Zdravo devojki me molam daj te mi motivacija potik soveti sakam da pocnam da vezbam nesto za telo da dovedam do sovrsensto! Kakood sto da pocnam? katastrofa sum
Eдинствен од Скопје што можи да ти поможи е кликни тука. Професионализам на секое поле, знаење и посветеност во работата. Не лутај по други самопрогласени фитнес тренери.
Ве молам за совет. Бев приморана да направам пауза од вежбање во теретана од речиси 2 недели. Скоро за цело време додека не одев имав болки во лумбалниот дел од грбот. Беа поизразени по подолго седење (таква ми е работата). Се надевав дека кога повторно ќе се активирам во теретана болките ќе исчезнат, но тоа не се случува. И понатаму се тука, освен додека вежбам - тогаш сум супер. Но, штом се "излади местото", болката повторно се јавува... Некој совет како да се надмине ова и дали треба да прекинам со вежбање додека да се реши?
15 минути истегнување пред тежински тренинг и истегнување на вратило. Намалиго волуменот(бројот на серии) како за почеток. Ќе ти е од помош да си ставиш перниче на долниот дел од грбот за да те држи исправена додека седиш пошто при долго секојдневно седење му правиш притисок на пршлените и зато се јавуват болки. Не е ништо болно ниту страшно,тое нормално при толку време седење.
Неправилен тренинг, недоволно загревање, неправилно истегнување можат да доведат до болки во лумаблниот дел во грбот. Повеќе за ова прочитај тука.
Многу опасно звучи ова што е пишано во линкот... Ќе мора да се внимава повеќе. Благодарам @vectra20 и @Alpha010 за одговорите.
https://www.youtube.com/user/joannasohofficial има добри вежби за различни стилови и левели плус совети и рецепти за исхрана.Како почетник 20 минути-30 минути овие вежби наутро,пешачење мин.1 саат преку ден и 40 мин јога навечер и обавезно држење дневник на исхрана,односно калкулирање базален метаболизам и внес и трошење калории. Ова е режимот што јас го држам моментално од фитнеси и стриктни диети сум немала долгорочен успех
Најголема мотивација треба да си бидеш самата ти, визијата за да си здрава и цврста. Доколку си почетник кардио вежби по 15 мин тие се најдобри за слабеење. Со текот на времето до поинтензивни тренинзи. На интернет има се, буквално. Читај, гледај видеа и слушај го своето тело.
Имам едно прашање луѓе. За магнезиум сакам да прашам од кога треба да се пие, дали од почеток со вежбање или откога ќе се направат мускули ? Знам дека можам во аптека да прашам ама сепак да ве прашам и вас.
Магнезиум ќе земаш после тренинг, нема тоа врска со правење/неправење мускули. Имаш апчиња, шумечи и мали кесички со магнезиум во прав кој директно се голта. Треба да земаш и калциум со магнезиумот.
Магнезиум се зема во било кое време во текот на денот али пред спиење ти е најдобро да се земе. Калциум и цинк само 2 недели се пие.
Здраво,сакам постепено да почнам да вежбам вежби за стомак и задник но дали би можеле да ми кажете ефикасни вежби а да не се воспалам веднаш?
Дали има некоја апликација за мобилен телефон пример да ти кажува што да јадеш и како да јадеш или да внесеш пример што планираш денот да јадиш и што да вежбаш и колку од таа група на вежби и слично? (се надевам ме разбравте )
My fitnes plan ти е добра али да броеш калории е лудило На неделно ниво гледај волуменот за големите мускулни групи да ти е 20-22 серии а за малите мускулни групи од 9 до 12 серии на неделно ниво. Од 2 до 2.2 грама протеин на 1кг. телесна тежина а хидратите зависи од човек до човек. Просек е 4грама на кило телесна маса. Пред тренинг јадеш хидрати и протеини и после тренинг исто,хидрати и протеини.
Прати макронутриенти наместо калории. За калории оди по оваа математика : 1гр јх = 4 калории 1гр протеин = 4 калории 1 гр масти = 9 калории. Два саати пред тренинг гледај да имаш оброк со масти.