https://www.blogilates.com/july-2020-workout-calendar/ Пробај со овој ако ти одговара. Како што можеш да видиш и сама, се вежба секој ден од неделата со тоа што секој ден е таргетиран различен дел од телото и еден ден е ден за одмор, но наместо класичен одмор, се прават вежби за истегнување. Е сега спомна дека не ти одговара секојдневно вежбање, така што можеби поради тоа не би ти се допаднал ни овој. Патем, не е дека сите програми на Клои се само за еден дел од телото. Повеќе би рекла дека деновите кога вежбаш истовремено таргетираат различни делови од телото, така што тие што и се погенерални програми како 4 Weeks Summer Shred Challenge, се всушност повеќе како вежби за цело тело во едно видео. Секако овде не мислам на оние програми што се за задник, раце, стомачни и слично. Убаво ти пишала членката погоре - можеби најдобро е сама да си направиш програма со користење на различни видеа. Порано вежбав на тој начин со користење на апликцација - 30 Days Fitness Challenge со што што ги комбинирав вежбите на тој начин што еден ден вежбав стомачни и раце, друг ден задник и нозе, и трет ден цело тело. Обично вежбав околу 5-6 пати во неделата, зависи од време и расположение реално.
Водно ни е преубаво место јас веќе 2 недели активно одам и осеќам голема промена во се. Од доле до средно 1недела Од доле до крст 1недела 1 недела само кардио и во круг..
Што сакаш можеш да вежбаш, тоа нема да ти влијае на посебно слабеење на нозете, затоа што конкретно еден посакуван дел не можеш да ослабеш.Регулирај ја исхраната и ќе почнеш да слабееш.
Да не бил некој во Џамбо деновиве, дали донеле кетлбели? Таман решив да земам, последните двапати никакви тегови немаше.
Здраво, од понеделник планирам да почнам во теретана. До сега вежбав од дома, плус трчање, ослабнав доста, но исто така и мускулатура изгубив а имам сѐ уште салце на стомакот итн. Целта ми е да оформам тело, мускилите, да сд затегнам. Бидејќи немам до сега вежбано во теретана, прв пат ќе ми е, какви вежби да правам, со што да почнам, околку исхраната, суплементи? Искрено, кај нас фитнес тренерите па и не се нешто агилни, не се посветуваат многу, па ме интересира ваш совет
Здраво Ми треба совет од вас сакам вежби можеби кардио или било какви за цело тело ,за оформување на тело ...инаку ги правев порано вежбите на џулијан имаа мн ефект но сега се тргнати од јутјуб, ми ја препорачаја клои , но не ми се допаѓа тоа што еден клип е сконцентриран само на еден дел од телото и итн. Значи можете слободно да ми препорачате линкови од јутјуб нешто хард
Знаеш јас функционирам поинаку , пуштам на ТВ јутјуб и така вежбам , тоа ми е како да имам и друштво со мене и повеќе ме мотивира
А каде се таквите видеа како од Џулијан Мајклс ? Долги а прецизни Искрена да бидам нз зошто по клои сте загреани , копи пејст и се вежбите и неорганизирани видеа
@Justicija Па ако сакаш долги напиши 30, 45, 60minutes workout и ќе ти излезат колку сакаш. Имаше двајца маж и жена што вежбаа заедно, hasfit им е каналот, тие имаат такви видеа, fitness blender исто така.
Таа нема такви. Извини шо ти одговорив на форум кај шо сама праша и шо се потрудив да ти помогнам. Земи трчај 60 мин и ете ти кардио...
За овие ми кажуваш? Не знам зошто се навреди ,освен ако ти лично си Клои Инаку секојдневно пешачам по 10 км , и нема никаков резултат .