Епа коа се слабее, цело тело се топи. Не можеш да одбериш пример само стомакот, нозете да слабеат, туку се.
Па додека слабееш можеш да го вежбаш и него, салото ќе се топи, а мускулите на задникот ќе зацврстуваат.
Па го вежбам де. Правам вежби за затегнување. Да напоменам дека тежината ми е иста од пред да почнам да вежбам, 69-70кг, а визуелно изгледам послаба.
Нема врска тежината, може тежината ти е иста а да си стопила сало а да си качила мускул, пошто мускулот тежи повеќе. Менувај ги вежбите да не биде само една иста за подобар одзив на мускулните влакна.
Браво за напредокот! Ако фокус на вежбањето ти е слабеење нормално е да намалиш обем по цело тело. Па тек потоа ќе забележиш затегнување. За да зацврстиш и зголемиш глутеус треба да вклучиш тежини и да правиш вежби за изолација на таа група мускули. На пример прва серија со најголема тежина и најмалце повторувања, втора серија со средна тежина и трета серија со најмала тежина, а најмногу повторувања. Секако според твои можности.
6 пек? Шо праиш за стомачните кои вежби? И дали е доволно само обични стомачни да се праат По 100 и 100 чучњеви, не сум расположена за друго Не планирам да се потам ладно е Вчера издедов што изедов, од денес гладување троа
Па не ми е фокус слабеењето туку затегнувањето. Тоа и сакав да кажам де, дека позатегната сум во делот на стомакот и страните. За сега вежбам или со ластик или без. Планирам и тегови да земам, на тие ли мислиш кога викаш тежина? И од колку кг би ми препорачале како за почетник? Епа ги менувам секоја недела, најпрво почнав по 10мин, немав сила за повеќе сега по 20 мин праам за стомачни, 20мин glutes, и ако сум расположена уште 20мин нешто мешано од тоа Неам ни време за повеќе, толку можам да си дозволам, али резултати има. А и кардио по 20мин секој втор ден. Недела си одмарам.
Да, на тегови мислам. Можеш да правиш squats, single-leg romanian deadlifts, glute-bridge и со 5кг најголема тежина да почнеш, па потоа да зголемуваш во зависност од твоите можности (пр. по 2-3 недели да зголемиш тежина). Donkey kicks, bulgarian split squats со помала тежина почни оти ќе ти биде тешко со 5кг, барем мене ми беше тешко на почеток. За раце вклучи помала тежина, пр. 2кг. Јас сега вежбам цело тело со 7,5кг бебе во раце по цеел ден.
Сите овие ги правам, само без тежини, за некои ставам ластик само. Ама ќе земам и тегчиња. Фала ти. Епа јадам, неможам повеќе од ова , ќе зеам ќе повраќам. Вклучив и повеќе протеини во секој оброк.
Е уште нешто, гледам сите вежби да ги правам правилно нели, ама едната нога па дури и едниот гз ми се пофлексибилни од другите. Па така вежбите ги осеќам повеќе на едната страна отколку на другата. Се трудам колку шо можам, но за жал не ми успева ова да го сменам. Дали така има ист ефект и на двете страни или ? Шо да направам? Кај со различни веѓи, па уште и со два различни газа да се шетам
Кај сите едната страна од телото е пофлексибилна од другата. Уживај, нема да ти биде асиметричен газот.