Најубо е вежбањето дома, само да имаш тегови и тоа е тоа. Ја вежбам во теретана еве, ќе се отрујам од смрдеја
Епа нема гз од соништата За домашен тренинг набави си некое тегче, не од тие за пички шо се 2кг од 15 земи два и hip resistance band. Пушти и ја типкава малце да те мотивира Баш ќе се потиш те уверувам https://www.heatherrobertson.com/
Ќе си дигам шишиња со вода Визуелно поцврст задник и потопчест, стомачето да ми го снема колку толку и половоната да ми се зацврсти и потенка да стане ако може. Ај попосле може ќе ви ставам и фотографија од моменталната состојба во која сум.
Најголеми "пички" сте тие што ви се гледаат комплексите од авион оти не изгледате на одреден начин и вака си се тешите. Ај олабавете, не е темава за компетиција. Ниедно вежбање не е "џабе мачење на телото", без разлика која е целта и дали пазиш на исхрана. Али мали сте за тој муабет
Епа пак на истото се сведува кое го кажував претходно. Мораш да ослабеш за да ти се намали стомакот, а за потопчест задник да ги изградиш мускулите на газот кои се големи а не ги користиме постојано како што треба од премногу седење. Без поголем отпор и тежина, многу тешко, да не речам невозможно.
А што да слабее? Малце ми е чудно да имаш пример 70 кила на 180 висина како што вика таа, што да слабее тука? Мислам кардио најмалце треба да форсира иако да не го исклучува секако, тежински тренинг да е главно. Сака да го тонира телото плус задник да оформи. Кажува дека е слаба, на таа тежина и висина не може да не е.
Не сакам да слабеам енџи, 66 кила сум на 180 висина. Еве. Горниот дел од облеката не е спортски, го облеков само за да ви покажам.
Тежината сама по себе не објаснува ништо. Можеш да си и на долна граница на бми, а да имаш скоро ич мускулна маса. Да намали масти и да добие мускул, вагата остави ја на страна. Епа немаш стомак како што рече претходно. Значи фокусирај се повеќе на градење на телото, со тоа што ќе си вежбаш и тежини и кардио ама нема да се изгладнуваш и ќе јадеш доволно за да има од што да се изгради задник.
Адидасссссссссссс бре кај е стомакот тука Ќе те утепам. Кажав више за тебе само теретана. Ако сметаш дека дома можеш самата, форсирај тежински тренинг и јади протеини, мораш да зголемиш тоа. Мускулна маса ти недостасува.
Немаш! Се лажеш значи како да ти кажам. Ништо не е тоа. Мускулна маса малце повише ти фали Мора труд, нема што друго, упорност. Храна исто, ни случајно да не се изгладнуваш! Ти со 70 и кусур машина би била ама најозбилно.
Многу ме нервираат овие хип дипс шо ги иам, врз нив иам изразени коски и незнам дали ќе можам да напраам потенка половина
И јас имам слична градба како тебе и имам хип дипс. Тие се резултат на самата коскена структура, не се менуваат без разлика колку сало/мускул имаш. Така да не се опседнувај со нив зашто нема да ги смениш. Половината исто така е дел од конституцијата и не можеш да ја направиш потенка со вежби. Пак, не се замарај ни со тоа зашто не е нешто што можеш физички да го промениш. Ако го обликуваш останатионт дел од телото ќе ти изгледа и половината визуелно потенка.
Абе прво научи ја разликата меѓу вежбање и ефективен тренинг, па после дели памет. Никој не вика дека вежбањето е џабе, туку вежбањето само по себе не гарантира резултати, може да биде само мачење без план, без доволна правилна исхрана и одмор резултатите ти се НУЛА (0)! И плус ако целта ти е накачување на мускулна маса, а не внесуваш доволно калории и протеини, нема оптимален мускулен раст, колку и да вежбаш, ако сакаш и отепај се од вежбање. Факт е дека мускулите растат со комбинација од тренинг, исхрана и опоравување, не само од кревање тегови. Исто важи и за дефинирање, стегнување, стомаци, итн. Промените започнуваат од чинијата А тоа "мали сте за тој муабет“ не е никаков аргумент, туку само покажуваш дека немаш никаво знаење и аргументи за нормална дискусија.
Совети за мотивација за почетник во вежбање и регулирање на исхрана? Да е нешто кое нема да биде со окапување во кујна и спремање и печење.... Од ваше искуство што се покажало на долг рок како ефективно, за семејство со деца што функционира , да е одржливо Тенк ју
Да, сите знаеме дека исхраната е клучна за слабеење и за хипертрофија ама дури и да не пазиш на исхрана, вежбање не е џабе на крај на денот. И да е ефектот 2%, тука е. Затоа многу неќам кога вежбање се турка исклучиво како алатка за менување физички изглед и дури и да му е тоа целта на некој, пак не е џабе ако не пази на исхрана.
Факт е дека исхраната е 70% важна.Вежбањето без пазење на исхрана може да има различни резултати кај секого, во зависност од тоа какви навики има. На пример, јас сум човек што сака да јаде немасно месо и дури и кога не би пазела на исхрана и би ги јадела работите што ми се вкусни би добила мускулна маса. Од друга страна, човек што јаде претежно јаглехидрати и масти би се мачел да накачи мускулна маса.Ако сакаш да видиш физичка промена, да намалиш килограми, клучен е калориски дефицит.Ако сакаш тонирани тело и мускули, клучен е протеинот.Ако си човек што не внесува доволно протеин, и не е во калориски дефицит а сака да ослабе, промената би била скоро естетски незабележителна.Единствен бенефит од вежбањето би било раздвижување, циркулација, флексибилност. Така да, човек А може и да не пази на исхрана, а да види промена, додека човек Б може да вежба и да биде фрустриран затоа што не гледа промена пред огледало, и најчесто таквите се откажуваат и викаат дека вежбањето не е за нив и си продолжуваат со нездрав живот.Се е индивидуално, затоа постојат програми прилагодени на секого во зависност од нивната работа, здравствена состојба, навики на исхрана, слободно време и слично.
Јаглехидратите ти се најклични ама баш најклучни за надополнување на мускулниот гликоген, кој е важен за перформансите и опоравувањето по тренинг. Ако не внесуваш доволно јаглехидрати, потешко ќе ги обновиш или пак ич нема да ги обновиш резервите на гликоген, што може да влијае на енергијата и за тренинг и секојдневни задачи, а ти влијае директно и на мускулниот раст. Мора да внесуваш и доволно масти за телото да ти произведува хормони и да ги апсорбира витамините кои му се потребни на телото. Не за прости јаглехидрати (шеќери), не за заситени масти, туку зборуваме за здрави јаглехидрати и масти кои му се потребни на телото за нормална функција и мускулен раст. За мускулен раст ти треба балансирана исхрана со доволно протеини, јаглехидрати и здрави масти и јако кинење со тежини.