nedovolna kolicina na makronutrienti. pred trening znaci 2 saati pred bilo kakva fizicka aktivnost dali bilo joga,kardio ili tezinski trening, 2 sati pred trening si jades oriz,grav,grasak,kompir ili ovez vo kombinacia so pilesko,svinsko,riba,tuna ili gulas. odis na trening i odma posle trening 30 grama dekstroza so 200mll. ovosen sok ili pijalok po tvoj vkus,go pies i posle 40 min imas obrok, meso vo kombinacia so hidrati oriz kompir ovez grav i slicno. ke si kombiniras da ne e sekoj den isto. posle trening muskulot pocnuva da se oporavuva i mu se potrebni masti,hidrati,proteini i vitamini. teloto posle trening zapajga vo katabolizam,pocnuva da se laci hormonot kortizol i se osejkame kako pospani,se osejka stres i ne uspiva. posle treningot teloto treba da se izvadi od katabolizam i da se dovedi vo anabolicna sostojba. zatoa se vnesuvat dovolna kolicina na proteini,hidrati i masti. 200gr. meso= 40gr. proteini 100gr. oriz= 80gr. hidrati 50gr. lesnik= 30gr. zdravi masti. 30gr. suvo grozje= 30gr. hidrati od sejkeri.
Здраво, Сакам да почнам да вежбам ама не знам вежби, имав неколку обиди да одам во теретана но таму нема кој да ми покаже вежби и се срамам. Може ли некој да ми објасни како оди тоа со деновите, ден за нозе, ден за стомак и т.н.? И има ли некои видеа за девојки во теретана вежби да гледам како се прават правилно? И да пијам ли протеини, како се пијат и во колкава количина? Инаку цел ми е да ослабнам 5 килограми и да го затегнам телото.
понеделник гради со рамо вторник грб со стомачни среда нозе и стомачни четврток бицепс и трицепс. петок сабота и недела паузи протеини смееш да пиеш али не сурутка пошто сурутката не содржи протеини. Само веј протеини од здрава храна каде што продаваат. се пија по една дозерка од 30 грама.
Девојки дали некоја е заинтересирана да си искористи 3 бесплатни фитнес тренинзи на кои ќе научи вежби за секој дел од телото и потоа ќе може вежбањето да го продолжи и од дома, п.с можете и со другар/ка но понудата е само за Скопје.
Вежби за горниот дел од телото покрај градниот кош и стомакот без нозете? Мислам абдомен се вика тоа. Вака нешто. Значи од вратот, градите до папокот и цел стомак. И уште едно прашање, не знам дали јас си замислувам ама од кога почнав да правам некои вежи како да се поправив токму во овој дел?? Можно ли е тоа? Иначе правев планк, некои вежби за рбетот, истегнување и слични вежби од физичко часовите во школо.
Da se popravis samo od istegnuvanje i bas na vnatresen del na gradi stomak pa cak i grb,toe nevozmozno. Toj del e premnogu tezok da se oblikova i se potrebni izolaciski vezbi so dobra tezina i dobra izvedba za da se oblikovat.
Сакав да кажам дека сакам да ослабнам таму а се поправувам иако внимавам што јадам и ги правам предходно споменатите вежбиПа помислив да не ми се грешка вежбите затоа се обратив тука, барав видеа и на јутуб Што знам веќе
Со огромните топки gym, pilates, fitness ball Што вежби да вежбам има некој на инстаграм, што објвува постојано вежби со топка?
