Јас зедов и декстроза и веј.Симнав и апликација за калории броење и од вчера доволно внесов калории и не бев гладна.Од денес почнувам да вежбам и тоа сакам барем за почеток фул боду воркоут потоа да почнам со абс, странични,чучњеви,за нозе,за раце буквално се ама да ми бидат распоредени во денови од неделата.Прашањето ми е каков тренинг треба да имам за да пијам декстроза и протеин после тренинг да не ми се претвори во сало сето после да е залудно.
Почни со калориски дефицит од -300кцал, симни апликација за следење на калории LoseIt или MyFitnessPal. Првите 2-3 недели прави само full body workout за да нема драстичен калориски дефицит од сам почеток, па после 3 недели ќе вметниш и кардио бидејќи по 3 недели телото се навикнува на тој дефицит и за да не кратиш на храна ќе додадеш плус кардио. Во деновите кога ќе правиш кардио, не внесува јаглехидрати пред и по кардио биди само на масти и протеини, а ако може и кардио на гладен стомак.
Kondicijata i pusenjeto nemaat veze so trening. Najprvo zapocni so vezbanje i pocni postepeno da ja menuvas ishranata. Na nedelno nivo menuvas po nesto. Za dorucek najdobro e vareni jajca(samo belka) i malku sirenje ili casa jogurd. Odkako ke go izedes jadenjeto, ke si stavis 50gr ovez i ke go izmesas so malku voda i stavi edna banana i nekoe zamrznato ovosje. Za rucek edno parce stek okolu 150gr so makaroni ili oriz. posle dva saati, odes na trening i odma posle trening 30gr dextroza i posle pola sat jades ili parce stek ili jajca bez hidrati. Pred spienje edna tableta omega3, eden magnezium i edna raka lesnik ili kikiri. Kardio pravis 3 pati nedelno i pratis napredok vo kilaza. Za pocetok dovolno e 3 pati kardio na nedelno nivo.
пресметај си колку досега внесуваш калории дневно, и зголеми за 300-500 калории, и помалку кардио во теретана, па така ќе зголемиш на тежина и оформено тело.
Разлистај плус наназа има доста добри примери да не се повторуваме на секое. Ако нешто не ти е јасно слободно пиши порака.
Здраво на сите! Пред еден месец конечно почнав да ја реализирам желбата за слабеење, не е дека нешто сум дебела којзнае колку, ама имам ставено неколку кила. Одам на аеробик и на јога по два пати неделно (значи 4), во врска со храната гледам да не претерувам, ама немам некој конкретен режим на исхрана. Немам никакви забележливи резултати и почнувам да се фрустрирам! Што би ми препорачале вие?
За почеток исфрли од исхрана леб(можеш двопек или тонус леб како замена), благо и газирано. Плус можеш да вклучиш и кардио покрај аеробикот и јогата.
Аеробик и јога не би ти препорачал ако целта ти е слабеење, а уште помалку кардио за почеток. Подобро да одиш во теретана, бидејќи мискулите ја трошат енергијата од масните наслага при дигање тегови. Друга битна работа е калориски дефицит и пред тренинг да не внесуваш јаглехидрати значи масти и протеини , а после тренинг јаглехидрати и протеини. Јаглехидрати можеш да внесуваш секакви од леб до овесни снегулки и чоколади се додека си во границата на калорискиот дефицит иако најпаметно е да внесуваш сложени хидрати бидејќи ќе бидеш сита подолго време. Спушти си апликација LoseIt или MyFittnesPal и цепај. Разлистај на претходните страни има добри совети.
Фокусирај се на високо интензивни вежби, и кардио. Фокусирај се на калориски дефицит, пресметај си колку нормално консумираш храна во денот и намали за околу 200-350 калории, па би требало да имаш резултати. А мене како машко што долго време посетува теретана, атлетика и поранешен фудбалер, би одел на тежински тренинг, би ослабел и изградил тело со мускули.
Абе океј малце се зезам, него премногу се тие кила за толку краток период, нема потреба од толку нагло качување ако првична цел е мускулна маса да зголемиш
Планирам да почнам во теретана од утре. Имам некој вишок од 10кг кој сакам да го стопам, а воедно и да се стегнам малку, но секако на почеток ми е приоритет да го стопам салото, па би сакала да ве прашам вас поискусните како да се насочам. Дали би имало подобар ефект ако вежбам секој ден различна група на мускули со вклучено кардио 45мин-1 час без притоа да имам посебни денови само за кардио? Или да вежбам определена група мускули 2 дена, па еден ден само кардио, па пак 2 дена кардио и мускули, па само кардио итн ?
Здраво феминки!Има ли можност да вежбам кардио (сакам да ги ослабам рацете и бутовите),но и чучњеви за да го оформам задникот?Или ќе го ослабам и задникот на тој начин или пак ќе ги зголемам бутовите правејќи чучњеви?
Вака, почни 3 пати неделно full body workout, тоа е тренинг за цело тело односно сите мускулни групи. Кардио првите 3 недели воопшто не ти е потребно бидејќи со самиот тренинг правиш калориски дефицит. По 3-4 недели телото ќе се навикне на тој дефицит и тогаш ќе додадеш плус кардио со низок интензитет. Бидејќи започеток и двете се преголем стрес за организмот и ќе следи пад на имунитетот. Затоа full body 3 пати во неделата е сосема доволно за почеток. Ако ти е премногу напорно почни со upper/lower 4 пати неделно. Тоа е два дена во неделата вежбаш цел горен дел а други два дена нозе наизменично со 1 или 2 дена пауза помеѓу во зависност дали мускулите се опоравени комплетно, односно дали чувствуваш воспаление. Не вежбај додека не помине воспалението на мускулите. Тоа е тоа генерално.
Ако сакаш да ослабиш остави го кардиото настрана за почеток. Тежински тренинг во теретана, чичњеви, мртви дигања. Ако немаш услови за теретана на нет има доста добри вежби за цело тело а особено за нозе и задник.