Да нормално, ама многу е полесно да внесеш доволно масти и јаглехидрати дневно, отколку протеин.Лично јас највеќе проблеми имам со внесување доволно протеин во денот, а верувам дека и повеќето жени што сакаат да бидат во форма би го имале овој проблем.Од здрави масти јадам риба, авокадо, маслиново масло, јатки и слично.Исто не ми е тешко да го заменам белото брашно со интегрално, да јадам семиња, зеленчук и овошје.Ама да внесам доволно протеин е нешто што морам да го следам, мерам и планирам.Затоа реков дека треба да се пази на пртеинот, другиот дел од исхраната се подразбира ако тренираш и сакаш да бидеш фит. Ова секако е добитната комбинација.
Чудно прашање ама морам Си вежбам со кратки тегови (dumbbells) и си имам апликација кај шо си водам рачун за распоред, плус тежина, повторувања итн. И сеа, дали ако рецимо вежбам chest press со два тега од по 5, тоа е 5 кила или 10 да си пишам? Исто и за останатите вежби за раце кај што се користат два тега, за секоја страна. За долен дел па пишувам вкупна тежина.
Ќе рачунаш од 5 кила затоа што со една рака креваш 5 поединечно а не 10, 10 ќе се ако на една рака креваш само 10. Ако ги креваш со двете раце на шипка и од пострана има по 5 кила, тогаш ќе биде 10. Се што е со еднорачни тегови, се смета поединечно. 5, 10, 15, 20 итн.
Еднорачни се теговите. Не се дворачни, не е шипка. На една рака држиш еден тег, не ги држиш двата. Тој едниот што го држиш во едната рака му ја сметаш неговата единствена тежина, пример едниот тежи 20 и на левата рака креваш чисти 20. На десната исто само 20, не можеш да кажиш креваш 40 кога поединично се тежините. 40 ќе бидат ако со една рака крениш 40ка тег или пак ставиш на шипка од постраните 20ки тогаш ќе креваш 40ка со две раце.
Што има врска шипката? Ако креваш 10 вкупно со шипка, по 5 на двете страни, пак тежината се распределува, не е дека со шипка двете раце креваат по 10 само затоа што теговите се закачени на шипка.
Како може на еднорачни тегови со 5 кила да креваш 10 На шипка се распределува тежината лево десно и се пресметува вкупната тежина со се шипката .
А како ќе ги затегнеш рацете ако не ставиш мускул? Башка мускули не се прават преку ноќ, уживај, нема туку така да изгледаш ко бодибилдер
Е колку може да се распредели де? Не верувам да има мн разлика. А шипката колку тежи уствари? Освен таа ако прави додава повеќе тежина.
Зависи од шипката. Има шипки шо тежат 10 и 20кг. Ако ставиш пример 10 лево, 10 десно, тоа ти е 20 + 10 шипката = 30 кг вкупно.
Реално да. Само шипката тежи 10 или 20кг, башка тежините што се ставаат на неа. Јас кога бев почетник а и други, и шипката ми беше тешка на бенч Пример на бенч прес за гради, можеш и само со шипката да вежбаш.
Секогаш кога правам lats pulldowns најмалку гo осеќам латисимус. Ги правам точно онака по пропис и пак најголемиот напор го чувствувам во рацете. Хелп, дајте ми совет, можеби нешто промашувам? Се нервирам што најмалку чувствувам каде што најмногу треба да се активираат мускулите.
Да пробаш со помала тежина за да имаш поголема контрола врз телото, без да го завлекуваш грбот на назад премногу и да можеш да ги спуштиш лактите доволно ниско.
Ги спуштам ниско, барем таква перцепција имам. Треба да се снимам за да проверам, ама ќе пробам со помала тежина, иако и со помала мислам дека ми беше вака. Фала ти.
Пробај прво да ја намалиш тежината. На почетокот на движењето спушти ги рамената надолу, без да ги свиткуваш лактите, па потоа повлекувај со лактите надолу и малку наназад, како да сакаш да ги ставиш во задeн џеб. Не ја влечи шипката со сила и да се активира бицепсот. Плус не мора секогаш да чувствуваш силна пумпа во латисимусот за тој да работи. Техниката и оптоварувањето се поважни од самото чувство оти некогаш премногу мислиме на тежината само па наместо грбот да работи бицепсот се активира. Но сепак, нормално е да го чувстуваш и бицепсот кога се вежба грб, со самото вежбање грб се активира и тој, исто како трицепсот и рамото кај гради.
Мислам дека помина месец дена откако почнав да вежбам. И да пишам апдејт. Најпрво почнав да слабеам во стомакот и во спојлерите или како и да се викаат тие од страната. Почна да ми се познава и правоаголник на стомачните . Е сеа, почна и газот да ми се намалува. Дали ова е нормално, да ти слабее газот пред да се зацврсти?