Здраво, сакам да прашам дали некој некогаш сакал да ослабе, сакал да вежба, но ја немал мотивацијата? Како да се мотивирам и да се натерам? Јасно ми е тоа дека ако сама психички немам желба да станам и да почнам е џабе. Но сакам да пробам да се мотивирам со нешто (само видеа на јутуб од некои како вежбаат не успеале никогаш да ме мотивираат, повише ми одмагаат)
Овакви примери некој што сакал да ослабне ,а ја немал мотивацијата е секој втор.Затоа и ретко вежбаат.Многу е тешко да почнеш ама мисли прво на здравјето ,а потоа на изгледот.Знаеш дека гојазноста и неактивноста носат здраствени проблеми.Сега си млада ама брзу минат годините.Мене мотивација ми е ќерка ми.Си велам ако добијам некој срцев удар или мозочен удар, гангрена и сл . На кој ќе биде теретот нејзе.А зошто ? Зошто ме мрзело 30мин да бидам активна .Јас од здраствен проблем почнав .Со тежината никогаш не сум имала проблем .Само ти можеш да си се мотивираш никој друг.Секој не може да вежба ама ти можешСамо напред
Јас само ќе ти кажам дека на никој не му паднала мотивацијата од небо. Немој да чекаш да се мотивираш, тоа нема никогаш да се случи. За вежбање дома треба голема дисциплина, а претпоставувам ти ( како и многумина) ја немаш. Затоа најдобра опција е да се запишеш на аеробик, пилатес, зумба, kangaroo aerobic (сега популарно и многу забавно) и ако можеш да си најдеш другарка/ другар со кој ќе трчаш или пешачиш и со кој меѓусебно ќе се “буткате” кога некој од вас ќе забушава. Ќе знаеш, на пример во 7 имаш тренинг и без изговори одиш. Абе ми се плачело колку ме мрзело да одам, до последна минута сум одолговлекувала и откако ќе отидев секогаш гордо си велев дека ќе ми беше мака ако го пропуштев часот. Извини, јас може сум малку дирекна во постот. Единствен начин да се поткренеш и да почнеш да вежбаш е во почетокот и кога нозете ќе ти се враќаат- да одиш да вежбаш. А по тренингот да си се потапкаш по рамо и да си речеш- браво! Со резултатите ќе ти расте мотивацијата и повеќе нема да имаш отпори кон вежбањето. Не можеш да очекуваш дека еден ден едноставно ќе се разбудиш мотивирана да почнеш да вежбаш.
@sofija014 мотивацијата е најтешкото кое ќе го најдиш ама можиш некако да ја добиеш. И јас бев немотивирана кога почнав, и кога почнав беше од ... инает. Мислам, не прај други работи од инает, ама пробај со ова. Терајќи се со сила и без мотивација ќе успејш да вежбаш, да ти стани вежбањето рутина и ќе почниш да имаш резултати на телото. При најмалите промени на телото кои ќе ги видиш - мислам дека поголема мотивација од тоа нема. И после тоа ем ќе ти биди навика, ем ќе бидиш мотивирана ама мора еден ден да станиш и да пресечиш и да почниш од денес со вежбање, а не од утре. Колку пати станвам на сабајле ни утрински вежби не ми се прават, од кревет не ми иди да станам, ми иди да се тркалам, ама нема не. Станвам и прам. И после ко ќе се видам во огледало сум за нијанса посреќна од претходниот ден.
Ни јас немам мотивација да вежбам... ама немам ни вишок килограми. Почнам да вежбам 2-3 дена и кога ме мрзи ми текне дека и вака сум добро па се откажам А имам некоја мала желба за стомачни мускули
@sofija014 @dianna95 Мене, уште основно кога бев, или почеток на средно така нешто, ме мотивираше коментар упатен од 'другарка'. И не велам дека не ми е другарка поради тој коментар. Девојчето ме навреди, и од тогаш не сум истата. Ни психички ни физички. И на двете полиња има огромен напредок. Верувај дека можеш да го постигнеш и ти и било кој тоа. Пробај со нутриционист, тоа ти е мој совет. Диетите по интернетов што фрчат влијаат различно на секој организам. Поради тоа и кога се оди на нутриционист се носи и крвна слика, па според возраста, полот, висината, тежината... Ви посакувам успех, и доколку сакате да промените нешто, променете го сега, НЕ УТРЕ.