целовкупната физичка активност. Фактички внесувате исто а се трошите повеќе.
Ако може да ми пише во лп некој што е доста навлезен во фитнесот за да објаснам и прашам нешто подетално.