Od kaj mozi da se poracaat tegovi i onaa trakata neznam kako se vika kako lenta za na noze lastik neam pojma sto e
Затоа што таргетирање на еден мускул е мит, такво нешто не постои.При некоја вежба поактивен ќе биде еден, при друго движење друг, ама секако дека има активирани и придружни мускули за да се изведе движењето, особено ако е покомплексно.Секако ти е вклучен задникот при сите овие вежби, за тоа не мора да се грижиш.Единствено ако те боли половината како што спомна, во тој случај најверојатно нешто правиш погрешно, можеби си лошо наместена или не го активираш и јадрото за баланс(на пример ако не си стегната убаво и " млитаво" ги изведуваш вежбите). И секако, ако долго време ги правиш вежбиве веќе мускулите се навикнати и немаш предизвик, па со тоа и помалку ги "чувствуваш". Затоа вклучувај ластици или тежина.
Па нормално. Зашто луѓето даваат пари за во теретана? Зашо со тежина му правиш предизвик на мускулот па тој работи за следниот пат полесно да се соочи со предизвикот. Не само до минимална тежина, кој и да е да проба со поголема тежина пример 15,20,30,50 кила, задникот ќе има поинаков облик веќе за месец дена да не збориме за подолго...
Тежинскиот тренинг е ефикасен за губење на телесна тежина и оформување на телото со мускули. И фокусирај се на compound exercises како што е чуњеви, но исто така има расчекор, гради, рамо... мртво кревање ти е една од најдобрите вежбите го опфаќа цело тело...
@blueeparadise да се навратам на твоето прашање - полека и внимателно со вежбите за нозе, можеби имаш скратена задна мускулна ложа, па затоа имаш болки кога ги правиш. Не форсирај од старт, полека. И задолжително истегнување, секогаш кога можеш, не мора во склоп на вежбање.
Која е препорачана тежина за вежбање на задник? Почетник не сум во вежбање, ама до пред 2 недели вежбав само со ластик. Раце, рамо и нозе ми се супер оформени ама задник минимална промена. Плус имам уште за слабеење Имам тегови дома на кои можам да додавам. И кои се најефикасни вежби? Значи да бидат опфатени сите 3 мускули
Обидете се со лесни тегови и повисоки претставници (на пример, околу 12 до 16 повторувања) по вежбање.
Штом имаш различни тежини дома, најдобро пробај со различни, и види си која тежина најмногу го осеќаш задникот при 12-16 повторувањата ко што пишува претходниот коментар. Под трите мускули претпоставувам за глутеусите збориш.
Сите оф-топици и навреди се избришани. @tripl6 е баниран од темава на две недели со предупредување дека ако ова се повтори ќе следува перманентен бан од цел форум. @WildMk ако не си го прочитала насловот на темата те молам прочитај го. Ако не ти треба совет за вежбање и не сакаш да вежбаш тогаш нема што да правиш во оваа тема. Благодарам.
Незнам кај да пишам, па ајде овдека. Имам ослабнато некој кг, и веднаш градите ми се намалија, што да праам за да не ми се намалуват?
Скоро 75% од градите се масти. Огромна е веројатноста дека кога ќе се намалат мастите во телото, ќе се намали и волуменот на градите. Кај некои повеќе кај некои помалце. Некои ќе почнат да губат да слабеат најпрво во стоматок па лицето па рацете па нозете па градите, а кај други овој редослед ќе биде поинаков. Се зависи и од генетиката, каде телото најчесто складира масти и од кое место во телото најмногу ги троши. Има неколку ствари што можеби ќе помогнат. Велам можеби. На пример, ако трчаш, намали малку со трчањето, исто така ако вежбаш намали со кардио вежбите. Пробај малку повеќе да внесеш вежби за гради. Тие ќе го зацврстат мускулот и визуелно ќе ги подигнат градите. Храната може да помогне исто така, особено храна која го дига естрогенот во телото како што се мешункасти растенија грав, боранија, сусам, леблебија/наут/хумус, тиква, семки од тиква, лук... И исто така, избегнувај наеднаш или многу брзо да намалиш тежина, подобро постепено... Инаку, не може да се контролира телото да губи масти од одредено место само, кога се слабее ги троши од секаде...
Шо има од толкави бутови стомак, градите да ми слабеат? Ќе се рокнам, нишо свиња ќе си останам за секад неможам да се замислам без гради ја. На самодоверба ми влијаат на некој начин. Едит: А може пример да вежбам само стомак, нозе дрн мрн. А градите да ми останат исти? Може имаш објаснето погоре ама глупа сум.
Не би се откажал така лесно, сепак намалувањето на градите веројатно ќе ги приметиш само ти, и секако во еден момент ќе стагнираат и телото повеќе нема да ги гори тие масти, туку ќе губи повеќе волумен на другите места, задник, стомак, нозе. Секако нема да ти исчезнат градите... Немај гајле хаха, да можеш да вежбаш нозе, задник, стомак, грб, па и гради како што реков. На тој начин ќе ги зацврстуваш тие делови на телото... Значи стомачни, чучњави, грбни, женски склекови и еден куп други вежби... Значи само намали кардио тренинзи кај што целта е да стекнеш некаква кондиција.
Јас никогаш не ги засакав женските склекови, секогаш ги правам стандардните склекови. Ако немаш тегчиња мојш со дебели книги или шишенца со вода. Мојш да комбинираш плус и вежби за зајакнување на горниот дел од телото, раце, рамена, грб.