Навртката личи на пластична, за шипките пишува дека се 0,5 кг па може и да се метални. Од ранерс се иначе, ама најубаво прво да ги видам во живо. Иначе да за дома се, немам сега опција за теретана. Фала на споделеното мислење.
Големите мускулни групи се создадени од брзо трзачки мускулни влакна а малите мускулни групи се создадени од спори трзачки влакна на кој му треба подолг одмор. На неделно ниво на малите мускулни партии бројот на серии значи волуменот изнесува од 6 до 12 серии а за големите мускулни партии волуменот изнесува од 12 до 25 серии на неделно ниво. На мал мускул како рамо или трицепс ако му дадеш 20 серии, запаѓа мускулот во плато, иди до претренираност и напредокот стагнира пошто натуралец нема толкава способност да се опорави од таков тренинг. Тие шо се на инсулин или на пропионат кајнив е друго. 12 серии за рамо е сасвим доволно пошто рамото бара повеќе повторувања од 10 до 16. Позади глава со дворачен тег 3 серии, латирално летање 3 серии, сајли за средно рамо 3 серии и 3 серии предно рамо. Повеќе од ова е само губење на време, претренираност и се исцрпува мускулот. Тогаш затогаш добива пумпање али нема доволно напредок пошто напредокот се гледа после одморот. Многумина понапредни вежбачи ги гледам во теретаниве трупат рамо по 10 вежби и сеуште се врти истио муабет колку повеќе толку подобро а тое само мит. За бицепс иста прича, трупат по 10 вежби а бицепсот расти со 8 серии. Со 8 серии за бицепс и 10 серии трицепс извадив 43цм обем на раце на 78кг телесна тежина. Се прилагодува тренингот до тој степен да можи мускулот да се опорави. Додека сме пак кај рамото, колку и да нејќиме ние пак го оптеретуваме предно рамо со бенџ прес. Бро сплит пробај 5 месеци ќе видиш разлила. Држи 2гр протеин на 1кг телесна маса, хидратите спрема тренингот а мастите 1гр на телесна маса ќе растиш како квасец.
Сеа ми искочи реклама од полео спорт, има и тегови на попуст 2000 се негде. Можеш онлајн да си ги купиш
Би требало секој фитнес клуб да нуди и лични тренинзи и тренерот да се фокусира на тебе и советува било за исхрана, вежби итн.
Зависи каков личен тренер. Има таков што те надгледува и те советува, или само ти дава „програма“ по која треба да одиш. И зависи што сакаш да вежбаш. Ако мислиш во теретана, секако дека има разни варијанти.
Неќам во фитнес центар. Надвор сакам. Дека корона. Сакам некој што ќе ми биде над глава додека вежбам, оти драјвот ми е никаков.
Има и такво нешто, да. Мислам дека има групи кај „Александар Палас“, што ги води инструктор, но, јас колку што разбрав се околу 80 евра месечно.
Уште подобро. Има секакви можности, само треба да имаш првична волја да вежбаш. И ти препорачувам топло, многу помага, и ментално и физички.
Ако си од Прилеп, барај ја Ангела Гелинческа така мислам дека и беше презимето, држи женски групи тренинзи на отворено.
Гледав и јас на полео спорт ама некако прескапи ми се Пошто досега вежбав во теретана со поголеми тежини и сакав да продолжам дома, ама па 10 000 за еден тег премногу е, затоа мислев на некои други страни да видам ако има.
Овие еднорачните шо ги спомнав 2000 денари се 15 кила. Значи два еднорачни тегови 4к ќе се. Ама реално поголема тежина на тегови а и шипки ко за у теретана не се ефтини да ги купуваш на ново. Во таков случај полесно ќе поминеш ако следиш огласи на реклама 5 и пазар 3 па да начекаш некој да продава на старо.
Ич не ми текнало за на реклама 5 или пазар 3. Искрено не ни барам некои посебни, тежина да е, не сум во можност месециве да продолжам во теретана и гледам да се снајдам некако за дома. Фала ти сепак
Ах.. да бев од Ск, јас ќе ти се понудев, маста ќе ти ја извадев (се зезам) Мило ми е што сакаш да почнеш со физичка активност и се надевам ќе ги постигнеш саканите резултати