Ќе ме оправат овие вежби за склекови да правам? Сега само женски правам и тоа не е којзнае колку. Или предлог некои други вежби ?
Се актуализира вежбањево се отворија теретаните и гледам се зголемува посетеноста и то многу. Особено понови или по нередовни вежбачи се спремаат за summer body. Исто така гледам многу популарно станува и меѓу девојките чучњави со тегови и мртви дигање или Romanian deadlift. Девојки, еден мал совет. Коа правите deadlift или romanian, секогаш фаќајте ја шипката со надворешен фат. Никако од внатрешна страна. Од внатрешна страна треба многу добра техника, во спротивно сите го вклучуваат бицепсот а дигаат по 40-50 кила. Многу девојки воопшто не вежбаат бицепс, па затоа ви е слаба страна и со вакви мртви подигања премногу го форсирате. Во најлош случај, а се случува често поради неправилна форма, може да го скинете бицепсот. Значи рацете како на сликава да ви се треба Кај мене у теретана многу девојки фаќаат обратно, пазете
Јас па се прашувам како е воопшто удобно на раката со внатрешен фат за дедлифт Ја дома вежбм и инстиктивно ми доаѓа надворешно да фатам. Туку коа сум тука дај савет - како до pull up? Не можам ни еден и не знам од кај да почнам. Иако зајакнав горен дел последниве година дена, пак само можам да висам коа ќе се фатам за шипката
Незнам валда некои гледаат на Јутуб или крадат од искусни во теретана па имитираат внатрешен фат. До пул ап.. во домашни условиии, рипни, или качи се во горна положба со рамо/гради над шипка и полека со кочење спуштај се надолу. Или некој да ти ги држи нозете и да ти помага. Или да врзеш ластици на вратило и нозе. Наједноставно ти е првата варијанта. Прави по неколку пати на ден по две три спуштања, за една недела ќе можеш да се дигнеш
Што подразбираш под чист? Инаку не гледам причина зашто некој што не вежба би суплеметирал со л глутамин
За регенерирањр на желудник и за отоци го давале некој доктори .се зачудив и јас. Под чист подразбирам да не го мешаат со друг суплемент.која фирма ја препорачувате
Најчесто никои не се мешани со нешто друго. Ќе речеш дека сакаш л глутамин само и тоа ќе ти дадат. Фирми шо знам, big man или Olymp мене ми се омилени... Инаку можеш и во аптека да побараш л глутамин, во некоја поголема аптека ќе имаат сигурно. Не дека не е корисен за луѓе што не вежбаат. Ама секако во потребните дози секој човек го има во крвта и може да се каже дека го има у буквално секоја храна...
Корсет ќе ти помогне само визуелно ако носиш тесен фустан па под него да се стесниш.Т.е овие можеби се познаваат така ама во секој случај за слабеење не, само реклама е.
Вежбање 5% Исхрана 95% Хемии: Се што јадеме е хемија, зарем не е доволно? Разумен човек не користи хемиски препарати за личен изглед.Професионалните боди билдери на своите 40 год прават трансплатација на срце заради неговата истрошеност. Совет: Не си го трпшете времето во 5те %, за тоа време можете нешто корисно да направете. Попаметно е да ги измиете садовите или изнесете ѓубрето од домот, одколку 5те да ги покачете на 6%(освен ако не се занимавате професионално). Обратете внимание на исхраната моја препорака е практика на Аутофагија,прочитајте повеќе за неа, може и вие ќе изгледате младо, секси, енергично, како мене.
Со исхрана може да се постигне слабеење, но не и мускулна маса. Вежбањето и физичката активност се важни за здравјето скоро колку и исхраната.
одлично кажано, апсолутно се согласувам, нема потреба од претерано вежбање, пешачење 10 мин на ден е сосема доволно ако се запази исхраната. Јас претпочитам само добро загревање пред оваа активност да не дојде до воспаление на мускулите или повреда. а од исхрана омилени ми се авокадо, чиа и брокула.
Можи и да се слабее и да се покачи мускулната маса. Фактички топиш телесни масти а зголемуваш мускул. За тој процес 2.5гр протеин на кг телесна маса. Ептен треба пазење на исхрана, фаза празнење, полнење, дилоуд и ред други фази....
Темата е сакам да вежбам, ми требаат совети. Тие што пишувате дека не треба да се вежба, сте ја утнале темата. Отворете си друга и ќе дискутираме таму