Ок те разбрав,само незнаев кај ги наоѓате бесплатните планови,ги следам ама колку што знам им се наплаќаат програмите ,и за бесплатна една недела,мораш да пишеш податоци од картичка.. Фала ви,ке видам што ке напраам па и на крај краева и тренер за почеток не е лошо,колку толку ке ме насочи кои вежби да ги правам.
Ти пишав и предходно. Upper lower split trening ти е најдобар женски сплит како за почетник така и за напреден вежбач. На инстаграм 90% се на шема и сите лажат дека се натурал и затоа не ги следи нивните сплит тренинзи пошто таков волуменски тренинг не е за почетник. Барај на јутуб од српски јутубери сплит upper lower и ќе научиш за брзо.
Да така и почнав,еден ден долен дел еден ден горен дел,ама подобро ли е кога вежбаш full uper body,и грб и гради,рамена,бицепс,трицепс во еден ден? И дали е добро 3 пати неделно,преку еден ден?
Ако одиш дирекно на сајтот мн нормално дека ќе ти бара бр од картичка затоа што тие програми се наплаќаат, така и они како фитнес инструктори заработуваат. Финтата е тој програм да го гуглаш и да го најдеш бесплатно, а не од нивниот сајт да го превземаш. Јас програм на Tammy Hembrow од 60 долари го најдов за бесплатно. Програмите на Madaline Giogreta на Kayla Itsines, сите се наплаќаат али ги гуглав и ги пронајдов за бесплатно. Мислам дека Кајла има и програм за почетници во теретана, ете гуглај го тој,сигурна сум дека го има за бесплатно да се симне. Затоа ти реков да изгуглаш.
Епа така кажи,ја на инста барам,го најдов на тами booty guide,ке побарам и други,фала ти многу. Само може вежбиве за задник да се прават на 3 дена,пошто јас еден ден вежбам горен дел др ден одмор па трет ден долен дел,значи идам секој 2 ден во теретана?
Почнете со малку 2 недели по 5 минути вежбајте или трчајте после по повеќе постепено така се одржува дисциплината на тренирањето.
Јас правев горен дел првиот ден, а долен дел вториот ден, па одмор после тоа. Но, може и како ти што правиш, повеќе време за одмор ќе имаат мускулите
Upper lower дур да ги научиш вежбите и да влезиш во шема па после ќе си почниш со bro split или push, pull, legs. Во upper вежбаш се од горен дел од телото. Денес горен дел а утре долен дел. Нареден ден пауза па по нареден ден пак горен дел..
Искуства со л карнитин за слабеење? Јас пијам по една капсула пола час пред вежбање и многу се потам и имам енергија
Сакам да купам ластици за вежбање, па прашањето ми е од каде да знам со колкав отпор да земам? Не сум почетник со вежбањево, но првпат ќе користам ластици.
Јас имам од Медикус мислам беше, ама не го препорачувам. Дебела е гумата, а не е широк па на некои вежби ме штипе за нозете. Мене ми се допаѓаат тие како платнени и широки што се, само кај нас мислам дека нема такви. Еве вакви ако некој знае кај има да каже
Јас земав од ранерс пред месец дена и е добар имаше со различен отпор, ја земав медиум 400 ден беше. Сеа пред некој ден видов во џамбо 3 за 250 во пакување light, medium i hard, ги земав за проба не се лоши ама се многу тесни некако на бутови тешко идат а имам 50кг Би ти препорачала ранерс medium i hard
Како за почетник колку време во денот е доволно да вежаш?Дали секој ден,преку еден ден или само 1 ден пауза да правам?Инаку,планирам да почнам да правам вежби за потесна половина и рамен стомак и зацврстување на задник.