Би ти ги препорачала овие девојки https://www.youtube.com/user/ChloesAddiction https://www.youtube.com/user/vickyjustiz https://www.youtube.com/user/PamelaRf1
Мене од вежбање ми се имаат некако подуено мускулите под колено, од што може да е тоа, дали е можно од вежбање да е или од тежина некаква?
Не ја знам. Но знам дека на многу од нашиве фитнес блогерки програмите им се превземени од други. Многу лесно можеш да најдеш програми бесплатни на интерент, не мора да даваш пари.
Женски како да стекнам навика за стомачни,имам желба да вежбам но многу слаби резутати покажувам одвај се дигам за стомачните
Општо навика да си стекнеш за вежбање би ти ја препорачала Pamela Reif. Супер видеа и вежби, и плус има повеќе планови за цела недела со истите видеа, за почетници, за поискусни, различно времетраeње, ќе си најдеш каков што си сакаш. (на инстаграм се плановите, а на Јутуб вежбите.) Јас така стекнав навика, преку плановите. Најтопло ти ја препорачувам, маста ќе ти ја извади.
Па ќе си поставиш цели, кога ќе успееш да завршиш некоја вежба, ќе бидеш помотивирана за наредните.Ако не си вежбала до сега, ќе почнеш по малку, по малку повторувања и 1-2 серии, па понатаму ќе зголемуваш.Пробувај различни видови на вежби за стомачните, за да не ти биде досадно, и секако пушти си ја омилената музика.
Некои совети за вежби за подебели нозе? Веќе природно имам дебели (помускулести) листови но остатокот од нозете ми се многу слаби.
Качив +12 за 6месеци.Што би ми препорачале да почнам да вежбам теретана,пилатес? Се разбира во склоп со исхрана
Здраво 1 година активно вежбам, со правилна исхрана и вежбање ослабнав 30кг за 1година, ги поминав скоро сите challenges на Клои и при крај сум со Get Peachy. Почнав да вежбам со тежини за да почнам да качувам на мускулна маса Е сега сакам да сменам малку, дали да пробам со Памела и да видам дали ќе бидам Next level или да почам со новиов на Клои -Abs Challenge? Имајте Убав ден
Ако си почнала да вежбаш со тежини, продолжи, не се навраќај на овие, еден вид регресија и стагнирање ќе ти биде според мене.
Здраво девојки Пред два дена започнав со диета па се кандисувам и малце да повежбам хаха. Ги следам програмите на Chloe Ting, читав и гладав дека доста луѓе се задоволни. Сакав да ве прашам дали е поубаво да се вежба на сабајле или пак пред легнување?
Јас го вежбам новиот на Клои и има повеќе кардио, можеш одредени вежби и со тежини и ластици да вежбаш, ама ако сакаш мускул подобро со тежини.
Тоа зависи од тебе кога ти одговара. Мене ми е подобро навечер или евентуално попладне, ама некој пат не ми е изводливо навечер ако знам дека ќе имам обврски цел ден, ќе се преморам или нема да стигнам. Многу луѓе вежбаат сабајле на гладно, ја не сум тој тип.
Кога сакаш тогаш. Ако вежбаш сабајле, јади нешто пред вежбање, ама не многу. На гладно не е убаво да се вежба.
Имам проблем со стомакот Не ми треба слабеење само ми треба затегање на стомак и малку да намалам во обем на стомакот После две бремености ми треба за стомакот да го затегнам Единствена опција ми е вежбање дома неможам со две деца да одам на теретана Сакав да прашам дали има некоја справа за дома да си вежбам и плус нешто ако има за топење на масти околу стомак