со нејзина програма ослабнав 10кг без мака, многу лесна и едноставна, не гладуваш и плус супер вежби дава, јас дури сега после години ги вратив кг заради бременост, уште некое време бидејќи сум тазе од царскиот па ќе продолжам со неа , мене ми одговара
Има редовни програми од по 3 месеци, со опција за вежби дома или во теретана, има летни предизвици кој траат по месец дена, има постпартум програма, и уште нешто мислам имаше, зависно што бараш ти. Не работи индивидуално, едно мени за сите, затоа зависи дали ќе ти одговара. Не и треба ништо од наоди, програмите се базирани на здрава исхрана и физичка активност во калориски дефицит секако. Од храна има главно месо(секакво),јајца, риба, морско, печурки, хумус, авокадо, ориз, компир, булгур, просо, палента, овес, интегрално лепче дава и многу многу салати секакви и многу други работи, сега тоа ми текна, правилно искомбинирани и секогаш имаш опција да замениш доколку нешто не јадеш. А ако се држиш стрикно до планот не може да не ослабнеш. Има три главни оброци и една до две ужинки зависно од оброците што ќе се, значи гладна нема да си, е сега храната или ти одговара или нема ти одговара, зависно и што си јадела досега и како ти е организмот навикнат на каква храна Јас лично ослабнав најмногу со летните предизвици, па си продолжив на стандард програма значи 3-4 месеци, а цените не знам сега како и се, побарај на Google, PeachArmy се вика страната.
Јас на Пакиграм купив програма 1400 беше мислам. Две фази по 4 недели од кои првата е со минимум хидрати. Првата недела бев -6кг (вода секако) но не вратив ништо еве и после 2 месеци а многу се плашев дека штом каснам компир или нешто што е баш хидрат ќе почнам пак да кревам на тежина. Не издржав многу ми беше монотоно и искрено ми се згади и од стек и од ослич. Терав 3 недели точно со исхраната и баталив ама вежбите уште ги работам ми одговараат.
Имаш за секој ден оброци и ужини пишано е колку месо, риба, итн. Пример доручек 1 јајце, 2 белки, 50 гр. пилешки гради и малку спанаќ. Ручекот ако е 200гр стек со зеленчук за вечера имаш 200гр риба со зеченчук. Можеш и по твое да си тераш со замени ама битно е во денот да си со мин 100гр протеин, под 25гр. хидрати и мислам 60-70гр масти беше.
Препорачајте ми добри патики за вежбање. Од моменталните што ги имам ме болат стапалата премногу, посебно кога вежбам нозе, а не се разбирам баш кои се добри.
Нема подобар цитрулин за пумпање од тоа да изедеш малце лубеница пред тренинг, какво магично стапче е лубеницата wow
Ве молам за совет, почнав на тренинг (HIIT ако знаете што е, се вежба со сопствена тежина) е сега најголем предизвик ми е да го намалам струкот бидејќи имам навистина голем стомак плус чуствителен желудник, значи од овесна каша ме боли желудникот верувале или не, на гладно овошје не јадам, благо за доручек не, кафе на гладно никако, најубаво се чуствувам со доручек како јајца и плус некој млечен производ и зеленчук, или некој ладен сендвич со моцарела или на крај краева тост со кашкавал... знам дека потоа нема да имам проблем со желудникот и ќе ме држи сита. Ручекот не ми е обилен и мислам тоа е проблемот што на вечер јадам се и сешто заради глад и недоволен ручек. Планирам тоа да го сменам, на тренинг сум од 7 до 8 и после тренинг планирам да јадам банана или јаткасти производи, а за ручек малку да зголемам. Прашањето ми е дали да земам CLA капсули и дали би ми помогнале да го намалам стомакот? Ако имате некој совет плус пишете ве молам
Само имај на ум дека јаткасти плодови се многу калорични, плус ако изедеш во големи количини исто се тешки за желудникот.
Би помогнале скроз можда скроз минимално, јас би рекла повеќе како поддршка покрај другото мислам повеќе и за мускулната маса отколку за губење килажа. Ако не си во дефицит ништо нема да ти помогне. Секако не може да таргетираш сакам стомак, сакам нозе, кога губиш, губиш секаде рамномерно. Инаку не ти треба обилен ручек, ти треба добро распоредени 3 главни оброци и 1 до 2 ужинки денот во нормални количини. Јаткастите плодови се многу калорични иако здрави, по 5-6 на ужинка може, комбинирано со едно овошје, многу протеини и многу вода плус тренинзите што ги правиш мислам ќе имаш супер резултат.
Па искрено јас ради тоа што јадев јаткасти плодови секој ден за малку ке стигнев да бидам 60 кг многу брзо може да те здебелат без да осетиш. Затоа глефај некое ниско калорично овошје или краставичка нешто да земаш.
Се вратив на вежби и одма се осеќам многу подобро иако сум на почеток. Имам изгубено доста кондиција и многу брзо се задишувам за жал, одамна немам вежбано, а сум вежбала со години пред да почнам да раѓам и со некои кратки вежбачки периоди измеѓу деца ама тогаш бев фокусирана на ослабените мускули на стомакот. Ми требаат идеи особено ако некој баш има лично искуство да ме мотивира. Од секогаш сум имала убав цврст задник, ама сега ми е потсплескан за жал. Сакам идеи да го дефинирам и кренам малку. Имам вежби за критични делови од телово кои знам дека функционираат оти сум ги правела и претходно, ама тогаш задникот не ми беше во план. Наоѓам на интернет сешто нешто, ама сакам ако некоја има лично позитивно искуство да сподели за мотивација.
Му се случило на некој да му се појавуваат срцеви палпитации при вежбање? Поточно за кардио. Приметив дека ако правам повеќе од 20 минути (без разлика дали точак или трака), почнувам да ги осеќам отчукувањата на срцето интензивно на неколку секунди, и не престануваат дури јас не застанам. Не е болно, само е многу неудобно. Во други прилики немам палпитации, освен пред неколку години кога ги осеќав во мирување. Дали ова значи дека премногу се туркам или?
Тогаш мотивација била или не сеедно. Пошо создавањето рутина е најтешкиот дел и тогаш е најпотребна. Како и да е, побарав само ако има некој да сподели позитивно искуство како виртуелен ветер во грб.