Зa стoмaчни, кaкви вежби требaaт, зa дa се пoзнaвaaт oнaкa дoбрo и брзo? И зa зaдник и нoзе зaтегнувaње? Пoчнувaм oд нулa, без кoндицијa, некoј oд oвде дa ме упрaви и сoвети??
http://www.femniqe.com/2017/04/24/butt-and-thighs-workout/ Јас ја почнав оваа програма за нозе и задник е, веќе 2 недели вежбам по неа и има реултати задоволна сум ептен.
Дали со секојдневно воЗење на велосипед можам да постигнам добри резултати да го оформам задникот и да ги затегнам нозете?
Еве ќе ти дадам добар совет за стомачни. Прво и основно за да ти се исцртаат стомачните мускули не треба да имаш ич вишок кг. Ако тој услов е задоволен можеш слободно да ги вежбаш стомачните + кардио тренинг на пр. трчање. Во случај да имаш кг за симнување и да се утепаш од вежбање стомачни нема да се познаваат пошто ќе бидат “скриени“ во тебе и ќе треба да се ослободиш од вишокот (со кардио тренинг) и тогаш ќе се исцртаат. Еве добри вежби за стомачни за женски. Да кажеме некој мој “про“ совет би бил да не вежбаш само стомачни туку целото тело. Можеш ама под услов да возиш велосипед по угорнина. Подобро затегнување од тоа нема. Возење на рамно може и да не даде резултати.
Немaм кг зa симнувaње. Нo сaкaм дa имaм стoмaчни, штo би рекле стaрите стoмaкoт ми е зa грб зaлепен хaхa. Зa кoлку време би ми се пизнaвaле, кoлку време дa вежбaм и кoе време е нaјдoбрo?
@SunnyGirl2 ако сакаш да ти се познаваат стомачните мускули, треба да правиш стомачни и други вежби кои се наменети за овој дел од телото. Можеш да најдеш вежби по интернетот колку сакаш, и да видиш кои тебе ќе ти одговараат. За колку време ќе ги оформиш зависи само од тебе, тоа никој не може да ти го каже. Тоа зависи од интезитетот на вежбите кои ги правиш, интервалот и колкава ти е желбата за да ги добиеш истите. Нема најпогодно време за вежбање.
@ana-sweet после вежбање се јадат протеини(пилешко, протеинска салата, туна, јајца) или се пие протеински шејк со сурутка ако сакаш да добиеш на мускулна маса.Не дебелеат само мускул се оформува. Ама ако сакаш да слабееш со кардио, не пиј. Јас вака лаички ти одговорив, толку знам, ако ти треба конкретен одговор прашај стручно лице, некој фитнес тренер или нутриционист.
Доколку сакаш да се здебелиш, слободно земи го 80% протеин од сурутка на Виталиа и консумирај наутро , после тренинг и пред спиење по доза од 30гр. СЕ разбира мораш да внимаваш и на јадењето да биде чисто месо без пржење, да исклучиш благо и шеќери кои можеш да ги замениш со суво овошје.
Брат ми има 11 години и дома вели на мајка ми дека сакал да вежба во теретана. За време на учебната година тренира карате два пати неделно, а летото му е цело слободно. Денес не ми текна да го прашам тренерот препорачана возраст, а на интернет ми пишеше дека не е проблем да вежба дете кое сега влегува во пубертет. На мајка ми некако шубе ѝ е, па еве да си прашам тука, па утре да памтам да прашам и тренерот.
Тебе дупките ти се важни или мускулите? Такви на раката имаме скоро сите ако не и сите, само не си приметила. За г'з подобра вежба од трчање или ролерки, нема. Склекови се секогаш број 1 вежба за сите делови од телото!
Епа вдлабнатините се прават помеѓу коската и мускулот. Коски имаш, уште за мускули да се погрижиш Се шалам но секако мора да се стегнеш.
Предлог вежби за стекнување кондиција? До пред година дена активно вежбав пилатес, ама заради учење и низа други работи престанав и накачив 5/6 кг, со тоа што сега одвај 15/20 минути издржувам, многу се задишувам и немам енергија.
Сакам да ги ослабам стомакот и половината.Вежбам аеробик и сум задоволна,но со исхраната сум несигурна.Лебот целосно го искличи,газирано не пијам долго време,од страна благо јадам само темно чоколадо за задникот пошто сакам да си остане на место....некој дополнителен совет од поискусните која храна да ја избегнувам , која да ја конзумирам?
Може ли да се постигнат и добри резултати дома како и во теретана? Што предлагате вие,вежбање со плус кила како тегови или вежбање со килажата на самото тело?