Во теретаната каде што ќе одиш мора да има (колку толку) стручно лице и може да те упати што и како да вежбаш. Барем за почетници и да речам некои што допрва влегуваат во овие води е полесно. Не се срами да прашаш!
Па искрено и ми е малку срам,гледав на јутуб вежби за почетници во теретана ама не најдов нешто по што би се водела,сакам да гледам по некоја програма и да вежбам инаку знам дека ништо нема да напраам,целта не ми е слабеење зашто не сакам ни кило да ослабам туку зајакнување.
Нема потреба да се срамиш, слободно побарај помош од стручните лица што се во теретаната, затоа се и тие таму. Спушти некоја апликација и води се според неа за почетници. Има апликации каде што можеш да внесеш податоци колку денови во неделата сакаш да вежбаш и на кој дел највеќе сакаш да се посветиш. Најдобро за почеток ти е вежби за цело тело барем две недели, потоа можеш еден ден раце и гради, друг ден стомак и грб, трет ден нозе и задник...
Ке побарам некоја апликација,ама како што гледав скоро сите се за дома вежби,инаку сега на почеток ми е дали ке се навикнам ама со тек на време ке створам некоја рутина,тоа ме плаши сега како ке почнам. Или многу му ја мислам
Na youtube gledajgo split treningot upper lower. Za start toj split e najdobar. Full body izbegnuvaj.
Да. Денес вежбаш гради рамо трицепс бицепс и грб а следен ден нозе. Еве едно видео од доста позната фитнес тренерка.
Кога правиш на пример нозе или рамена, прво се загреваш со лесна тежина со некој 20 повторувања и таја сериа се рачуна загревачка сериа. Втора сериа се смета за работна сериа и во втората сериа имаш поголема тежина и правиш 15 повторувања.
Не знам дали следиш некого на инстаграм, имаш мал милион пдф планови за вежбање за почетници во теретана. Дури и оние што се наплаќаат можеш да ги симнеш бесплатно. Прогуглај ќе најдеш план. Многу полесно е кога знаеш што треба да правиш тој ден отколку секој ден да чекаш вп теретана некој да ти каже кои вежби да ги работиш (освен ако не планираш да платиш личен тренер).
Гледам на инстаграм ама пд толку вежби стварно да не знаеш која попрво да ја пробаш,и незнам по колку на ден се вежбаат,најдобро е да се почне со личен тренер ,ама скапо ми е уште за тоа пари,ама вака незнам ни дали добро ги правам вежбите,не сум начекала пдф планови,жити се дај прати нешто
барај вежби под назив compound exercises, а тука вклучува бенч, чучњеви и мртво кревање претежно. Обично комбинирај ги compound вежби со по 1-2 изолациони вежби. Пример правиш бенч и потоа правиш вежби изолациони за бицепс и трицепс. Уклучи јутуб и побарај како правилно се прават сите вежби една по една.
Ај да те прашам и ова,дали е подобро кога правиш една вежба треба на пр. Уште 2 пати да ја повториш,треба прво да ги поминеш еднаш повеќе вежби па да ги повториш,или една вежба и ја правиш 3 пати едно по друго со пауза? Ама објаснив Шпанско село е ова за мене,се надевам ќе се навикнам пред да се откажам
Моја препорака пример, една вежба да се состои од 3 серии и повторувања од 10-14. Пошто си почетник фокусирај се на compound вежбите, побарај на интернет видеа.
Погрешно ме разбра, не мислам да следиш видеа од инстаграм. Туку одреден фитнес тренер кој има свој план за вежбање, програж кој се продава, ти да си го најдеш и да си го симнеш. Tammy Hembrow, Crissy Cela, Kayla Itsines Madaline Giogreta и на нив сличните. Поентата ми беше да си најдеш таков план и бесплатно да го симнеш за да не плаќаш личен тренер. Јас не вежбам во теретана па затоа и немам таков план ама знам дека ги имаше само треба малку повеќе да се потрудиш да ги прогуглаш.