Кога гледам трансформации пред и потоа, била стапчеа после неколку години вежбање и колоковите и се рашириле како? Или фотошоп е
Се утепав барајќи подлога за вежбање и никаде не можам да најдам. Доколку знаете од каде можам да нарачам онлајн ве молам пишете
Туку од што може да ме боли коленото при squats и lunges? А правилно ги правам и со мали тежини. Само едното колено ме боли, баш на чашката.
Не и се рашириле колковите, туку го вежбала m. Tensor fasciae latae хипертрофирал и добила убава форма. Има милион вежби. Hip abductor, верзии на kickbacks за тој дел. Вежбај ја формата пред огледало, битно е да држиш агол од 90 степени при lunges. Истегнувај се и загревај се пред да вежбаш со тежини.
Вежбање со ластик за кукови е најдобро,имав dip hips за 3 месеци добив кукови какви што сакав од секогаш.
Па сакав онлајн, ама на повеќето страни што ги отворив или немаше или имаше некоја цена од 1500-2000. А и runners сега отворив, 800 денари чинам беше. Ќе одам до Џамбо утре Фала ви девојки
Јас купив од Runners за 750ден., ама после едно вежбање почна да се оштетува. По чорапи вежбав Од Џамбо исто имам, и неа не ја бива. Пред неколку години имав друга од Џамбо, со одличен квалитет, ама не носат веќе такви.
Тие што се само сунѓер брзо се литат, се одвојуваат како топченца. Јас имам сунѓереста со навлака од Џамбо и супер се покажа. Једино шо малце шушка коа вежбам. Ама и лесна ми е за одржување.
Не е баш сунѓер. Како пена е повеќе, не знам баш да опишам. Не се одделуваат топченца, само дупки се направија. Може слика од таа во Џамбо?
Па да, на такви мислев Вака нешто изгледа.таа мојата Плус и е дебела па не ми треба перниче при некои вежби кај што лежиш на грб или страна. Јас ја земав тогаш за 600 ама после некое време ги немаше, Сега не знам дали ги има пак. Ја одржувам само со влажна крпа и повремено алкохол прскам.
Ваква немам видено, а солидно изгледа. А се лизга? Пример на странични пленкови, да не не можам воопшто да застанам.
По малку да. За сајд пленкс не би имала проблем, мене ми се лизгаат нозете само при mountain climber малце пошто се така нагли и брзи движењата. Ама вежбам со чорапи. А со патики пробав и го немам тој проблем. И на ваква не се вежбаат стомачни со гол грб зашто од потта се лепи навлаката за тебе па ја подигаш подлогата