Прееска најдов клипови со овие шо ми ги спомна и вежбав едно пола саат. Нозете и газот ме кинат сега Од утре некое полесно кардио и овие ќе ги праам, сакам да се испотам убаво, без потење исто како ништо да не сум направила. Почнав и повеќе протеини да јадам, месо со зеленчук, јајца, риба.... Шо мислиш за колку време отприлика би видела разлика ако со ова терам така секој ден?
Тешко е да се каже без деталите, не знам со што почнуваш. Ама за 3-4 месеци со сигурност ќе имаш многу разлика, ако си сериозно непрекинато конзистентна, ти гарантирам. Да се надополнам: потење, непотење, нема никаква врска ниту со топење масти, ниту е знак дека вежбањето не било добро. Всушност, кога вежбам со тегови скоро ич и не се ни потам. Друга работа, не вежбај секој ден. Не се билдаш секако (за тоа треба многу години многу вежбање), ама и за да зацвртиш мускули (тоа и е одредено зголемување на мускулот, покрај намалување на мастите) ист е процесот, со тежина го кинеш мускулот, со храна го 'растеш', со одмор зацелува скинатото за да се заврши процесот. Викаат дека е убаво да има 48 часа помеѓу повторно кинење на мускулите, и јас така практикувам, затоа одделно вежбам горен и долен дел, така секако ги одмарам мускулите по 2 дена. Трето, пешачи. Толку. Ништо повеќе оф кардио не ти треба, немаш 30 кила за симнување. Ама пешачи секој ден, без исклучок. И третирај го пешачењето како кардио тренинг, не како прошетка во парк. Искачаш и пешачиш без застанување. Ако е само пола саат, нека биде со побрзо темпо. 1 км за 10 минути. Со пешачење само и добра исхрана, ќе видиш и побрзо резултати. Во врска со исхраната, јас сум од тие што не исфрлаат јаглехидрати, само количински би ги намалила, и би избрала неколку, на пример, компир пред сè, печен, варен, цел, пире, во фрајер, сеедно, потоа и сладок компир, потоа ориз, овес, киноа, булгур, интегрална паста (интегрална за влакната), одредени тортиљи и лебови, зависи од производот. Јади повеќе зеленчул, као можеш ако сакаш и 4 краставици да изедеш, кој ти брани, стомакот ќе ти се наполни. Огромни салатишта мешавини марула, рукола, бејби снапаќ, краставица, пиперка, домат ротквица, печурки, маслинки, итн. Нема граница. Само на масло ќе пазиш. Не заборавај и на мешунки. Во фаза на слабеење, ама значи само во фаза, од пар недели или неколку месеци, јас кратам на масти. И секако шеќер, но не и на овошје, не се ограничувам. Абе доволно е да исфрлиш грицки само. Не ми текнува друго во моментов.
По грицките не сум, благо не јадам често може еднаш во 2 недели, сокови и така не пијам не ги можам ич, леб уопште не јадам. Гледам салати да јадам секојдневно повеќе да ме наполнат. Пешачам скоро секој ден цел живот, за бавно темпо неам чуено, се движам како спиди гонзалес. Слаба сум, само ова затегнувањето ми треба оти така изгледам млитаво, се тресам како жеље . А нешто за горен дел шо да праам? Не за рацете туку за околу стомакот, значи цел дел испод мишките . Рацете ми се слабички, баш си ги сакам такви.
Овие, повеќе видеа се, ама доста се слабее од нив, жива вода се праам. За жал сега неможам оти го повредив зглобот. Сега праам само lower body workout, утре пауза, па од понеделник ќе вклучам и abs workout. Не ми треба мене да ослабам туку да се стегнам, така да незнам ни дали уопште да продолжувам со првите.
Вклучи тежински тренинг тој најефикасно дава затегнат изглед. Плус ако си доле топ стегната а рацете слбички и млитави некако нема симетрија телото. Тегови со раце обавезно би било најок, али ако ств. си ги сакаш такви ок. Шо зглоб зафркна кук или скочен? Ок е штом вежбаш или?
Може ќе пробам по малку со тежини ама не сакам, рацете ми се стварно симпатични, не сакам да ми бидат тонирани пошо и така сум висока и имам широки рамена, буквално како маж ќе бидам Одма семејно насилство. Зглобот на стапалото го преебав. Сега избегавам вежби со скокање или било шо шо ептен ми ја оптеретува ногата во тој дел.
Интересно е бели денсинг, ама не е баш форма на фитнес. Јас би го правела во денови за одмор или кога сакаш да се опуштиш. Затегнатост = градење мускулна маса + губење маснотии кои се врз мускулот. Колку повеќе масти стопиш, толку повеќе ќе ти се истакнат мускулите и ќе добиеш силуета на затегантост. Само имај на ум дека кај повисоки луѓе за жал овој процес на добивање таков облик е подолг и мускулите не се познаваат толку лесно иако можеш да имаш одлична мускулна маса. Значи, најубаво е да земеш тежина и да си почнеш со класични вежби + вежби со твојата телесна тежина. Кардио си има свое место, дали во посебен ден, дали на крај на другите тренинзи. Оние видеа што се на јутуб кај што вежбаш напоредно со тие што покажуваат вежби не ги сакам многу за почетници затоа што не се фокусираш на правилно изведување туку побрзо да завршиш. На почеток, треба прво да научиш форма и кој мускул како го чувствуваш. Ако немаш можност да одиш да вежбаш надвор од дома, вложи си во неколку пара тегови, кетлбел, ластици. Ќе си најдеш распоред за правење вежби и отприлика ќе ги правиш истите работи. Значи не секој тренинг скроз различни вежби, туку поголемиот број на вежби да ти се исти, со мали варијации. За првите неколку месеци ќе ти биде сосема доволно. Исхраната е пребитна ама не мора да се опседнуваш туку да зголемиш протеини, влакна и здрави масти и да намалиш прости јаглехидрати.
Еден совет за исхрана и слабеење што може сум досадна да го повторувам, а често се занемарува е да не пиете алкохол. Не една чашка на ден или за викенд или не знам што. Него ич. Једино еднаш у месец. Не сте свесни колку таа чашка дневно ви поебува метаболизам. Дури и да сте во калориски дефицит, со запазени макронутриенти, пак ќе си имате мака со килажа.
Не си играј играчки со скочен, арно шо не е нешто озбилно. Ќе пушти со тек на време. А за изглед, често лаже не му се замарај како ќе изгледаш и кој што би помислил. Јас контра тебе сум ситна, ама динамитна. Али наааа воглавно у нозе и грб, планини можам да претрчувам и поместувам. Добро метафорички ова.
Искрено, колку ќе фати - толку. Не сакам да ми се познаваат мускули или пак да имам стомачни, сакам мааалку да се затегнам, и бар да можам да си продолжам со неколку минутни вежби на подолг рок.
Баш храната е магичното стапче за резултати. И за затегнато, дефинирано, маса, мускули, се е до храната. Ако не јадиш правилно, џабе ќе го малтретираш телото и исцрпуваш физички и ќе се мачиш, без разлика шо прајш, дали прајш мускули, дефинираш, затегнуваш, слабееш, качуваш, итн. Физичката активност е само помагало а хранатa e магијата.