Што е најдобро да се вежба за намалување на килограми? Фитнес, аеробик, зумба, пилатес? Или предложете ако знаете нешто друго?
Сите помагаат, физичка активност е и трошиш, ама најдобар избор е доколку комбинираш и кардио и тежински вежби.
Можеш да одиш во теретана и да трчаш на лента на пример, па потоа да комбинираш вежби на справи и вежби со тегови.Или можеш, доколку одиш во некое фитнес студио кое дозволува да земаш различни тренинзи неделно, да комбинираш , како што спомна , на пр. зумба или аеробик со пилатес, или со друг тренинг што вклучува повеќе тежински вежби.
Сакам да вежбам,до сега сум вежбала ама со многу проблеми од дома од типот не можи да одиш на вежбање после училиште (кога сум од поручек) оти касно се враќаш (логико где си ќе речам) Па пред ова му беше проблем на моите дома да не одам во теретана со мажи, го решивме то, сега оти сум се враќала касно од вежбање Ми викат оди пред училиште, а то не можи, ќе се испотам и после набрзина ни искапена ко шо треба ни ништо.. Кажвајте совети оти ќе пукнам. Минатото лето криев дека одам на вежбање 3 месеци, им кажав дека одев дури по 3-4 месеци од ко прекинав.
Знам сум пробала и дома ама ефектот не ми е ист. И сакм да ги убедам да ме разберат дека сакам да вежбам во теретана и то не е некое зло дело ко шо мислат тие туку е нормална работа.
први 2 недели вежбај се,за да ги ојачаш мускулуте(штом долго време не си вежбала). После тоа води се по некоја апликација симната од нет
Убаво да се загрееш пред тренинг и да ги направиш сите compound вежби ( чучњеви, мртво кревање, за рамо имаше една стандардна вежба, и на бенч можеби малку, трчкање и стомачни ) без тежини, со шипка само или минимални тежини. Потоа да си најдеш програма со целта што сакаш да ја постигниш.
Оваа девојка има фејк задник. Немој да гледаш слики на инстаграм и да мислиш тие така изгледаат и во живо. Се местат, позираат ги едитираат сликите а и дел од нив се фејк Ако се споредуваш со некоја никогаш нема да бидеш задоволна од тоа како изгледаш Е сега јас вежбам 4 години и имам супер резултати ќе си вежбаш со тежини и ќе си јадеш повеќе протеини и јаглехидрати 2-3 пати во неделата тренинг за газ и нозе
Можете солидни резултати да направите и од дома со добра исхрана секако За тие што немате време и можност за теретана.
И многу е битно која ви е целта дали обликување на целото тело,дали само нозе и задник или сакате да додадете и намалите на килажа.Не секоја вежба и програма одговара за секого.Ако треба совет пишете
Нормално ако правиш секој ден само squats без никаква тежина нема да накачиш Теретаната е секогаш олеснителна околност не викам не и јас вежбам во теретана моментално ама дека неможе да постигнеш нешто и дома со добра исхрана,суплементација и опрема може.Посебно за почетници Ама без упорност и дисциплина и да идеш во најдобрата теретана колку за сликање џабе А и генетиката си го прави своето итн.
Е па сега се гледа ако има некоја или некој убаво тело на сликата во теретана значи вежба На пример јас вежбам 1 саат и уште 15 мин се сликам Генетиката е многу битна да