Се си бара конзистентност и посветување, без разлика за шо се работи, не мора да е вежбање, и за музика, спорт било која работа да ја правиш ти треба конзистентност и да се посветиш на тоа со една причина, да направиш подобра верзија од себе или од нештото шо го правиш, така доаѓа потоа и желбата и мотивацијата за тоа. Ја пример еден ден да не вежбам, ме фаќа чувство како да губам се и тоа чувство ме тера уште повеќе да вежбам. Кристијано Роналдо има најдобри motivation speeches: https://youtube.com/shorts/ji0jHHHvlkU?si=yzW03ZDfZ4kB334N https://youtube.com/shorts/PmXGiq6W-7U?si=0IXaw2YJOzFL1IlM https://youtube.com/shorts/HfQwQtTiOxg?si=Sf-LghNCElCw9aBw
Можи да е од премногу замор,анксиозност или од многу малку хидрати пред тренинг. Ако користиш кофеин пред тренинг или во текот на денот можи да ти прави проблем.
Пијам кафе наутро ама тоа го правам отсекогаш (бидејќи не се будам без него), а зошто сега почна да ми се појавува не знам. А пред тренинг не јадам многу, понекогаш ич.
Здраво, не најдов таква тема, но ме интересира мислење.. Што е тоа што прво ви паѓа во око во фитнес, што треба да поседува една теретана за да е премиум, и што му фали на повеќето теретани?
Мене ми е битно следново, подредено ми е по битност: 1. Доволно голем простор за бројот на корисници Мразам да немам каде да поминам во салата или да треба некој да запре со вежбање за да поминам. Мразам да се збиени справите и да немам доволно празен простор каде да се растегнам и да се мислам дали ќе удрам во некој до мене и ќе се повредам. Или да чекам на ред за да можам да ги користам двата метри квадратни за да се растегнам. Исто важи и за соблекувалната. Мразам кога нема простор за преслекување. Во една сала одев во туш кабината да се преслечам од што немаше место за сите жени а и немаше кабини за да се преслечеш. Загреани, испотени во тесен и преполн простор без можност за приватност, не е ок. ...Ова ми е побитно од туш кабина да има иако во добар џим си треба соблекувалната да има тушеви (со сретства за хигиена во нив) 2. Добро вентилиран простор За ова сум специфична - во смисла да има некое централно ладење и греење така што нема да му дува на тој што се поти директно мн ладен воздух, ама па не сакам ни субтеренски сали (значи да има прозори заради дневна светлина и можност за проветрување, ама да не се цело време отворени од сите страни на салата -ова сум го искусила и не е пријатно да си на промаја, буквално се укочив). 3. Мек под Не ми е безбедно ништо друго. Плочки се лизгаат, теписони ми се гнасни. Тврди подови не се пожелни за зглобовите. Има секакви корисници, на многу од нив ќе им значи антишок под кој намалува ризик од повреди на зглобовите. 4. Хигиена Редовно чистење на подовите бидејќи се од доле ти се лепи на тебе. Редовно да се бришат реквизити, рачки од справи, седишта, тегови и подлоги. Чисти тоалети и соблекувални. 5. Разновидни справи и помагала за вежбање и да се здрави, а не искршени. Колку повеќе избор на справи и гаџети, толку поинтересно ми е. Исто така користам секакви тегови, топки, ленти, јажиња за скокање и други помагала и би сакала да ги има таму. За жал на многу места носам свои од дома зошто ги нема. Кога ќе им се оштетат мора да ги заменат заради безбедност и здравје. Гледам некои сали тешко ги заменуваат оштетените подлоги или тегови што не ми се допаѓа, зошто треба од толку чланарини да имаат финансии за одржување и замена на амортизираните ствари. Многу ми е гадно парчиња гума и пластика да ми остануваат на рацете и колената од неквалитетни и оштетени реквизити и подлоги. 6. Огледала на ѕидовите кои одат до подот. Не ми е ич битно ентериер, боја на ѕидови и сл. ама ако има огледало во кое можам да си го гледам целиот одраз до стапалата и да се корегирам во движењата и вежбите - тогаш сум пресреќна.
Колеман, Менцер, Олимпија и Рил не вежбаа во теретани со лед траки, лед логоа, амбиетални простори а сепак беа ѕверови. Така да, за една теретана да е добра потребно е да има добри тегови, сајли, и по 3-4 машини за грб/гради и за нозе за тој шо сака да вежба нозе. Се друго е непотребно и за фалење со слики во каква "премиум" теретана оделе ко Палестра итн.. и за газдите да имаат причина како да дигаат цени. Тој шо сака да вежба, го интересираат само железата.
