^ Еве јас вежбам дома, имам тегови, ластици и топка. И еве последниве неколку месеци кога посериозно фатив имам одлични резултати. Вежбам и од апликации и од онлајн видеа. И тука не знам колку пати сум прашувала луѓе за некоја вежба или за реквизити каде да најдам или да препорачаат програма. Така да можеше да ја пишеш коха веќе толку изнапиша.
Обиди се да ги најдеш вежбите од Cindy Crawford. Ги има на Youtube и се точно наменети за цело тело. Пример, прво работиш на нозе и задник, потоа гради, грб и на крај стомачни. Или друга комбинација на вежби, каде акцентот повеќе се става на горниот дел од телото. Еден тренинг во просек трае околу 40 мин, а потребни ќе ти бидат само две еднорачни тегчиња од 1,5 - 2 кг. Вежбите изгледаат премногу наивно, но навистина даваат ефекти со редовно вежбање. Edit: Конкретно на ова видео мислев:
Затоа јас дома вежбам исто баш овие, теретана не ни поседувам дека немам многу потреба од тоа. Ама овие вежби и те како добро го прават телото. околу 50 мин ми требаат. Се затегнуваш баш. Убаво што и го постираше ова...
Споредбено со резултати од теретана, овие вежби ми даваат многу поженствен изглед на телото. Сега од неможност за вежбање во теретана се вратив на нив еден период и сфатив колку се всушност подобри.
Јас вчера почнав да го вежбам ова : https://www.shape.com/fitness/workouts/30-day-butt-challenge-seriously-sculpts-your-booty#slide-3 Прочитав коментари од многу задоволни девојки, програмата не е тешка затоа си реков да и дадам шанса и ви ја препорачувам . А за вежбањето, јас повеќе сакам да вежбам дома, користам и тегчиња за некои вежби и повеќе сум задоволна одколку кога одев во теретана.
Ајде да кажам , имам проблем со самодовербата Сакам да вежбам но само на збор сакам , никако да отидам и да вежбам . Се здебелив 13 кг за година ипол Мислам дека со секое залче што го ставам во уста јас растам како квасец , сериозно . Успеав да ослабам од 93 до 71 кг , но еве пак се здебелив , и никако да ослабам. Совет ми треба , како да се мотивирам , да се решам да ослабам , свесна сум за самата себе дека ми сметаат тие плус килограми но пак си тапкам во место .
Сликата што ја стави во темата за резултати залепи ја на фрижидер. На секое посегнување да го отвориш фрижидерот, нека ти биде мотив да не го отвориш. Не купувај junk food. Направи си режим на исхрана што најмногу ти одговара, ама да не се изгладнуваш. Форсирај протеини, зеленчук, јаглехидрати во помала количина и што порано во денот, за да се истрошат. Многу вода. И што е најбитно, да почнеш да вежбаш. Дома е тешко да се мотивираш со оглед на тоа дека теретаните не работат, и мене ми беше тешко да почнам да вежбам, мачно ми беше, дека имав изгубено кондиција, ама со тек на време станува полесно.
Јас би ти кажала прво да си ја смениш исхраната. Замени бел леб со интегрален, секој ручек со салата да биде, не купувај грицки, благо, сокови за дома. Место тоа купи лешник, бадем, леблебија, овошје и зеленчук секој пат да имаш. Оброците печени или варени, избегнувај да пржиш. Намали и алкохол ако пиеш често, а додади вода. Земи си шише со тебе и пиј си цел ден. Пешачи повеќе. До продавница, по скали, не со кола, не со лифт. Ќе осетиш голема разлика во енергијата. И тогаш нема да ти биде тешко вежбањето.
Како да ослабнеш? Пробај да ја облечеш таа гардероба за која си добивала највеќе комплименти. Ем ќе се разочараш, ем ќе добиеш шамар кој ќе те врати во реалноста, ем ќе добиеш мотивација дека нешто мора да промениш. Гардероба е најдобра мотивација.
И јас се мачам со ова. Гледај видеа на YouTube од резултати пред/потоа, видеа со рецепти за здрава храна... Знам дека е тешко, но само пробај. На YouTube има буквално секакви видеа, дури и вежби од 5 минути! Пробај по малку, прво 5 па 10 па 15. И не го должи многу. Ќе ти стане многу полесно. Со среќа.
Дечки, не знам дали ја погодив темата но најсоодветна е. Сакам да купам Smart watch за подарок. Битно ми е да послужи за пратење физичка активност, срцебиење, спиење и слични работи. Колку повеќе опции има, толку подобро. Буџетот ми е докај 200еур. Не сум разгледувала до сега, не сум многу упатена, па ако може малку помош. Благодарам Заборавив да додадам, битно е да се поврзува со Iphone
Дали некој ги има поминато вежбите на MransMrsMuscle и дали има резултати, гледам имаат добри програми бесплатни.
Што не пробав пак истиот проблем ми се јавува, било дали вежбам на кревет, на земја или на подлога. При вежби за кои е потребно лежење на грб јас имам страшна болка во долниот дел од грбот, малку над задникот. Ги ставам и рацете под тој дел за да не сум директно на тврда површина ама, пак чувствувам болка. Ако не веднаш, следниот ден обавезно. Дали скроз да прекинам со вакви вежби или нормално е?
Најверојатно не ги правиш правилно вежбите и затоа те боли.Претпоставувам кога правиш некој вид на стомачни вежби ти е болката?
Да, поконкретно кога правам, leg raise, reverse crunch, reverse crunch leg extension.. При обични crunches мислам немам проблем но, од овие горе да.
@Hellobeautiful при такви вежби најважно е половината да ти е "залепена" на подлогата. Тешко е на почеток да успееш, но ќе се навикнеш. На тој начин ќе ги активираш стомачните и нема да ризикуваш некоја повреда. И да, рацете никако под грбот
Да полошо правиш. И јас бев таква, буквално цела половина ја кривев додека правев leg raises, и после имав болки. Затоа правев по две три повторувања, ама правилни, додека се навикнав. Биди упорна и немаш гајле Исто најдобро е да вежбаш на подлога, душекот не ти дозволува правилно да ги правиш вежбите. Би ти препорачала видеата од Chloe да ги погледнеш за како правилно да правиме вежби за стомачни