@AAKG јас не спомнав дека сакам и дека вежбам за стомачни туку за намалување на стомак, кои вежби се добри за активирање на стомакот, за поттикнување на слабеење. Знам дека слабее цело тело со вежби, не можеме ние да избереме кој дел од телото колку да ни ослабе. Инаку вежбав пред некој месец ама поради некои причини морав да прекинам, во меѓувреме ми стаса resistance band, па сакам со него да почнам да вежбам.
Поради здравствени проблеми немам вежбано 4 месеци, од кои 2 воопшто немав излезено од дома. Мускулатурата ми е атрофирана, може не буквално, но за разлика од порано многу лошо ми изгледа телото иако килажата ми е иста. Ми треба совет како да почнам да се враќам во форма, вежби, активности, било што... Важно ми е само да не се форсирам премногу, не се чувствувам се уште ни психички ни физички спремна за тоа). Фала
Зависи што преферираш да вежбаш, еве на пример зошто сме дома јас би почнала со некое пешачење или пак трчање ако се чуствуваш спремна, или пак можеби возење точак. Јас кога паузирам обични почнувам со скокање јаже и некои почетнички вежби за цело тело на јутуб така терам 3пати во неделата две недели е после тоа си комбинирам еден ден нозе, еден стомак, еден раце кардио вметнувам. Битно е да не исфорсираш една мусулна група одма туку полека да почнеш да го враќаш телото во форма и да се свесне самото што му се случува. На пример земаш да трчаш и чуствуваш дека не можеш повеќе од 500м да истрчаш а си планирала 3км престани и останатиот дел изоди го. Зошто ако се форсираш многу лошо ке си направиш на себе си. Се надевам напишав разбирливо и ме свати, и на некој начин ти помогнав.
Да, фала ти Бев неколку дена на одмор и се секој ден пешачевме по 2.3 км до плажа и назад. Првите денови буквално се осеќав дека срцето ќе ми излезе. Порано многу пливав, сега едвај. По 5 замавнувања веќе немав сила. Се загрижив искрено, затоа што во супер форма бев и многу активна, а за 4 месеци во толку лоша состојба се доведов. Добра идеја да почнам со пешачење, возење точак и вежби за цело тело. Можеби првата недела- две да воведам само истегнување и јога, а тек потоа и нешто потешко.
Дали deadlift вежбата и сличните на неа каде се наведнува право грбот со малку свиткани колена ги таргетираат глутеусите? Зашто така ги пишува, ама јас во глутеуси напнатост или болка не осеќам воопшто, само во задниот дел на бутовите. Дали е до мене или?
Имаш романски дедлифт каде става акцент на задната ложа и дедлифт за цело тело. Види побарај јутуб клипови че ти стани појасно.
За да си ја вратиш мускулната маса мора да му дадеш стрес ма мускулите и да ги опоравиш. upper lower за почеток ти е одличен сплит.
Има во http://gtcskopje.com.mk/lokali/master-sport/. Јас од таму си ги купив. И гледам дека сега повторно ги има во Runners, иако едно време беа распродадени. Ова се сетови, каде имаш различни типови на отпор. Околу 1500 денари се, можеби да одат до 1200/300.
За тие што си вежбаат дома рекреативно, најдов случајно друга добра апликација FitOn се вика. Има гооолем избор на вежби, можеш да бираш со кој интензитет, кој дел, дали сакаш само истегање или пилатес или позаморувачки. Всушност самото ти креира програмче за колку дена сакаш неделно, ама може тие вежби да се избришат, да се додадат други по желба. Вежбите се видеа со тренери кои покажуваат. Единствено терсене малце е што од телефон потешко следиш детали во движењата ама врши работа. Може и на јутуб ги има, не сум проверила. Барем знам кој ден што да вежбам место да бидам ко изгубена.
Од утре ја почнувам програмата Fat belly 14 days од MrandMrsMuscle. Имаат добри програми, се надевам ќе има резултати.
Не е само до програмите и да се надеваш тие чудо ќе сторат. Треба и својот мајндсет да го насочиш кон нештото (со позитивни мисли) дека ќе го сториш. Вака твоево многу несигурно ми делува, и делува ко да очекуваш и да извежбаат за тебе. (ова малце да те измотивирам, ништо лично против и негативно )
Сакам да почнам да вежбам во теретана,ноо врска немам какви вежби да вежбам. До сега чат пат вежбав дома,повеќе нозе и задник,дали има некоја програма за почетници да гледам од негде ??