Навистина? Фала за инфо! Дали можеби знаете од каде може да се набават? Видов и на сајтот на Runners, но немаат многу голем избор. Секоја препорака е добредојдена.
Јас ги имам тие од Ранерс, одлични се. Плус сеа многу им е падната цена општо на целиот асортиман за вежбање.
Најдобри беа гладијатори али штета шо затворија. Иначе во polleo sport има олимписки стеги и класични. https://polleosport.mk/fitnec-cpravi-i-oprema/olimpicki-ocigurach-za-shipka https://polleosport.mk/fitnec-cpravi-i-oprema/ctandarden-ocigurach-za-shipka
Имам проблем и многу се мачам... Воопшто не можам да вежбам. Пред 3ипол години имав супер тело, одев во теретана секој ден. Од тогаш поради обврски прекинав и до пред една недела освен пешачење поради секојдневни обврски друго немам вежбано. Вежбам една недела сега и умирам, издржувам 10 минути само. Се чувствувам многу лошо поради тоа.... До мојот организам ли е ова или е нормален процес? Имам 23 години.
После долга пауза и да се вратиш одма во стара форма е невозможно. Треба време за да се врати експлозивноста, силата, издржливоста. 3.5 години пауза се многу и ќе ти треба миниум 8 недели за да се врати дел од силата и за сето то е потребна искомбинирана исхрана, тренинг и одмор. Со пешачење и точак возење не се враќа сила и издржливост, треба тежински тренинг засебен тренинг за сила. Мускулот памти и брзо го враќа волуменот али сепак за недела дена неможи организмот да се навикни. За брзо ќе отворат теретаните и ќе имаш можност да се вратиш во форма али рачунај после 8 недели. Имаш фаза на полнење која трај 2-4 недели. Првите 2 недели се за да се привикни телото на тренинзите и уште 2 недели се потребни за да се среди исхраната. Започни една недела со full body. Втора недела upper lower body трета недела PPL- push, pull, legs, rest, push, pull, legs rest, rest. четврта недела си почнуваш со твојот модифициран тренинг. Carb cycle ти е идеална диета за враќање во форма а и како здрав начин на исхрана без гладување и нема да клаваш сало. Пред тренинг нејади овошје и благи работи за да немаш спајковање на инсулин за да не те успива за време на тренинг. Исто и овие денови ако тренираш во домашни услови, 2 часа пред тренинг немој да јадеш прости хидрати како бомбони, кокакола, торта и слично... Исто така банана, грозје, портокал, јагоди.. Поради нагло покачување на шеќерот во крвта, панкреасот лачи инсулин цело време и ќе го падни нагло нивото на шеќер и воедно го паѓа и притисокот и ќе те успие. Ито можи да е причина за недостиг на енергија, поспаност, замор за време и после тренинг. Има метода простите хидрати да се мешат со малку масти за да се успорат поправо да се успори варењето и нема да иди до нагло рипање на инсулинот.
Ако работи Џамбо од таму. Подлоги имаш за 300 и нагоре. Тег од 3 кила ми се чини беше 500. Можеш и во спортските продавници ама поскапи се таму, а не се различни нешто многу.
Lose weight app for women, си има за слабеење, за затегање за секој дел од телото посебни. Мене ептен ми е добра.
Не знам дали прашањето е за тука но ако може некој да ми препорача добар протеин поудер? Фала однапред
Каде да најдам ластици за вежбање (booty band) и некој совет ако имате за како правилно да одберам со каква отпорност да биде истиот?
Polleo(330) i runners(400). Ако си скроз почетник прво навикни се на вежбите без ластик(пример 1 недела) после почни со некој light-medium или medium resistance. Брзо се навикнуваш на отпорот.
@monni.t нема нешто избор кај нас, барав секаде. Во runners има неколку бои црниот е најтежок, а во полео има 3 и не се така означени, треба да си провериш. Исто hardcore shop има ама online да порачаш.
Ти кажаа веќе во ранерс има. Инаку имаш на Али сет од неколку со различни нивоа и поевтини се, па ако не ти се за одма можеп да порачаш. @Mell11 почекај уште малце ќе се отворат продавници и Џамбо и ќе си земеш од таму. Вака во маркети кога носат ретко можеш да најдеш зашто не носат многу.