Здраво, отприлика сакам ваква форма. Кои вежби да ги правам,каква исхрана?? Помагаат ли тежинските тренинзи??
Зависи каква ти е сегашната форма. Ако си послаба, тогаш треба да си во калориски суфицит. Исхраната треба да е со позастапени протеини и да правиш тежински тренинзи, кои постепено ќе ги појачуваш.
Зависи и каде природно телото повеќе ти го складира масното ткиво.Доколку имаш предиспозиции, ако полесно се дебелееш во задник а слабееш во стомак нема ни да ти треба некој кој знае каков тренинг туку повеќе внимавање на исхрана за да си добиеш оптимална килажа.Секако, ако повеќе сакаш обликуван мускул а не само сало, со тежински вежби се гради мускулна маса но тоа треба да се искомбинира и со правилна исхрана(повеќе протеини, масти) и не е краток процес. Ако повеќе се дебелееш во горен дел од телото тешко дека би можела да добиеш ваков тип на тело само со вежбање и режим на исхрана.
Вежбачки здраво Имам ставено вишок од стомак до рамена т.е. грб. Нозете ми се тенки. Кој има нешто да препорача за овој дел од телото, нека пише линк или аликација.
Не можеш да таргетираш топење на масти на конкретен предел. Кога си во калориски дефицит и правиш кардио вежби, наизменично насекаде ќе се топат мастите. Заклучок: прати калории да си во дефицит (и притоа квалитетно да се исхрануваш) и трчај, скокај со јаже, вози велосипед, качувај се по скали, планинари, пешачи брзо и многу или едноставно во теретана користи орбитрек и слични справи.
Да пратам калории. Има неоја листа некаде колку би ми биле потребни да го задоволам организмот и кои што содржи ?
Симни некоја апликација (my fitness pal е некако најсеопфатна ама има и други ) и со внесување висина, тежина и сл. ќе ти пресмета колку калории ти требаат.Е сега таму за повеќето јадења и производи имаш податоци колку калории содржат, само што на почеток ќе треба се да мериш во грамажа или парчиња за да внесеш точно и автоматски да ти пресмета колку калории има тој оброк.Можеш и да скенираш продукти преку бар код за одма да ти ги најде.
Броење каолории,калориски суфицит,дефицит ти се само губење на време а фитнес калкулаторите неможат да ти измерат колку калории ти троши телото и колку калории ги искористува пошто то можи само лабараториски да се испита. Единствено што треба да броеш се протеините, хидратите и мастите. Овие макронутриенти ги бројш во грамажа и тое то. Хидратите се тие на кој што треба да пазиш. 1000калории од протеин и 1000калории од хидрати се скроз различна врста на калорија пошто тие 1000калории од протеинот нема да ти нанесат сало али од 1000калории од хидрати ќе ти нанесат сало. Бројката на калориа ја зедов колку за пример. Калориите излегуваат од хидрати,масти и протеини. Броеш само колку гр внесуваш секојдневно. Намалиги хидратите и прати напредок 2 недели,и ако нема промена на вага,намалуваш уште 50гр хидрати и пак пратиш напредок.
Ај некој/а што се разбира за грбниот мускул trapezius да препорача некои вежби. Не знам веќе што да му правам (го игнорирам повеќе од пола година), освен истегнување насабајле - имам ептен болки во тој дел. Последно бев на масажа и сериозно ми препорача жената вежби и зголемување на мускулната маса.
Здраво, може не е за овде прашањето но имаше македонка полна девојка која вежба во теретана и мотивира. Не ми текнува на инстаграм како да ја најдам под кое име. Да не знае некој? Поз
Kupi si Samsung Galaxy Fit ili Fit e mn dobra alka ili pameten saat e Imash za kalorii , cekori , srce , i site normalni raboti za vezbanje e top saat a i ne e mn skap ama marka e