Здраво на сите. Сакам да почнам да вежбам. Барам не многу интензивни вежби, со загревање бесплатни и со програма .Имате ли предлог програма и вежби по можност од Youtube за почетник ?
Освен оваа програма од Памела, јас искрено немам сретнато друга на Јутуб која е комплетна за почетници. https://youtube.com/playlist?list=PLEkRYDcpWohxNOnHpbAL6UOU1tfoOwUjv Можеш да комбинираш од оваа плејлиста на Памела. Има видеа за загревање пред вежбање, вежби за секоја мускулна група и истегнување после вежбање.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.openreply.pam Еве ја аплилацијата на Памела. Бесплатна е и има повеќе програми
Каде можам да најдам тегчиња за вежбање во домашни услови? Прочитав тука некаде дека ги има во Vero Jumbo, јас бев меѓутоа не ги забележав. И која цена се?
Во Џамбо одамна не носат тегови, не знам зашто. Последните неколку пати што сум била, не сум видела. 2кг се 350 мислам, а 3 кг се 500, 1 кг се 200 едно. Ама ко шо реков, не носат одамна. Во ранерс се поскапи, во бидифит нешто поевтини па од ранерс. Така да, разгледај таму.
Сакам да научам да правам склекови, никогаш не сум можела, женските склекови исто така ужас. Има ли некој систем на подобрување?
Прво почни со правење "склек" на ѕид, значи многу мал агол, потоа пониско на стол или слично, па женски склекови, и на крај обичен склек. Еве едно видео за пример Склекови е вежба во која првенствено се вклучува пекторалисот односно градите. Одлична вежба е за стабилизација на јадрените мускули односно стомачните, слично како планк. Исто така делтоидите на грбот, бицепс трицепс. Така лесно да се добиваа широки рамења од склекови сите мажи ќе ги имаа. Нема машки и женски вежби. Неаме различни тела. Сите вежби се скроени за анатомијата на човечкото тело. Разликата во изгледот ја прават хормоните. Комотно можеш да идеш во теретана и да вежбаш грб и рамо со големи тежини, а никогаш да не заличиш на машко или да добиеш широк грб или раменици. Луѓе по 10 години вежбаат за да заличат мускулесто и да им се рашири грбот. Да се ширевме така лесно сите машки ќе бевме Шварценегери
@Peanut Butter oсвен советиве на @Ajronmen, друго што може да ти помогне е да ставиш онаков краток ластик (aко имаш) на надлактиците и ќе ти помогне да се креваш кога ќе се спуштиш доле при склекот зашто ќе биде оптегнат на градите.
Дали ви се има случено, да правите се а да имате stubborn fat? значи има две години како сум породена кладов 20 кг , 10 сама ги скинав и уште 10 сум јојо веќе година и пол.од стално сум фит од теретана не бев излезена, сега вежбам дома море предизвик ваков таков онаков , нутриционист , суплементи, трака дома имам за трчање, се пробав, и веќе ми е преку глава од фрустрации неможам и не да ги скинам тие 10 плус. искуства и помош????
Ќе го кажам она најдосадното... пратиш калории? Сепак најбитно е да бидеш во дефицит за да слабееш. Можеби се исхрануваш квалитетно, ама можеби повеќе внесуваш од што трошиш. Внеси повеќе кардио, сега лето е, вози точак секој ден, на викенд до Средно качувај се, спортувај нешто ако имаш игралиште у маало.
Смениа целосно исхрснста, вметни тежински тренинг, земи суплементи од поквалитетните како fat burn или Л карнитин. Телото ти е влезено во стагнациа и бара шокирање за да почни да реагира на диети.
Сеа имаш stubborn fat и воопшто не можеш да одиш надолу, или имаш јојо ефект и ги спушташ па повторно ги качуваш?
вака се движев- од овие 10 лани летото почнав да кинам пак правев ХИИТ предизвик и стигнав до -6, некаде ноември,прекинав ХИИТ вежбав нормално после со кардио дома со се, се вратив назад до почеток на јануари и од тогаш пак пробав со ХИИТ, суплементи дури и нутриционист кога видов дека се ова не помага, и од неговата исхрана се плашам дека е за џабе се осекам дополнително мачно . и сега сум уште на 10 + а сум преморена и исфрустрирана. да одам во теретана неможам пак заради тоа што работам 10 саати,ме чека малото после работа и вежбам на сабајле од 5- 6 часот .се нервирам не сум мрза и дисциплинрана сум ама веќе незнам кај да се обратам