Читав дека за ефикасно губење на масни наслаги треба задолжително кардио после вежбање. Колку долго ви траат кардио вежбите на вас? Јас обично вежбам прво јога 20+ минути, па околу 30 мин вежби со тегови за одреден дел на телото, па на крај растегнување околу 5-10 мин и толку.
Кардио е секоја вежба што ти го активира срцето т.е. ја забрзува работата на срцето. Кардио вежби се трчање, рипање јаже, пливање, HIIT, зумба итн. Insanity ти е ептен ефикасен режим, ама и напорен. Можеш да комбинираш кардио и тегови. Ти всушност не вежбаш кардио. Сама го испланира ова или? Јога или поточно спортска јога е доволна еднаш месечно, не ти треба секој ден (или три пати неделно, зависи колку вежбаш). Тренингот би требало да изгледа вака: загревање 5-10 минути, вежби по избор и истегнување 5-10 минутки. Идеално е да вежбаш 45-50 минути - вкупно.
Не сум свесен ни јас како,пред околу две години одеднаш,ме стегна но помина,овој пат беше со страшни болки. Фала на советот другарче,ќе пробам со чучњеви,од тоа форсирање пак ме стегна.
Кардио служи за подготовка на мускулите т.е активирање пред почеток на тренинг. Ако си почетник најдобро тие 20 мин кардио па тежина, после тренинг кардио нема потреба. бтв Зоки со тежина штом си вежбал редовно ќе немаш проблеми, лесно ќе го навикниш телото на старата рутина и немаш потреба од форсирање како што тренираше пред повредата така и сега
здраво Дали веј протеините,креатинот,глутаминот и бцаа амино киселините се хемија? кога е најпогодно да се пијат по колку грама,дали да се пијат пред или после тренинг или на сабајле и пред спиење?! омега 3 и магнезиумот да ги пијам пред спиење или за ручек време? храната горе долу ми е средена сакам да покачам уште 5кг.
Може ли некој да ми даде совет, дали е подобро да одам на некој спорт или теретана? За слабеење и зацврстување.
Beauty.Mar според мене подобро е да се запишеш на некој спорт позабавно е,а воедно и ќе се запознаеш со нови луѓе во теретана знае да биде напорно и здодевно.
Здраво девојки Немам многу време да барам по форумов па ке си прашам .. Сакам да почнам да вежбам.. Да ослабам околу 8 кила и да се затегнаам.. Стомакот ми е најголем ем проблем со оглед на тоа дека се породив пред 4 месеци.. Сакам од вас програма за вежбање и исхрана
Ме интересира за жена колку е паметно да пие гејнер?Вежбам инаку. За жал периодов премногу ослабев и страв да не паднам на мускулна маса.
@Salome Како женско немаш потреба од гејнер, внесувај протеини, протеински шејк после вежбање или било кое време од денот, можеш и два пати дневно. Внесувај и јаглени хидранти секако. Со балансирана исхрана помеѓу овие две нема да ти падне мускулната маса.
Телото за енергија при тренингот прво го користи гликогенот во мускулите, па кога тој ќе добие ниски вредности, потоа ги разградува мускулите и мастите. За да не се случи тоа, треба да јадеш околу саат време пред тренинг (времето зависи колку тешка храна ќе јадеш, али гледај да е калорична). Исто така треба да јадеш и после тренинг, не само протеини, туку и јаглени хидрати за да го вратиш нивото на гликоген во мускулите - за телото да не ти разградува од твојата телесна маса за потреби на енергија. Ако си навистина многу слаба и не си дисциплинирана во здравата исхрана, можеш да пиеш гејнер пред и после вежбање, заради горната цел и на тој начин нема да слабееш (барем не заради тренингот), а нема ни да се замастиш (барем не од гејнерот ). Сепак, ти препорачувам порано да си легнуваш, рано да стануваш за да имаш време да доручкуваш наутро (голем оброк), во 12 да ти биде ручекот, втор ручек во 4 саатот, па вечера во 8 и саат два пред спиење пак нешто полесно. И направи си редовен ритам на вежбање што ќе ти биде fun time, а не измачување. Позз
јас стомакот 5 години си " го носам" зашто не сум се зафатила озбилно да го стегнам. Немам голем стомак ама сепак најприметлив е и единствено го поднамалив додека користев шејк и чај на хербалајв
Moze sekoj da pie gejner bez razlika masko zensko. Ali sto ke ti e gejner koga imas podobra varianta. Gejnerot ti e 2:1:1 hidrati(koj se od sejker,maltodextrin i dextroza) Proteinot e koncetrat i mastite se od leneno seme i MCT oil. Odma posle trening vo sok ili pijalok po tvoj izbor, dodavas 30gr. Dextroza i go pies i posle pola saat 150gr. Pilesko so 2 vareni kompiri. Pred spienje ovosna pavlaka so 50 gr. Lesnik i eteti gejner Moj sovet od moe licno iskustvo. Da si zemes whey protein, i si dodavas vo sejkot zitarki i dextroza. Vo 30gr. Prasak od whey, dobivas 25gr. Protein i vonego ima glutamin i BCAA. Od gejnerot ke naneses salo obavezno. Tie hidrati so se vonego se od sejkeri i ne se kvalitetni. Posle trening samo dextroza za da se napolni teloto so glikogen(posto za vreme na trening najmnogu se trosi). Ako sakas da probas gejner, ti preporacuvam da kupuvas od brend koj ne e uvezen od evropa. Baraj od DYMATIZE, ULTIMATE NUTRITION, OPTIUM NUTRITION, BIOTECH USA. Nesto kvaliteten od anglia ti e MY protein impact weight gainer. Ostanatite se gjubre,ne kvalitetni i polni se sejker. Ako si za da probas zemigo od dymatize super mass gainer. Vonego ima i bcaa,glutamin i kreatin. Edna doza to e 330gr. Prasak se rastvora vo 500mll. Mleko.
Не знам точно каде да го поставам прашањево, ако не одговара извинете. Вака, кога вежбам дома или во теретана после одредено време откако ќе се уморам почнувам да зевам ко да сум пред спиење. Зашто се случува ова?
Неправилно дишаш. Телото и мозоко немаат кислород, пишал членот погоре. Научи како да дишаш додека се физички активна, тоа е клучното за секој кој вежба и спортува. Ако вртоглавиците ти се појавуваат кога вежбаш, во спротивно посети лекар.
Имам вртоглавици при секое станување од кревет и нагло движење, кога вежбам само ми се зева и ретко ми се мати видот. Имам правено испитвање на крвта, анемична сум, ваљда е до тоа.
Да, и анемичноста е фактор. Но внимавај, ако почуствуваш дека ситуацијата излегува од контрола, консултирај лекар со време.