За премиум треба да има туш кабини,сауна,мини бар каде што ќе има секаков вид на здрави пијалоци. Да ги има сите справи и да има одреден број на членарини. За основни теретани во кој што одат луѓе да вежбаат како што спомна quattro доволно е да има доволно плочи и шипки за вежбање да има доволно машини и подлога каде што ќе можи да се тренира powerlifting. Вентилација,ладење и греење е основа која секоја теретана мора да ја има.
Неодамна почнав да вежбам по дома, шо немам кондиција немам, ме болеа мускулите но ми се опуштија со текот на деновите. Проблемот е шо во вежбите има доста скокање и почнаа да ме болат зглобовите кај стапалата. Шо да правам, како да ја намалам болката, оти стварно сакам да продолжам со вежбање. И уште нешто, тоа шо го вежбам е нешто како кардио, ама сакам и да се затегнам. Јас сум слаба ама баш тоа skinny fat и тоа само на долниот дел од телото, кај стомакот, од страните и газот со нозете. Горниот дел од телото ми е слаб и немам вишок маснотии и кожа. Што би ми препорачале за затегнување? Не планирам да се билдам.
Bulgarian split squats, искрено напорни се гледај точно како да ги правиш ама баш убава форма се добива од нив. Јас и после толку вежбање знам некад да се воспалам од нив но кога гледаш дека си воспалена одмарај.
Побарај вежби што се за долен дел од тело ама без стрес да се прави на колена и глуждови. Low impact exercises (for lower body или legs). Ќе ги пишам на англиски, не знам македонски како се соодветните имиња: Goblet squat Glute bridges Ако ти се тешки bulgarian squat или си почетник, може е подобро да правиш прво Lunges: reverse lunge, walking lunge а потоа и weighted lunge. Побарај прво видеа во кои се објаснува како се прават правилно пред да почнеш да ги правиш. И за да избегнеш повреди и за да ја вежбаш точната група мускули.
Не сум јас за ова бе. Ми се издуја зглобот на стапалото од вежбање. Неможам убаво да згазам. Така и лани, алергија ме фати после вежбањето. Не бе не. Психијатарот ме праша дали понекогаш си мислам дека некои работи шо се случуваат ги перцепирам како знаци? Нормално дека и одговорив да, пошо ова ако не е знак, незнам шо е. Оваа душа е умрена за лапачки и кафани, не и е судено друго. Цел ден мислев на трилече. ЦЕЛ ДЕН. Си викав леле да има сега едно, лелеее. Разговарам со луѓе, на трилече мислам. И си купив сега. И не едно, туку 2. Не е ова за мене. Имала је једну ману Вољела је водку и кафану
Скара а Ама па и најубава е за јадење реално . Иначе, мотивацијата доаѓа само со упорноста, прво треба да ја најдиш упорноста па потоа сама ќе дојде мотивацијата.
Значи и инат и упорност и мотивација иам, иако пушам пак вежбам ама телото ми откажува Шо да праам сега со зглобот, да избегавам кардио овие денови и само да вежбам затегнување?
Ако те боли не врши притисок дополнителен, остај да помини малце. Користи и некоја крема за мачкање да опушти болката. Можеш друго да вежбаш а да не го оптеретуваш зглобот.
Почнав пред 3-4 недели интензивно стомачни, сменив исхрана и еве веќе намалив 2 дупчиња на каишот. Добро е. Додуша само за стомак и ми требаат вежби, другото ми е се затегнато.
Мирувај една недела и можиш да правиш вежби за зглобот. Ко ќе се опоравиш се враќаш на тренинг. Мораш
Не мораш да вежбаш вежби што ти ги иптеретуваат зглобот. Вежби што со години го вежбам, и ми ги оформија нозете и газот, и секогаш ги препорачувам, буквално не мора да трошиш време на мислење, само прави ги редовно, и за пар месеци ќе видиш разлика (ќе ги пишам на англиски, за да ги гуглнеш): Single wall leg RDLs - една нога, па друга нога, јас мислам дека вака најдобро се таргетира газот, или е до мене, можеби не знам правилно да ја правам класичната со 2те нозе заедно; Basic squat - класично чучњување Reverse lunge - исчекор, ама наназад, зошто нанапред ме здоволуваат колената. Овие 3 ми се непрескокливи. Ако праам само долен дел, додавам: sumo squat и dumbell overhead march, ако сум повеќе расположена bulgarian squats, и неколку вежби со ластик. Ете само првите 3 вежби прави ги, и ако сакаш ќе ти кажам 3 за горен дел, и доста е. Само треба 4 пати во неделата да ги правиш, нема да ти одземат повеќе од пола саат.